Колку сте (не)задоволни од нашето здравство?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 20 септември 2016.

?

Какво здравство имаме во Македонија според ваше искуство?

  1. Одлично, сѐ е како што треба

    1 глас(а)
    0,4%
  2. Задоволително, но може и подобро

    33 глас(а)
    13,1%
  3. Катастрофа, не ми се стапнува в болница

    217 глас(а)
    86,5%
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.090
    Допаѓања:
    136.715
    Пол:
    Женски
    Screenshot_4.png

    Screenshot_10.png Screenshot_13.png

    Screenshot_5.png Screenshot_6.png Screenshot_6.png Screenshot_7.png Screenshot_8.png Screenshot_9.png

    ,,реформите,, во здравството
     
    На meckicka, Safira26, Petar80 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    На meckicka, anaja1, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Ау, никако. :shake:

    Каков упат што важи еден месец, ми се повраќа на самата помисла да треба пак да чекам редови некаде. Од толку лекари, најголем хаос имало кај тие што не го почитувале МојТермин и си терале по нивно. И такви има, да. Они ете, ќе ја спасат државата. |(

    МојТермин е едно од ретките нешта што можам да го пофалам дека колку-толку функционира. Бар од моето „скромно“ искуство. Шуќур малце ред за едно нешто, дека кога ти е пишано црно на бело кога треба да влезеш, не можат туку-така да буткаат преку ред. Малку тоа со ургентните упати и со прегледите не им е решено, има проблем со опрема, материјали, апаратура, томографи, скенери и слични ми ти работи, ама сум видела и полошо. :D

    Не знам колку имате шетано по болници во последно, настрана докторите и нивната професионалност (за ова можам роман да напишам, нормално, со траги-комичен крај) ама администрацијата и организацијата им се многу подобрени. Нема споредба со порано. Барем во Скопје се упрпани, колку-толку. Обично млади ме пречекуваат на шалтер, сестрите фини, се' тоа океј било... јас проблем со стручноста на докторите имам. :D

    Со исклучок од еднаш или двапати, на различни (државни) клиники, имам завршено за помалку од половина час, токму заради МојТермин. Да бе и јас бев запрепастена.

    Да не ти се верува дури дека напишав нешто позитивно за нашава мила, мала и напатена. :rofl:
     
    На meckicka, sparklie, *Amethyst* и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.685
    Допаѓања:
    162.070
    И јас сум за да остане мој термин со тоа што би можело да се измени да нуди повеќе опции и флексибилност. Но укинување никако.

    Што е денес и со петицииве? Малце погрешно тумачите ова со владава. За цигарите и термините се фативте, џанам решено е све друго.
     
    На Freyja, *Amethyst*, referentka и 4 други им се допаѓа ова.
  5. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Моето искуство не го кажува истото ама ете почитувам и тоа па барем некој компромис да се направи, нешто измеѓу како на пример да се укине Мојтермин а тие што сакаат таков специјален упут со време и датум на него да можат да си извадат само да назначат а останатите на свој ризик да одат со едномесечниот упут па ќе видиме кој побрзо ќе заврши знаејќи го менталитетот. Исто може со стариот начин без Мојтермин да се јавите во ординација кај докторот и лично да си закажете без обврзувазчки за тој и тој ден туку оној кој на вас ви одговара. А вака да ги трчкаме ние термините што докторите којзнае кога ги пуштаат и тоа за краток период, никогаш нема да завршиме работа и само ќе чекаме термини кој дур трепнеш исчезнуваат и се така во круг до 2025, таман Груевски да падне.
    Иначе јас лично и персонално чекам термин од 2016, believe it or not.8-|
    И верувам дека ова повеќе ги погодува тие што не се од Скопје затоа што не можат да претрчат од работа туку треба да патуваат и цел ден губат за тој термин/таа работа. Еве нека кажат тие што трчкаат документи во Скопје а не се од таму оти за една ситница губиш цел ден.
     
