1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сте (не)задоволни од нашето здравство?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 20 септември 2016.

?

Какво здравство имаме во Македонија според ваше искуство?

  1. Одлично, сѐ е како што треба

    1 глас(а)
    0,4%
  2. Задоволително, но може и подобро

    33 глас(а)
    13,3%
  3. Катастрофа, не ми се стапнува в болница

    215 глас(а)
    86,3%
  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Ај уште една тема, да има што да коментирате. xD
    Ќе пишев колку сте задоволни ама знаејќи дека има повеќе незадоволни, го ставив тоа (не).
    Ваква тема не најдов, ако имало извинете.
    Кој е вашиот став за нашево здравство, за мерките што министерот ги спроведе, за новитетите во вакцинирањето, за сините картони, за Мој Термин, за опременоста и условите во болниците, за критериумите и начинот на кој се вработуваат докторите (нестручни доктори со врски кои не ги интересира нечиј живот туку платата и заради кои сега многумина се во гроб). Во светов има доктори кои се за секоја почит и се жртвуваат себеси и своето време само за да спасат некој (ама сега не можам да ги најдам видеата да видите што значи да се биде вистински доктор, ако ги најдам подоцна ќе ги постирам) а кај нас докторчињава дури нема да те погледнат ако не им пикнеш евра во џеб. Ама ајде, да видам ваши коментари па после ќе се доизјаснам до крај, да не биде воведов премногу долг.
     
    На cresa-jagoda, LollySky, Јаневски и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Голема катастрофа!
     
    На cresa-jagoda и Gosh им се допаѓа ова.
  3. QueenP

    QueenP Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2016
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    5.229
    Пол:
    Женски
    Ужас,еден тон образовани но невоспитани доктори,едниот те прака кај друг другиот те врака пак кај истиот,апарати стари еден век и лебарки што излегуваат од сите страни на болничките соби,зборам за болниците во Струмица.Кој видел знае.
     
    На meckicka, iloveyou29, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Па да видиме, да тргнеме од тоа што секој месец има скандал некој, како некоја докторка не пружа помош на човек со мозочен удар , како со средно школо се водат како вработени , па после ако видите кај инамногуфина профилот на секој месец има слика од болниците како кучиња се шетаат , па како нема доволно апарати или се грејат со греалки, доктори се жалат како немаат опрема за операции, креветите крш, повеќе изгледа дека ветеринарските болници се поудобни и поспремни него државните болници,
    Па потоа да збориме како тоа ако се разболиш со тешка болест, ти закажуваат снимање за 2 месеца, ако преживееш до тогаш супер, ако не тогаш јбг
    Па да збориме како секој месец читаш како некој бил пијан доктор, како некое бебе или мајка починала при породување, во 18ти век подобро се породувале со помали ризици на смрт...
    Па може да збориме дека до толку сите се плашат од државните болници што им е страв да се разболат, подобро дома да се лекуваш со чајче него да идеш ваму, неискусни партиски вработени доктори кој некој само се таму за плата да зимаат, да ти е страв да те лечат, не за џабе викаат здрав ќе отидеш мртов ќе се вратиш....
    Па и тоа дека сите политичари се лекуваат во приватни болници , бидејќи и самите се свесни дека државното нечини.
    Па и на крај немајќи доволно средства за да се платат лекувања на деца, тинтрање и минтрање кое доведува до умирање на децата (Читај Тамара и остала багра деца)

    Така да тоа , али сега пред избори
    НАНО ТЕХНОЛОГИЈА ќе ни вети Грујо дека ќе донесе,, ЕХЕЕЕЕЕ
     
    На eloves, cresa-jagoda, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    И гледам сте почнале вака теми да отварате пред избори ....

    Дај една тема за инвеститори да отворите, малце за Субрата Рој да збориме , или пак за образование , да постирам сликички од учебниците што децана учат, какви се глупости се пишувани.....
     
    На christinnn, Nausicaa, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  6. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Машки
    Лично искуство од вчера. Закажан термин во 11:10, влегување кај докторката во 12:45. Болница 8ми септември. Толку.
     
    На Nausicaa, cresa-jagoda, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    ИЧ!!!

    Aма не се само докторите криви, како да си ја вршат работата коа еден е*ан апарат не функционира. Ме праќа лекар да прверам хормони, дел од нив се проверуваат на точно одредена ден, апаратот не функционира. Дојди ми велат за 1 недела. Шо коа ке отидам тогаш?

    Мамограф се донесе во болницата во мојот град, нема стручно лице кое би ги прочитало резултатите. Битно министерот со се партиската војска од градот се слика, даде изјава се испофали ко од свој џеб да го платил.

