1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сте (не)задоволни од нашето здравство?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 20 септември 2016.

?

Какво здравство имаме во Македонија според ваше искуство?

  1. Одлично, сѐ е како што треба

    1 глас(а)
    0,4%
  2. Задоволително, но може и подобро

    33 глас(а)
    13,3%
  3. Катастрофа, не ми се стапнува в болница

    215 глас(а)
    86,3%
  1. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    За магнетна се чека по 2-3 месеци, за резултати од снимање по 2-3 недели, закажување операции по неколку месеци. Тоа е квалитетот, т.е. ужасот.
     
    На manako1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Toa se tie 17 glasovi pogore i se dovolni za da propagame se podole.
     
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Вчера во државната болница во Скопје, еден мој познаник додека чека резултати и бива завлекуван 2 саати, ја наоѓа истата медицинска сестра како лабаво си седи на клупа на муабет со другарка, саат ипол, со пола пакла цигари дружба и 2 ЛИМЕНКИ СКОПСКО од кои си потпивнува,скриени во кеса.
    Намерно го ставам постов тука, го шерував секаде кај што може, за да тие шо мислат дека здравството ни е задоволително, да се уверат дека сме ПОД СЕКОЈ ПРОСЕК.
    ЕВРОПО ЧЕКАЈ (НЕ) ДОАЃАМЕ !


    https://www.facebook.com/igor.andon...dpmtux2DVo7nVY88UYs25YMenpvkNsIRFw&__tn__=C-R
     
    На Nigredo Odor, DAngel, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Затоа не стапнувам во државна клиника и нема ни да стапнам, ќе се полнат приватните клиники со пари додека нашите си ги полнат стомаците со пиво.
    Мизерија од прва класа.
     
    На cresa-jagoda, orevka и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  5. Oxsana

    Oxsana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Се согласувам здравството навистина ни е под секакво ниво Чест на поединци, но малку се, можеш на прсти да ги изброиш..
    Се прашувам доколку студирав медицина дали ќе го имав истото однесување ? Незнам дали е до луѓето или до што е ??

    П.С и јас денеска сум изреволтирана од еден лекар
     
    На cresa-jagoda, orevka и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  6. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Па реално и не очекувајте да биде подобро здравството, оти на некого му е смачено да волонтира со години. Ќе замине квалитетниот кадар во странство и ќе има недостаток од медицински персонал. И после самите ќе се лечиме по дома. Јас најглупава работа што ја имам видено во болниците е ставање на инфузија во ходник оти брзале и имале многу работа.
     
    На ЕденЧлен и worrieddd им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Зошто да не очекуваме подобро ? Многу ли бараме ?
    Личните фрустрации не се оправдување за вакво непрофесионално, нехумано и крајно идиотско однесување . Знаеле во што се впуштаат, ако им е мака нека идат нека копаат њива и нека локаат колку им душа сака.
     
    На Joi, theowndemon, Fauhxy и 4 други им се допаѓа ова.
  8. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Поради причините кои ги наведов погоре. Мислам дека тие се доволно добар показател за тоа што ќе се случува во иднина. И секако дека има одлични професионалци и кај медицинскиот кадар ама тие не сакаат да работат во лоши услови. Најголемиот проблем е оргазнизацијата како и во секој сегмент од нашето општество. И не сакам да бидам негативен се трудам да бидам само реален и објективен. Кога ќе отидеш и ќе ти кажат дека немаат доволно залихи во поглед на медицински материјал и те праќаат сам да си купиш јасно ти е колку е часот. Се надевам дека ова се доволно аргументи со кои го поткрепив мојот став.
     
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме што е и како е, како стојат работите, ама дали ти тоа го гледаш како оправдување ?
    Испадна сеа жал да ми падне треба за сестрава, душа она морала да се потсмири со чашки алкохол за време на смената, оти системот е скапан. Епа и они го прават таков ја да ти кажам.
     
