1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сте (не)задоволни од нашето здравство?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 20 септември 2016.

?

Какво здравство имаме во Македонија според ваше искуство?

  1. Одлично, сѐ е како што треба

    1 глас(а)
    0,4%
  2. Задоволително, но може и подобро

    33 глас(а)
    13,3%
  3. Катастрофа, не ми се стапнува в болница

    215 глас(а)
    86,3%
  1. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Денеска уште еден доказ дека,нешто не е арно со нашето здраство:x
    Случајот со две жртви(facepalm)
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    И уште министерот ќе испитувал јавното мислење за здравството?

    Од досега приложеното,човеков во кој ресор и да беше,хаос направи.Прво во образование,воведе нови програми,несоодветни учебници и врвот на глупоста-екстерно тестирање.

    Здравството е посебна приказна.Почнувајќи од лековите,несоодветни кадри примени на сомнителен начин(читај партиски војници), критериумите по кои се доделуваат специјализациите,Мој термин кој додека да го дочекаш редот повеќе ќе се разболиш,до условите во болниците кои наликуваат на сцени од хорор филмовии, реата која се шири со самото стапнување на некоја од скопските клиники,до сите случаи со родилките и бебињата,претрупаноста со бирократски работи на здравствените работници.
    Врв ми беше што пред некоја година немаа шпатула на инфективно.Шпатула!

    Ама многу е поважно Вардар да се кити со врби и галии,отколку да се средат тоалетите во болниците.

    Болните се најосетлива категорија во секое општество.Сите сме потенцијални пациенти,вклучувајќи ги и оние кои ги ставиле да мислат и да го водат здравството.
     
    Последна измена: 14 март 2017
    На Sesil, Rama, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Полани кога починаа родилката и бебето во Гевгелија од пијандури доктори, и никого совест не го загризе од здравството, требаше некој да го потапка татково по рамо и да му рече - "Абе аман па и ти, имало и полошо"??
     
    На Rama, galapce, Cinderfakinrella и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    http://plusinfo.mk/vest/107585/rodilka-od-bitola-pocinala-od-sepsa
    Родилка пред два дена починала од сепса после породувањето т.е. после еден месец, откако утврдиле дека внатре во стомакот и заборавиле инструмент а ја лечеле прво од стомачен вирус....СРАМОТА која неписменост од доктори ја имаме со партиски книшки и купени дипломи...:puke:
     
    На Rama, galapce, Cinderfakinrella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Лелеее ова нешто најново?!:tmi:
    На ТВ не кажаа:!:
     
  6. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Пточитав и вчера само незнам каде, а на тв незнам дали имаше објавено...
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    [​IMG]

    Или што би рекол просечен вмровец, во однос на Кина сме подобри.
     
    На Rama, celineparis и galapce им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Анкетата кажува се - катастрофа. Од однос, материјали, сестри, доктори, хигиена. Те брише со памукче, памукчето на маса го остава, боцка, па на отворена "рана" со гнасното марамче те чисти и ти лепи фластер. После се фаќале болести.
    А бе гомно на сред ургентно ко питулица стоеше 2ч никој не го собра.
     
    На Rama, celineparis, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Толку сум накострешена кон здравствениов ни систем, што уште еден инцидент да ми се случи ќе фатам и ќе тепам се живо.
    Ја имав таа “чест” да престојувам на Инфективна со ќерка ми цели седум дена. Благо речено, ужас. Ај здравствените работници така, така. Имаше некои кои беа посветени, останатите, доаѓаат колку да се каже дека работат нешто. Ама хигиената бре луѓе!!! Инфективна клиника, еј!!! Бубачки на сите страни, тоалетите не се чистат редовно. Топла вода е мисловна именка, ако ти се посреќи да начекаш, супер, ако не ништо (ова инаку од сестрите ми беше речено) Во моето вц немаше светло, па одев во вц со отворена врата (среќа сами бевме во соба) И најубавото од се, нема вентилација во вц-њата. Милина :devil: И откако не отпуштија ги прашавме што понатаму (лекови, исхрана), не упатија кај матичната, таа ќе ни кажела.
    Јас сметав (и сеуште сметам) дека на државниве клиники има ист ако не и подобар кадар од приватниве (ова на лекарите се однесува), затоа и одбрав таму да одам, ама џабе кога се останатото е ужас.
    Втор случај. Вчера ја носам малава на дежурен лекар во педијатрискиот пункт во Јане Сандански. Дојдовме во 22ч, ама бидејќи имаше гужва не фати 23 (таму работното време е до 23ч) Тоа сестрите што беа си собраа парталите и фатија магла. Нит ги занима дека има уште едно дете што треба да е прегледа, нит ништо. Џган невиден, ете тоа се. Јас не знам зошто воопшто таквите луѓе се одлучуваат за оваа професија. Не секој може да го работи ова. Пред се треба да си човечен бре. Пу, јазк!
     