    За тоа што инвентарот во болницата е од времето на деда Ное да не ни зборам. Битно има нова спортска сала, сеа што нема деца да играат во неа шо е битно. Ке пораснат овие од кампањата за 3то дете па ќе има.
     
    На Nausicaa, cresa-jagoda, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Имам премногу лични примери, меѓу кои мојот е еден од пострашните, ама нема да разглабувам...

    И така апаратурата ни ја донираат странци, болници градиме со фондови од Европа која толку ја плукаме, а све се плаќа или се купува лично.
    Очигледно парите што ни ги двојат од придонесите не се користат во здраството, па барем да не ги даваме, да си ги тргаме лично па да имаме од кај да платиме кога ќе се разболеме.

    И не знам каков народ сме - умираат деца и сиромави оти не им се одобруваат средства од фонд - ќутиме.
    И го сошиле анусот со вагината, идела по голема нужда од неа - до ден денес не се знае ни името на дебилот.
    Умираат родилки и бебиња од инфекции во 21 век - нормално било.
    Пијани анестезии ставаат - само со суспензија поминуваат.

    И после зашто ги млателе докторите...
    За да им стане јасно дека се доктори, и се платени од наша уста да не лечат, а не Господ па да им се клањаме и молиме работата да си ја завршат, па уште и да ги частиме ако успешно ја завршат работата, или ,, аванс ,, да им дадеме.
    По таа логика, треба да очекуваат и да бидат претепани, па и полошо ако заебат работа, и парите со камата да ги вратат.

    И без она - слабо се платени. И јас сум слабо платена, па си ја вршам работата, а дури не е ни до толку одговорна.

    Сватете како што пишувам - некој да си игра со животот на моето дете, или пак да ми умре од неписмен со врски примен, има Скопје да гори.
    Ќе ги лежам доживотно, око нема да ми трепне.
     
    Последна измена: 22 септември 2016
    На fina erika, okcenzi, An-na и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    На скала од 0 до 9, 0 најлошо 9 најдобро, македонското здравство е некаде, пааа...
    (вадам дигитрон)
    (вадам лист хартија, молив, гума, пенкало, шестар, агломер, шублер, два триаголника...)
    (вадам чекан да ја стегнам масата малку)
    (ставам здравствената картица у уста)
    (турам главата на менгеме)
    - Приближно негативна бесконечност.

    За македонското јавно здравство важи правилото 10-80-10:
    - 10% се од мајка родени и сакаат да ти помогнат и ќе помогнат колку што имаат услови и можат
    - 80% скалесто распределени - некои повеќе некои помалку се нишај врата примај плата, дај боже смената да заврши, најверојатно нема да ти помогнат, најверојатно нема многу да ти одмогнат
    - 10% се идиоти кои што од сабајле се мразат себе, а попладне цел свет, вработени на позиција којзнае како, ќе ти направат голем проблем и ќе те унаказат

    Потплаќање не ретко треба, ама тоа барем е лесно плаќаш и очекуваш услуга.

    За македонското приватно здравство - удира плафон.
    Се трудат, нормално мотивирани се со пари, но тие се луѓето и толку се можностите, квалитетните се бројат на прсти од една медицинска област - и нема други, тие се во земјава.
     
    Последна измена: 22 септември 2016
    На okcenzi, Dust, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    За моја среќа досега не сум имала некој посериозен проблем, и камо никогаш да не треба навистина да ми зависи здравјето од нашево здравство. После се што слушам, сфаќам дека или трпи или плати си ако не сакаш да те шуткаат ваму-таму. За едно обично ехо што трае 10 минути за државна сум чекала 2 месеци, а кога отидов таму, 2 саати покасно ме примија, и такозваната докторка не знаеше да прочита на упатот дека се бара ехо и холтер, па ништо од тоа не бидна. Останав така во неизвесност и страв дека имам нешто на срцето, среќа после некој месец си разбрав дека сепак океј сум била - секако на приватно нели.
    На моја другарка пак и рекле дека има глауком и дека очниот нерв и бил оштетен, а всушност не и било ништо лошо.
    Од надвор болниците како од хорор филм, докторите штом влезеш те гледаат како да си им убил некој....
    Тие што морале да лежат таму, самите си знаат како им било и колку полоша е сликата од што јас сум видела.
    Секојдневно веќе се случува нешто, да се плаши жена да се породи, да се плаши човек инфузија да прими, да не му стават по грешка некое абразивнo средство, па и за обичен грип кујзнае со што можат да те отрујат.
    Деца сироти трпат, на нивни грб некој се богати и гради споменици. За Тамарче две и кусур години не успеаја една операција да договорат и закажат, демек сколиоза нели ништо страшно. Вака ли си играат со сите бе? Ги оставаат да се мачат, што читав нечие мислење на болен човек му закажуваат снимање за два месеци, ако издржиш издржиш. Како ќе студирам јас медицина и ќе работам во ваква мизерија? КАКО?
    Ама министерчево наше ценето уште си ги носи розевите наочари. Во други земји министери даваат оставка па и се самоубиваат ако закаснила изградба на некој објект, ако луѓе останат без работа, овој без срам уште се фали за некој нов апарат или попусти за очни помагала.
    Викаат најважно нешто во животот е здравјето, и среќата не се купува со пари, ама и дека здравјето е за побогатите. Е мене тука нешто не ми штима сите три да се точни.
     
