Колку сте (не)задоволни од нашето здравство?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 20 септември 2016.

?

Какво здравство имаме во Македонија според ваше искуство?

  1. Одлично, сѐ е како што треба

    1 глас(а)
    0,4%
  2. Задоволително, но може и подобро

    33 глас(а)
    13,1%
  3. Катастрофа, не ми се стапнува в болница

    217 глас(а)
    86,5%
  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Според мене Мој Термин делумно функционира, со оглед на тоа што некогаш влегуваш два саати покаасно, некогаш докторот го нема, па чекањето се продолжува. Ај за некои луѓе не е проблем и да почекаат, ама некои има дојдени од други градови. Исто така проблем е што разликата меѓу термините е мала.
    Имам и претходно спомнато, за Кардиологија чекав два месеци за таму едно најобично ехо на срце да ми направат. Отидов, ни ехо ни ништо.
    А кога се работи за итни случаи, и јас сметам дека треба на ургентен да се оди, особено ако се работи за на пример неиздржливи болки
    Мене ми се случи една вечер да ме однесат на ургентен во 10 ипол навечер. Имав пулс 150 кој веќе можеби два саати не можеше да ми се смири, многу тешко душев, се тресев и цело тело ми трпнеше. Дури пред да влезам во болница, ми се згрчија нозете, за малку не се струполив. Среќа, одма ме примија, ми ставија инјекција, полежав малце да се смирам и ме пуштија.
    Така да, за други пропуст е и на некои лекари што некогаш не знаат да разликуваат итен од неитен случај.
     
    На ceca-1 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.963
    Допаѓања:
    327.317
    Пол:
    Женски
    затоа што ако закажат контрола со упат на истиот треба да се направи пресметка која се праќа во фонд.Пресметка без платена партиципација не се важи.А пациентите се бунат што плаќаат за регуларно здравство а камоли за контрола плус да им побараш пари.

    нема што да се смилуваат пациентите.Обично пациентите се закажуваат да речеме до 1:45 ..тие се завршуваат па на ред до крај на работно време(14,15 часот) се примаат приоритетите или контролите :)

    ние бар така функционираме и не се буни никој.Кога ке видиш си има горе доле утврден ред кој како треба да биде прегледан само што на повеќето пациенти не им се чека.А реално гледано и да не постои мој термин гужви пак ке има и туркање на врата со таа разлика што никому неможеш да докажеш од кога чекаш.
     
    На *Amethyst* и Dust им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.883
    Допаѓања:
    36.635
    Пол:
    Женски
    Mногу е просто решението. Го има во банките, па дури и во Веро го има :D Бројче ;)
     
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.199
    Пол:
    Женски
    Немам доверба ниту во државното, ниту во приватното здравство.
    Кај нас треба да доаѓаат лекари-мисионери и волонтери како во Африка што одат :D
     
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.803
    Допаѓања:
    173.181
    Пол:
    Женски
    @joy1 на таков принцип функционира и пулмо во ск, неурохирургија, кардиологија...
    Барем последниве месеци научив се(facepalm)


    Совет од мене што супер ми функционира во пракса.. на мојтермин видете кога е последниот закажан термин и одете тогаш на контрола..
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.963
    Допаѓања:
    327.317
    Пол:
    Женски
    е арно де и овде имаш бројче на упат :) и листата е залепена на врата па се знае кој кога му е редот
     
    На *Amethyst* и Dust им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.883
    Допаѓања:
    36.635
    Пол:
    Женски
    Да де, за тие што имаат закажано којзнаееее од кога. Оти реално има еден куп специјалисти кај кој за да закажеш треба да чекаш со месеци, а во меѓувреме тешко тебе... Или... да одиш со приоритетен па да ризикуваш да не завршиш работа. Или... да се врати стариот систем :D без оваа глупост наречена мој термин. Може идејата била добра, не знам, ама реализацијата како и кај 99% од работите кај нас е сра*е.
     
    На ceca-1 и Yowannty им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.963
    Допаѓања:
    327.317
    Пол:
    Женски
    па потпишете петиција да се укине
    може и ке ви успее ;)

    порано дали два тројца успеваа да се снимаат на кт.Денес се снимаат по 15 пациенти дневно од што 'неможат да дојдат на ред'
     
    На *Amethyst*, Dust и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Мој термин е многу убава работа и кога ние луѓево во оваа наша Македонија ќе знаеме да почитуваме ред и закон, кога ќе ги заборавиме врските да ги бараме, кога ќе научиме што е приоритетно а што не е, кога ке заборавиме да плукаме и кога немаме плунка, кога ке се искултивизираме малку повеќе ....еееееее, тогаш ќе сфатат дека тоа е наубавата и најпрактичната мерка за одење на лекар.
     
    На *Amethyst*, Dust, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.360
    Допаѓања:
    182.607
    Пол:
    Женски
    @joy1 Каде што сум одела на прегледи и контроли, на врата стои дека приоритетите чекаат после редовните, а за контрола ништо не пишувало. Не постои такво "пишано правило" каде за контрола треба да чекам на крај на работно време, патем и да постои, пак не е издржано исто како и за приоритетен упат, зошто најчесто скоро сите патуваме во друг град, па според тоа, и никој не тропа по болнички врати од забава, туку од мака.
    Ако не постои МојТермин, ќе има и повеќе гужви да, ама бар ќе завршам работа тој ден, а вака требам да трпам болки и да се кљукам со апчиња со недели, само за да дочекам да дојде мојот термин и да бидам услужена. Епа од тој аспект, не фала, пошо сега имало некој ред туку така некој што го смислил.
    Нема врска, мој термин е совршен, и ние не сме болни, само глуматаме му иде. На крај ние ем болни ем криви. :)

    @Maro87 Епа да. Ама тие со тоа се хранат и хранат голема маса од земјава. И богами добро пропагандно ухранети сме.
    И како некој погоре што кажа, МојТермин е добра идеја, добра замисла, ама потфрлено е со реализација.