    На celineparis, kukla21, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Последниве 3 месеци сум стално по Државна, исто и Јане Сандански, нерви изгубив!!!Само те шалтаат од едно место на друго, чекаш по месец дена за испитување зашто на докторката и текнало одмор да си земе, после уште 2 недели за резултати, од мој термин поголема глупост нема, имав термин во 1 ипол а влегувам на преглед во 3 ипол, 2 месеца да се немало термин за ендикронологија еј, 2 месеца на крај пак со приоритетен отидов и таму, докторите ужас само како бројка те гледаат колку да поминеш, хигиената што ја видов по ходници и тоалети не е ни за животни (среќа немам лежено никогаш, скраја да е, таму е сигурно бетер) партиципацијата е огромна за овој стандарт и за овие услови што ги има!!
    А приватно за жал најголемиот процент не може да си дозволи а таму секако дека за таа пара ко кралица ќе те тинтраат!:@
     
    На galapce, Yowannty и anaja1 им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Заборавив да се надополнам дека имав “среќа” што ќерка ми е помала од 3 години, инаку за луксузниот пансион и прекрасната храна која ја имавме на клиника ќе платев 800 од ден (facepalm)
    Ете како ние се грижиме за децата! А ако немам бре?! Ќе ја оставам сама да лежи?
     
    На kukla21 и galapce им се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Платив 80 денари патриципација за инјекција на брат ми. Имаше висока температура, не знам што лек му ставија, не е ни битно.
     
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Да се дополнам, ова заборавив:
    Не знам што сестри ќе беа тие во државна, ми земаа крв од вена за да испитам хормони (а мене ми се смрт игли, посебно боцкање во вена) абе кога ми ја збрца иглана мислам дека сите светци ги видов, добро што не се онесвестив таму, модрица имав ОГРОМНА цела недела, ко хематом ми беше, и пази кај платив накај 800 ден. партиципација, пак чекам резултати цела недела и кога отидов само ми ги даде ни да ми ги прочита ни објасни ни ништо, а докторката си отишла и пак ме праќа следната недела да дојдам!!:swear::swear:
    Не сум револтирана толку од (не)хигиената туку од никаквиов однос комплет и на сестри и на доктори!
     
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.141
    И мене така ми се направи раката од тие во државна клиника. А и кога ми ја вадеа инфузијата, ко ми ја повлече тоа иглата со сета сила, абе мислам ѕвезди броев, така ко крвнички таа сестрата неписмена и без никаков однос.
     
  15. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Сум заборавила да се потпишам за заборавената газа на порогај.
    Газата била само 1.5метар,и насобрани 2 кг гној.
    По државниве клиники кога се жев на болки,дијагнозата беше,Аеробни црева.
    За хигиена и персоал,нема да зборувам.
    На сите веке познато.
    Отпусни листи после недели,месеци...
     
    На kukla21 и danichap им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Здравствово е супер. По втор пат треба да купувам лекови на крај на месец. НЕМА квота во НИТУ ЕДНА аптека. Супер е Нинче, немај гајле. Троши пари на анкети. Не треба маркери и средства во ниту една, сите се топ опремени, баш до ова ни дојде.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Пред помалку од 2 месеци влегувам во аптека и сакам да купам АМОКСИКЛАВ, ќе повторам, АМОКСИКЛАВ еден од основните антибиотици. И ми вика аптекарката дека го нема на рецепта, само на приватно ако сакам :^) Подзината останав. Знам дека некои лекови се трошат уште првите 2 дена, ама најосновните да ги нема, катастофа (n)
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Aaaa - не работи тоа така. Сега ќе ти кажам мене како ми објаснија. Секоја аптека има квота, пример, 1000 денари да издава лекови на рецепта. Кога ќе стигне до овие 1000, независно кои лекови се издадени, толку беше од лекови на рецепта. Основни, не основни - НЕМА. Значи, извини, ама во грешно време си се разболела (како и јас). Следниот пат внимавај тоа да биде на почеток на месец.
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Јас во Зегин бев кога дојде еден човек, на 7ми, на почеток на месец, и бараше некој лек. Аптекарките му рекоа дека поскапи лекови имаат само први, втори ако имаш среќа, после само поефтини останувале. Веројатно е како што викаш ти, па некои аптеки си ја чуваат квотата за колку-толку да имаат нешто да дадат и после 5ти и даваат само поефтини лекови.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Мене вака ми објаснија, само пренесувам.:) Во 4 аптеки одев за да земам лек. Секаде имаше по едно кутивче само. :) Може па и прават некоја шема, 4 кутии од ова, 5 од она, кој да знае. Резултатот е ист, грешно време си/сум одбрала за разболување. Повеќе внимание на ова следниот пат :rofl:
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.