    На Joi, theowndemon, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Јас не ја бранам ниту неа ниту тие кои го потпишале нејзиното решение за вработување. Сакав само да го поткрепам моето мислење со аргументи поради кои сметам дека нема да биде подобро здравството. Имав случај со близок член од моето семејство кој имаше мозочен удар и 4 часа се чекаше за да се најде возило за превоз оти алармантна беше ситуацијата и требаше што поскоро да биде испратена во Скопје. Самиот факт дека задоцни возилото го одреди понатамошниот тек на настаните. Тука не беше виновен ниту медицинскиот персонал туку лошите услови поради кои медицинскиот персонал не можеше да си ја заврши работата. А за медицинската сестра немам коментар искрено и не е единствена има уште многу такви.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    Од мојата бруто плата околу 3000 денари месечно одат за здравствено осигурување. Зошто? За да чекам со сати по болници? За да ме третираат ко стока и накрај пак да си ја платам истата здрваствена услуга три пати поскапо на приватно, а веќе ми е покриена дел преку осигурување? И да се секирам згора на се дали вработената имала лош ден (и јас го имам btw, и сите го имаме), дали имала плата земено, дали волонтирала и дали била студентка? Реално и тоа е проблем, ама не мој. Не е никој должен да плаќа со своето здравје за туѓите проблеми. Па уште ај, нив не им чини, па ќе се иживљаваат врз пациенти.

    Нема што да очекуваме. Заслужуваме подобро. Зошто да не го бараме? Ни следува подобро здравство. И за подобро здравство р'мбаме.
     
    На Anabelle.Amorette, Joi, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  12. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    @MarigoldA во право си заслужуваме подобро никој не го оспорува тоа. Ама ајде да не гледаме толку себично од друга страна. Еве тргнете го на страна овој пример со медицинската сестра која пие алкохол во текот на работното време. Свесни сме дека има квалитетен и образован кадар во здравството тоа не е спорно. Зарем тие не заслужуваат соодветни услови во кои ќе работат? Поради оваа причина велам дека не треба да гледаме така на работите и да бидеме себични. Кога ќе се подобрат условите и организацијата во здравството тогаш и квалитетниот кадар подобро ќе си ја извршува работата, а ваквите кои ескивираат во текот на нивното работно време односно нивниот број значително ќе се намали. Инаку секој вработен може да има лош ден , ама тоа не му дава за право да се однесува како медицинската сестра. Кога ќе гледаме за колективно добро односно за сите засегнати тогаш ќе се подобри и здравството и секој останат сегмент од општеството.
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Веројатно @RAF Camora сакаше да каже дека нема да се подобри и да не очекуваме. Па реално и со години не е ништо подобрено, не само во лекување туку и во самиот објект. Сета апаратура е стара, нема доволно простории, нема хигиена абе нема што нема, да земеш да броиш на прсти сите прсти нема да ти стигнат.
    Муабетот ми е дека оваа државичка треба да најде некој кој ќе инвестира во државниот објект наречен државна клиника и ќе ја направи клиника со високо реноме,ќе има нова апаратура, возила, персонал и се што е потребно.
    Само тоа нема да се деси - тоа е проблемот.
    Неисполнетите очекувања болат - тоа е јасно.

    И еден огромен лапсус што го имаат самите направено е враќање на старите лица со тешки болести дома со изговор немаат место да си умре на милост и немилост во неподносливи болки, без грам срце да им велат па што да ви правиме.

    Така да има многу да се работи на оваа проблематика, само нема кој да го заинтересира.
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    @buba4e89 точно така. Во моите коментари колку и да претерувам со песимизмот во оваа ситуација сметам дека сум реален и објективен. И тврдам дека нема да се подобри затоа што нашите пари кои ги даваме за тие цели завршуваат кај оние на врвот на пирамидата додека медицинскиот пероснал кој е на дното на пирамидата ја добива својата основна плата односно основен надоместок за работата која ја извршуваат. Да го замислиме целиот систем како пирамида . Ако тие на дното на пирамидата и тие на врвот на пирамидата не се синхронизирани значи дека проблемот е кај средината на пирамидата односно или некој погрешни информации пренесува од врвот кон дното и обратно или тие од врвот се свесни за се и добиваат точни информации само немаат волја и желба да променат нешто. Еве некој кој студира медицина или работи во некоја здравствена установа нека напише во поглед на ова за да не биде дека само јас сум негативен и песимистички настроен. И еве нека грешам па нека се подобрат условите ќе бидам пресреќен доколку се случи тоа.