    На cresa-jagoda, EminemsGirl, anaja1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Јас немам некоја замерка ( ретко одам на лекар ) , па сум била и во државната болница за уво нос и грло во скопје , и имаше гужва , и завршив работа за неколку саати , па сум била и на брза помош во мојот крај и се било ок од страна на докторите и сестрите . Моето искуство е ОК .
     
  12. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Значи јас немАм ништо позитивно да кажам . Си бев на одмор мк во прилеп и керкичката стаса до брза помош е детското одделение беше СТРАШНО! се се распаѓа еј катастрофа да не даде господ на никој да се мафта по македонските болници . Ужас еј како е можно јас незнам.

    За дечинјата што треба таму да лежат со ладна вода ги банјаат еј поболни си одат дома од болница.

    Никој по никој не гледа се е партиски роднински да не беше бившата ми свекрва си еба се мајката таму таа медицина има завршено и веке 30 години како таа има завршено и се било уште така како од нејзини млади години. Срамота еј сакаат ЕУ овие абе на бесилка оное од политиката прво па не стручните "доктори".

    Само државната болница во скопје систина се спасува другото е се Out!
     
    Последна измена: 22 септември 2016
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Здраството е хорор,не дај Боже да мораш да одиш,а ако треба да лежиш....знам сум лежела изнам како е,да не се повтори:(
    Од сестрите не можам да се пожалам,има многу добри и посветени на пациентите.Бев сведок на еден момент кога со мене во соба беше жена оперирана колено,и вечерта имаше страшни болки.Сестрата ориде да го викне дежурниот доктор,и замислете тој преку затворена врата и дал иструкции што да прави,он не дојде.
    Мој термин,за мене е катастрофа,благодарение на тоа можев да изгубам нога.Нека им служи на чес:(
     
    На Sesil и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Brza pomos sum viknala poveke pati dosla posle 45 minuti,mi imaat izvadeno rasipan zab sto mozese da se popravi,ke i gi iskrivea ocite na sestra mi 60 godisen doktor vrsese operacija na nea i pogodi nerv i uste mn mn negativni slucki so nasevo zdravstvo ako zemam da pisuvam ne znam krajot kaj ke mi bide
     
    На Јаневски, EminemsGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Blondie.18

    Blondie.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Ич не сме задоволни
    Многу сме незадоволни
     
    На Јаневски и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Конкретно за Мој термин,од лично искуство сум задоволна
    Веќе некое време идам во државна на конроли,со претходно закажан мој термин,и можам да кажам дека повеќе од 5-10 мин не сум почекала
    кај ист доктор одам,веќе 10 тина месеци и до сега се било ок
     
    На okcenzi, *Amethyst* и joy1 им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    :headbang:Тешко тој што има мака, а нема пари
     
    На MamacitaBuena, Јаневски, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  18. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    26.364
    Пол:
    Женски
    Катастрофа! Немам коментар..
    Не дај господ да отидеш во државна болница. Кој си има пари на приватно а кој не не дај господ да се разболи...
     
    На cresa-jagoda, LollySky и EminemsGirl им се допаѓа ова.
  19. ninorta

    ninorta Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Како државник со мкд државјанство, и сите тие потребни документи државни за здравство!!!! никакво задоволство!! како што викаат погоре , дај Боже никој да не се разболи. ама кога доаѓаат старите години човек ќе пожели да не ги дочека , зошто сигурно 100000% ќе мора некаде да се лечи од нешто. самата помисла жалам што сум во таква држава со ваквото здравство никакво.Некој што се надвор од тука држави за здравство ќе те качат на глава, и им викам и влакната од веѓи нека одат да проверат со задоволство!! а кај нас кога ќе се разболиш подобро сам се лечи од колку во државна и градска да одиш кај ќе умреш попрво од чекање а второ ќе те погледнат и разговараат со тој тон што ти доаѓа да ги убиеш :@:ninja: итн!!
     
    На Јаневски, anaja1, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Машки
    @baba Rada работи во болница, таа ќе ни каже повеќе за тоа како функционира здравството и кој има предност. Бидејќи нели, не може секој да се лечи, си има ред, прво тие со врски па обичниот народ.
     
    На cresa-jagoda, Gosh, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.