    Бар со стари упути цел ден ќе чекаш ама ќе дочекаш таа снимка да ја добиеш денот ти кога сакаш, а вака ќе добиеш снимка МојТермин кога сака. Па ко преживи, причаче.
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Денот на контрола ти го кажува специјалист доктор и он ти кажува во колку часот да дојдеш..така да не гледам проблем во контролите.
     
    На *Amethyst* и joy1 им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.803
    Допаѓања:
    173.181
    Пол:
    Женски
    За ова баш и не се сложувам...

    Пред мојтермин ме имаат вратено со упат за ртг на клиника со образложение дека смената завршила...а јас со болки
    После отидов на приватно, итно ми беше..
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.963
    Допаѓања:
    327.317
    Пол:
    Женски
    неможеш цел ден да чекаш.Затоа што си постои работно време и лекарот си оди.А ти штом имаш термин он неможе да си оди додека не те прегледа.

    за контролата логички е дека ке е после закажаните,затоа што закажаниот е моментално болен а контролниот бил пред две недели,примил терапија и способен е да почека за разлика од болниот.
    На секој извештај стои контрола за 14 дена,за 30 дена и нас секогаш не прашуваат пациентите кое време да идат.Впрочем тоа веќе е до човекот.Како е по Скопје(пример) незнам затоа што не се прегледувам настрана.

    кога сме веќе кај ртг снимки за плуча конкретно ние ги даваме за 10 минути.Кт е друга прича бара детално отварање на цд,читање и пишување на опширен извештај.Затоа се чека ден два

    в прочем овде од далеку се гледа кој е ви е проблемот :)
     
    На *Amethyst*, Dust и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.360
    Допаѓања:
    182.607
    Пол:
    Женски
    @baba Rada да, ми кажува кој ден да дојдам, а кое време ќе завршам работа е под знак прашалник.

    @Dust секој со своето искуство, генерално, јас не сакам гужви ама денеска чекам во просек 2 недели, па попрво би гужва и еден ден.

    @joy1 само затоа што е контрола и некој бил под терапија, не мора под дифолт да значи добра здравствена состојба, бар ти тоа треба да го знаеш ;) Ама во ред, до толку сме ограничени во земјава што ако те видат на нозе одма етикетата "...тебе ништо не ти е. Можеш да чекаш ти.

    Знам дека вие од далеку гледате кој ни е нас проблемот, а и кога нема вие пак ќе видите. :)
    Мене на пример ич не ме интересира кој е вашиот, јас си ја раскажувам мојата мака и моето искуство и сочувствувам со другите. :)
     
    На ceca-1 и anaja1 им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Тебе ти се допаѓа стариот начин на преглед, не знаеш кога и дали воопшто ќе завршиш, а тука сигурно е дека ке завршиш.:)
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.360
    Допаѓања:
    182.607
    Пол:
    Женски
    Имам поделено мислење искрено. Ова ми се свиѓа што имам МојТермин за преглед кој не ми е итно потребен. И кога мојот термин доаѓа, добивам порака да ме потсети и плус скоро и воопшто не чекам ред пошо нели си имам мој термин. Тоа многу ми се свиѓа. Не ми се допаѓа што тогаш кога нешто ми треба итно, нема слободни термини и завршиле приоритетните.
    И баш тогаш чекам по 2 недели. Кога тоа би се средило би било уште подобро. И тоа со контролите ако се најде начин да се добива термин јас највеќе би го поддржувала МојТермин. :)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Ако ти треба нешто ИТНО, тогаш оди слободно и без упат на ургентен.
     
    На joy1 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  18. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.956
    Пол:
    Женски
    за итни случаеви имаш ургентен, тоа и џој ти го кажа, не знам зашто уште мислиш дека и за ургентен ти треба упат.
     
    На joy1 и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Ооо што беше државна без мој термин... да не влезеш. Ќе оздравиш уште од врата кога ќе видиш што е внатре :tmi: Знаеш дека треба да одиш да се снимаш и цел ден си го резервираш за тоа. Зашто еден Господ знае кога ќе завршиш. И уште колку ќе чекаш за резултати.

    Мене да ви кажам искрено ми се допаѓа сегашниов систем, не дека е совршен, ама многу проблеми реши. Кога закажувам преглед од кај матичната, она секогаш ме прашува кога ми одговара, кој ден, попладне или претпладне, гледа кога има слободен термин и ми кажува, па си бирам. Не се случило да чекам повеќе од 15 минути да речеме, и тоа обично зашто некој повеќе се задржал од предвиденото, не затоа што некој се мушнал преку ред.

    @Yowannty за итни случаи ќе те примат на ургентен и без книшка.
     
    На joy1, *Amethyst*, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.883
    Допаѓања:
    36.635
    Пол:
    Женски
    И сега има што влегуваат преку ред. Има и случаи кога е пребукирано (ништо ново де) па докторот не може да стаса, итн.. а ти си чекал со месеци за термин и пак чекаш кога ќе дојдеш “на терминот”
    Ај да речеме ова е донекаде ок, ќе закажеш и ќе одиш на преглед. До тука во ред. Ама, агонијата почнува отпосле. Треба на контрола да дојдеш. Оди влези да те видам и дојди на ред. Нема теорија. И? Што е сменето од минатото? Исто беше и порано. Тогаш се чекаше, сега се чека. Само што сега дополнително ги искомплицираа работите со еден куп бирократија, па докториве се чудат дали се доктори или писари.
     
    На ceca-1, anaja1 и Yowannty им се допаѓа ова.