    Инаку сум рекол доколку некогаш се разболам од некоја тешка болест не сакам да ме влечат по болници какви што се сега во моментот условите. Нека ме остават па до кога издржам до тогаш, оти не сакам да малтретирам никој од моето семејство ниту самиот себе да се измачувам.
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Ниту било подобро здравството ниту па некогаш ке биде,народов никогаш нема да се свести,дека кој и да дојде на власт во ова кутро државиче ке се краде и пепел ке се прави.Ги имам за жал многу ама многу примери низ државниве клиники,на кој сум лежел пола живот по болници,чуда од ситуации,само едно ке кажам ГОСПОД ДА НИ ГО ЧУВА ЗДРАВЈЕТО.


    Едит: Еве ви само еден пример од пред 10 дена.

    Бабами која има 76 години,здрава,права,способна све да прави сама,и се слошило дојде брза помош и објаснила све,дека 14 пати повратила(во текот на денот),дека не јадела ништо расипано,дека нешто ја мачи во стамокот и дека веќе 15 часа има 40 температура(и дека не и намалува со никакво апче),и акнале една инекција и си отишла брзата помош,после 3 часа бабами паѓа во несвест,среќа што сите биле дома,чичко ми со комшијата ја носат во Воена Болница,лежи таму 2 дена и наоѓаат дека уствари и пукнала жолчката од камења,ја држат 3 дена,и ја отпуштаат дека била психички нестабилна,а нема врска бабами(никогаш нема проблеми со ништо) е витална и све,далеку од такво нешто,и така фино лепо си седи дома,со инфузии кој сами и ги даваат дома(и една комшика која е медицинско лице),и чекаме за преглед и дали ке се оперира или сепак е стара за таков зафат.
     
    Последна измена: 25 септември 2018
    На XMaN, Joi, Mari* и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Да чукам во дрво немало потреба да лежам до сега во болница така да за тоа нема да коментирам.Ама нешто што ми смета е што болниците првин личат на психијатрија и на оние од American Horror Story, можда се чисти вака ама гадно ми делуваат на трње седам.
    Дома се рибам после тоа.И дефинитивно треба пообучен кадар, сменив 2 матични и истото па истото што и да ми е добивам Цефалексин или Оспамокс :o семоќни лекови се изгледа.
    Баш имав тема во школо доколку сум министерка за здравство што би сменила и го напишав следново:
    Отварање на нови болници и реконструирање на веќе постоечките, подобрување на условите на највисоко ниво, обука на кадрите во странство, нова опрема.На две мои баби им имаат дадено грешна дијагноза, еднатa почина нажалост а мојата вистинска баба сега си пати од Алцхајмер а како млада и направиле грешна операција ама се спасила..
     
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Женски
    Се додека докторите на педијатрија се понашаат ко дома да им одиш кога носиш болно дете, и без грам емпатија се расфрлаат со погрдни зборови кон родителите, нема да не биде. До сега ниту едно позитивно искуство сум немала на детско. Последен пат, кога ја однесов малата среде викенд, со осип, ми се развикаа оти сум ја однесла, имала матична, во понеделник да сум ја однесела таму. После се смилуваа некако, ја прегледаа ради реда, така од далеку. Кога реков дека мислам дека во моментот крева температура, докторката цинично ми рече, цитирам: мајка, за тоа постојат специјални уреди, наречени топлпомери. Јас, реков, знам што постои, ама не шетаме со топлпомери по чантите, вие треба да имате таков уред. Едвај ми дадоа еден, сама да мерам на детето. Греота е такви вештерки безмилосни со деца да работат. Сум била на приватна педијатрија знам што значи добар третман.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Незадоволна сум.... Како и сите други. И од услови, и од опрема и од грото од кадарот...
     
  19. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки