Колку сте (не)задоволни од нашето здравство?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 20 септември 2016.

?

Какво здравство имаме во Македонија според ваше искуство?

  1. Одлично, сѐ е како што треба

    1 глас(а)
    0,4%
  2. Задоволително, но може и подобро

    33 глас(а)
    13,1%
  3. Катастрофа, не ми се стапнува в болница

    217 глас(а)
    86,5%
  1. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Не провоцирам затоа што знам какво е здравството мојот дечко е медицинско лице и знае кога оди во државна и градска како е и не само таму него и во 8ми септември, катастрофа нема кадар никаков пациентите гневни. Несакам да навлегувам во оваа тема оти од таквите доктори на моја другарка мајка и за малку ќе починеше, бидејќи ја вратија дома неможело ништо да се направи или да чека. Па со пријава и тужба што ги следуваше ја оставија одма и најдоа решение како така да остане таму да се лекува...апаратите не работат...КАТАСТРОФА...
     
    На Yowannty, LollySky, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.199
    Пол:
    Женски
    Не дај Боже некој од семејството тешко да ви се разболи, тогаш дали би бранеле нешто што има врска со мкд здравство. Мој термин е тривијална небитна работа за која не вреди да се трошат зборови (се тресеше гората, се роди глувче), кога имаме ситуација „стручњаците“ и „специјалистите“ во земјава, да не знаат да постават точна дијагноза на време и само да си ја префрлаат топката едни на други, со финална цел да се исцеди пациентот :cash: дури е жив. Потполно исто е и приватно и државно, со таа разлика што приватните се малку пофини кон болните. Во оваа земја се умира од болести од какви во Европа е срамота да умреш, не па нешто сериозно да те најде.
     
    На Nausicaa, Sesil, agios и 2 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Наравоучение...седите деца и учите, не висите 24 часа на форуми и фејсбуци, не факајте врски, не купувајте дипломи, не препишувајте..спотнете го газот и наоружајте се со знаење..ќе дојде денот кога и во ваши раце ќе биде нечиј живот и ќе треба да донесете точна одлука и дијагноза.
     
    На Bitter-Sweet и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.802
    Допаѓања:
    80.573
    Пол:
    Женски
    @RainBow од каде никна анкетава во темава ме интересира? :) Не сум знаела дека некој модератор или администратор може туку така да си додаде, јас не ја ставив кога ја отварав темава. :) Зошто е ставена?
     
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира за анкетата, посебно за третата точка каде што неколку члена се изјасниле дека никогаш не би стапнале во болница(незнам кој ставил само таков глупав одговор)..значи прашањето ми е, не дај боже ако ги стрефи нешто, дали нога да ушинат или слепо црево да ги фати, каде ќе одат!?
    Најмногу ме нервира нереално тресење на зелени само за да се испљука нешто.(facepalm)
     
    На Abeja, *Amethyst* и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  6. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.956
    Пол:
    Женски
    @baba Rada Јас искрено сум изморена да пишувам на темава, факт е дека не ни цветаат ружи ама далеку од тоа па што го зборат.
    Јас тврдам дека на секоја клиника у државна ке најдам по минимум 3ца д-ри што се како што треба по сите критериуми за еден д-р што се, вклучувајќи тука и етика и одговорност не само знаење и вештини.
    Ама не, поинтересно е да генерализираме и да плукаме. |(
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.360
    Допаѓања:
    182.613
    Пол:
    Женски
    Факт е дека за задоволително ова здравство може да биде во 2 случаи. Првиот, ако најголемиот здравствен проблем што те снашол е што ти се скршил нокт, односно ништо потешко од грип не те стрефило; и второ имаш супер врски или познаници во истото.

    Народ нема пари, па изборот е тој. Лежев во Германија 2 недели, овде сме загреота, куче да не пуштиш во државно да се лечи, а не човек. Само не видел народ боље, па може да се излаже лесно.
     
    На Aljona Ivanovna, Nausicaa, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  8. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Катастрофа на еден другар му напишаа погрешен антибиотик чоекот да продолжуваше да ги земе ке си го губеше гласот чиста 0 ни е здраството
     
    На Maro87 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Знаеме дека е катастрофа, ама некои овде слепо веруваат дека цветаат рози и ги напаѓаат тие што не мислат исто како нив, и велат дека не се писмени....уствари толку им бил капацитетот. МИЗЕРИИ
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.956
    Пол:
    Женски
    Не веруваме слепо дека ружи ни цветаат у здравство, ама па ради некој лекар што пишал погрешна терапија сега сите не чинат, и сите лекари и мед. сестри се неписмени, арогантни и не си ја знаат работата.
    Не сум за генерализација и затоа сметам дека не се сите мед. лица исти.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    првпат слушам дека некој ке си го изгубел гласот од антибиотик...аман бе, дај прочитај се какви вицови постираш!!
     
    На joy1, Abeja, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Драга како што ми кажаа толку знам како и да е, битно е тоа дека погрешни лекови му имаат напишано и да не е тоа точно можеби на некој друг таква грешка и тоа како ќе му наштети.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.956
    Пол:
    Женски
    У право си, еве и ја нешто кашлам сега и се мислам дека е ради тоа што д-р ми даде погрешна терапија у далечната 2008 :| остај неписмени:^)
     
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Малку појаснување.
    Тоа значи:Не би стапнал да не морам. Или пак.
    Не би стапнал ако имав избор.

    Мене баш ме занима пак,што од здравството ги задоволува оние засега четворица?
    Тоа што за разлика од другите држави можеме да правиме крвна слика кога и да побараме?
    А што понатаму?
    Со чие здравство би го споредиле нашето за да речеме дека е подобро?
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.318
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно - операција успешна, пациент мртов (facepalm)
    Уствари, не ни стаса до операција, има мој термин за томографија ама најбрзо е за после 7месеци :!:
     
    На elimkd и Yowannty им се допаѓа ова.
  16. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.956
    Пол:
    Женски
    @galapce лично јас имав еден здр. проблем прв пат идам кај тој д-р едвај запомнив како му е презимето и како се вика. Најдобро ме прими и даде све од себе да ми помогне со проблемот што го имав.
    На таа клиника сестрите беа организирани, клиниката чиста и со топла вода во секое време.
    Единствено нешто што не ми се допаѓаше е што само една сестра е на тој оддел у 3та смена.
    2. Братучед ми на др клиника, д-р исто максимално се потруди околу неговиот проблем. Сестрите секогаш беа позитивни, клиниката исто чиста.
    3. Братучетка ми на трета клиника, само една сестра имаше што беше апла безобразна, другите сите си беа на место, д-рката нејзина лично и правеше преврски.
    Си зимам за право да зборам и за нив затоа што секој ден им висев н апосета.
    Факт дека има и клиники кај што немаш убава организација, и такви каде што не им се работи.
    Но, не е ок да генерализирате дека сите се лоши.
    Системот не е убаво организиран и треба многу работа и менаџирање, но не можете да кажете дека немаме квалитетен персонал. Заради два-тројца по сите да плукате, не иде.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    здравствово е ....од стрес ти е............најчесто употребуваната реченица.
     
    На elimkd, sjdgo, Smilleeeeee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.963
    Допаѓања:
    327.360
    Пол:
    Женски
    Затоа што пациентите снимаат раце,нозе,синуси,глави ко вода да пијат.Не ги занима што се трујат со контраст и што се озрачени 100 пари повеќе од обична ртг снимка битно они сакаат кт.Па нормално после кога има некој стварно потреба нема термини затоа што ем се е пребукирано ем и самиот апарат повеќе од 15 тина дневно неможе да снима.

    Кај мене на пулмо секој втор бара кт на бели дробови.Ако др не му даде упат тогаш е себичен кретен кому здравјето на пациентот е на последно место.

    Колку алерго тестови дневно се прават неможам да ви опишам.Па немало реагенси .Ке нема кога за првото кау кау вика алергија е дај ми упат за алерго тест
     
    На Sesil, Rebecca_R, Espadrila и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Aljona Ivanovna

    Aljona Ivanovna Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2017
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    “на нервна база ти е“
    “ќе си се нормализира кога ќе родиш“
    “промаја те фатила“
    “метеопат си“

    Јаготка на шлагот кога за примерок урина ми дадоа чаша за една употреба. Хигиенски.

    сума сумарум на здравството наше.
     
    На Sesil, sjdgo, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.956
    Пол:
    Женски
    @Aljona Ivanovna а не можеш 10ден да дадеш од аптека да си купиш стерилизирана?
     
    На MissKnightOwl му/ѝ се допаѓа ова.