    На anaja1, kravce, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.359
    Допаѓања:
    182.602
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам и јас, болна тема ми е, пола живот го поминав по болници, па џоли колку сака нека се буни за цитирањево. :lol:
    И јас сум против, можда во нормална земја и нормални услови МојТермин и нормално би функционирало, овде не баш. За оние работи кои можат да чекаат, не е битно кој датум ќе го добиеш. Ама одиш кај матичен со страшни болки и потребно е да се снимаш под итно, тој ти кажува како првиот нареден слободен термин е после 2 недели, додека приоритетните му се ограничени и веќе ги потрошил за месецот.. Колку е нормално 2 недели да трпам болки со веќе прснато слепо црево во мене, чиј гној што се рашири наоколу додека се убедувавме за приоритетен или некој друг начин да стигнам каде треба да стигнам, па подоцна и ја отежна целата операција. Дали 2 саати после тоа ќе бев жива со толку гној во мене не е битно, битно термини кога ми требаа, немаше. Истото се дешаваше кога требаше да снимам заб, трпев огромни болки и се кљукав со апчиња цела недела, исто со мајка ми со болното колено, брат ми со камчињата во жолчка.
    МојТермин има сериозна дупка во делот кај итни случаи. Баш оној дел што требало да им биде приоритет на нив. Иначе за обични регуларни прегледи, одиш, земаш термин за после 3 месеца небитно и завршуваш на време, топ е. Ама за обичен преглед, а не за нешто што мора итно да се санира.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.960
    Допаѓања:
    327.288
    Пол:
    Женски
    ^
    За итен случај како слепо црево матичниот те праќа на ургентен.Во ургентен ти даваат рачно напишан упот и се качуваш горе на ехо или хирургија.Тоа е пропуст и незнаење на матичниот твој
     
    На Sesil, elimkd, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.359
    Допаѓања:
    182.602
    Пол:
    Женски
    Имав само болки во предел на желудник. Не знаевме дека е слепо црево се додека на приватно видоа дека веќе прснало истото.
    А матичниот да ми дадеше упут, место на два пати да ме враќа дома, ќе откриев на време што е. Ама слободен МојТермин немаше.
     
    Последна измена: 31 јануари 2017
    На anaja1, galapce и Petar80 им се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.960
    Допаѓања:
    327.288
    Пол:
    Женски
    Сеедно...
    Си имала јаки болки неиздржливи претпоставувам,веројатно и Т и повраќање(се тоа оди уз слепо црево).Доволно за да он те препрати на ургентно

    Матичните општи се толку неспособни што незнаат обичен упат да креираат.Колку пати ке ми пуштат пациент со упат без потпис и печат...па човекот ни крив ни должен треба до село да се враќа по печат.

    Нејсе да не замарам зборот ми беше дека има начини да се излезе во пресрет секогаш
     
    На Freyja, biGirl, macka91 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Од што сум фина, отидов да јадам прво, па да го пишам мислењево, така помеко ќе биде. :rofl: Се зезам, ама многу сум револтирана од лекарите, а МојТермин ми е топ.

    @ceca-1 и @Yowannty не викам дека и вие не сте во право. Всушност, секој со маката е работава и во зависност од кој што искусил на сопствена кожа. Јас поголем проблем имам со стручноста на лекарите. :drunk:

    Верувале или не, јас од април, па се' до пред една неполна недела, во просек бев еднаш неделно на лекар. И во мојот град и во Скопје. И со ургентни упати и со редовни закажувања и со чекање. Баш заради тој наш менталитет на незнаење како се чека ред, незнаење дека не може да влезете 2-3 пациенти наеднаш и дека „ама јас само за резултати/рецепт/печат сум“, заради тие што влегуваат фатени под рака со сестрата, заради тие што и кога им се дава бројче и им се вика „нема да ти дојде бројчето на ред уште два саата“ а тој упорно виси пред вратата и чека да излезе докторката да ја нападне, е направен системот.

    Да не почнам да зборувам какви безобразни и некултурни луѓе имам видено. Знаете дека тоа ми е болна точка одамна. :)

    Патем и јас не сум од Скопје и јас кога сум препратена во Скопје, се „ослободувам“ специјално од работните обврски за тој ден, се организирам една недела однапред и одам заради тоа.

    За приватните клиники немам ама баш никакви пофални зборови. Пофални зборови имам за приватните лаборатории и за поранешна Воена болница во Скопје, а моментално Општа градска болница, таму се постручни и од Систина и од Ремедика. Гарантирам со личен потпис и со печат за ова. :)

    Настрана што се изнададов пари по приватните болници да слушам „хехехе“ и невкусни, па дури и безобразни шеги на моја сметка, сосема несоодветни за ситуацијата во којашто се наоѓам, еве минатата недела чекав 40 минути за да влезам на преглед во приватна клиника. Докторот отишол да пораѓа некоја, итно дошла. Се случува, што да прави жената, да стисне нозе? Јас можев да кренам бунт, ама тоа е што е... Мора некогаш и малку човечност и разбирање да се покаже. :) Друг случај, исто во приватна клиника, (не би да именувам за да не им правам реклама, макар и негативна) е што случајот пред мене бил специфичен и докторот, наместо предвидените 15-30 минути, колку и да им се таму одредени за преглед, се задржа нешто повеќе од час. Повторно не влегов навреме.

    На гинеколог во мојот град се закажува преку телефон... закажуваш во 10 часот, влегуваш во 12:30, ако имаш среќа. Значи и таму чекаш. Не е ни крив ни тој што закажува - има поголема „побарувачка“ отколку што има доктори на располагање.

    Здравството има уште мноооогу работи за средување, стара опрема, недоволен број на апарати, немање материјали, стари болници, стари тоалети (последно исчистени со амин од Тито), стари доктори што чекаат да одат во пензија 8-|, се' видов и се' слушнав. Не знам веќе каков доктор не посетив, се нервирам од нашето здравство и тоа многу, ама мора од некаде да се почне...

    Некако мислам дека луѓево имаат револт кон се' што се обидува да воспостави ред овде и баш напротив, би сакале да владеат законите на џунглата, па кој како се снајде, се снајде... Е не оди тоа така.
     
    На Freyja, Oxymoron, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.359
    Допаѓања:
    182.602
    Пол:
    Женски
    @Doozy Верувај јас се сложувам со тебе. МојТермин е супер за ствари кои не се најитни. Си одиш као госпожа, си имаш термин си влегуваш во твој термин и си завршуваш., а ако почекаш малку не е проблем. Мене муабетот ми е за итни ствари, а термини нема слободни, ми се случило и да не ми даат приоритетен иако имаат, ама ги чуваат за свои луѓе. Тука апсолутно докторот ми е крив, ама немам што да праам. За регуларни годишни проверки на гинеколог, или забар, или кожен кога не е итно МојТермин е супер. Јас зборам кога треба некаде итно да се интервенира, а термин за скоро нема. А јас имам лошо здравје, некогаш навистина не можам да чекам. А не дека не сум чекала зад врата. Последно кај нас, докторот иако имав МојТермин, заминал на операција. Во ред, разбирам тоа и не се бунам за такви ствари. Ама после 2 саати кога се врати термините беа измешани, не функционираше повеќе чекањето ред, па се сведе пак на принцип кој е најблиску до вратата тој прв до докторот.
    И не ми се допаѓа што за контрола не ти даваат упут, туку мораш да чекаш некој со свој термин да ти дозволи да одиш преку ред. Прво одев Скопје на 2 недели на контрола, се убивав од чекање, сега одам во Тетово, ама контролата ми е еднаш месечно, па вадам упут (еднаш месечно е дозволено) и кажувам дека е преглед а не контрола, иначе треба да чекам, некогаш со саати.
    @joy1 и со тебе се сложувам. Доктор мора да ме прати негде и мора да знае начин за истото. Додуша тие и бараа начин и вртеа по телефони, но во меѓувреме мене на 2 пати ме препратија дома. Не чекав трет пат, заминав на приватно.

    МојТермин не е совршен, и тука нема збор, пропусти има. Ама се сложувам и дека матичните знаат да покажат крајна неспособност некогаш. Само..тоа е што е, некогаш ќе не фрустрира тоа, некогаш ќе имаме повеќе разбирање...и така..
    Апсолутно не сум за да се укине, туку да се средат дупките што ги има. Дали поголем број приоритетни или некој друг начин со кој пациентот ќе ја добие услугата на време.
     
    Последна измена: 31 јануари 2017
    На LollySky, Doozy, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Матичните имаат одреден број на приоритетни шо можат да ги дадат, мислам дека одат по процент од вкупниот број на пациенти шо го имаат И ако дадат повеќе од предвиденото фрчат казни. И ај летно време на стар човек со симптоми пред инфаркт не му дај приоритетен.
    Не се ни тие криви, системот е срање
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.960
    Допаѓања:
    327.288
    Пол:
    Женски
    Приоритен упат не се дава на хитни
    Приоритетен може да чека 7 дена
     
    На Dust и referentka им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.803
    Допаѓања:
    173.181
    Пол:
    Женски
    Од моето досегашно искуство - со приоритетен скоро секаде сум се протнала каде што било делумно итно ...дури и доктор по мера одбирав. Еден од "недостатоцоте" на монј термин ;)
    Кога стана збор за ептен итно, на ургентен без упат, во тоа темното, ниедно време.. пола заспани..и тогаш завршивме работа. Без никакви документи, дури и без книшка. Се однесовме следниот ден..

    За контрола сите доктори ми имаат кажано дека 30дена од мојтермин, ми важи стариот упат за контрола и не треба нов..
     
    На Sesil, LollySky, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  15. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Мене ме немало одааамна ама упаднав во прав момент.
    Апропо Мојтермин, замислата е ептен добра ама фали кадар и апарати за да функционира без чекање со месеци.
    Приоритетни упати одат после редовно закажани пациенти преку мој термин.
    А ако си на носила и со брза помош тогаш да, рачен упат даваат.

    Целосно се сложувам со @Doozy за некултурата на сограѓаните. Буткање, ку*чење во фазон: мене докторот ме знае и пцовки во краен случај. Он дошол и чекал од 7 и пол а докторот од 9 почнува до работа. |(
     
    На Sesil, Summerlover, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.956
    Пол:
    Женски
    Јас конкретно сум за да постои мој термин но да се подобри. Пошто киснев на клиника пред една година најмногу што ме нервираше е стари баби кои дошле од 8 сабајле а имаат закажано у 11 уште пред 11 си се буткаат да влезат јер они дошле први -_- каде бе?

    У главном, треба вакви промени но мислам дека ке си тапкаме у место ради нашиот менталитет и некултура.
     
    На Sesil, baba Rada и LollySky им се допаѓа ова.
  17. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.246
    Допаѓања:
    84.806
    Пол:
    Женски
    Moj termin e super dokolku i istiot se pocituva i sproveduva vo praksa no e bi rekla deka sekade funkcionira
    Abe so eden zbor kazano zrastvovo ni e ednakvo na nula
     
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.359
    Допаѓања:
    182.602
    Пол:
    Женски
    На крај нема да ме чуди ако се испостави дека МојТермин е совршен, ама докторите се неписмени. А реално рака на срце како што имаме квалитетни доктори, така има и од оние другите што поима немаат што треба да работат. Само јас пак повеќе верувам на доктор и медицина него на билкар.
    За контрола да, важи стариот упат ама со него немаш нов термин, туку мораш да чекаш, да се смилува некој од пациентите со свој термин па да те пушти. Иначе чекање со саати. Не глеам зошто е проблем да дадат термини и за контрола.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2509.JPG
      IMG_2509.JPG
      Големина на фајлот:
      215,2 KB
      Прегледи:
      19
  19. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Да ти се плукнам и на ова нашево таканаречено "Здраство" и итна служба и све остало. Вчера се свивав од 17:00 саато, значи ужасни болки во желудникот до немај каде. Се напив нане, се напив сок од брусница и пак исто. Влегов 1 саат киснев во вц, и на крај боднав 2 прста за да си олеснам малку, али како што јас имам тешко повраќање никој нема. Па ајде баба под рака ме зема ќе ме носи на дежурен доктор околу 20:00 часот. Стигнуваме во Амбулантата јас одвај одам, се свивам цело време по патот и ме пречека сестрата со зборовите "еее вие па од едно лошење одма сте дошле". После почна да запишува таму нешто и ми вика "па ногу рано сте дошле, одма а ви е лошо одма доаѓате", ајде јас се свивав и умирав од болки ама требаше да и речам, нареден пат ќе чекам да умрам па погребална служба да ме донесе. Нив ги мрзи да работат па тука мајтап си играат.
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Затоа денес на пропагандната телевизија сител кажаа...МОЈ ТЕРМИН бил многу успешен кај нас. И како шлаг на сето тоа сме биле 16 во европа со успешно и квалитетно здравство, и секако со закажувања и функционирање на мој термин...БРУКА
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.