lele nema da zazalis samo nemoj da.go pomesas ima za.sunka i ne mi se sviga,zemi si za meso tamu pise 300 gr jas stavam 500,i obavezno 2pomali ili edno pogolemo kromitce lele mi se prejade
^ Кaкo успеaвте aлaл дa ви е, вo вaквa темa дo рецепти зa сoсoви дa стигнете. Ни срaм, ни перде, ни oсет.
Имаме иста крвната група, иста бојата на очи, на десниот образ и двајцата имаме бенки, не сме љубители на алкохол, и двајцата сакаме да готвиме, сакаме долги прошетки, тивки места. Двајцата сме срамежливи, додуша јас сум многу повеќе од него ама тоа е, емотивни сме, лутењето не држи најмногу по половина саат, Јас девица, Тој стрелец.. Има уште ама мe мрзе сега да пишам, достa е
Само во едно нешто сме слични, а тоа е дека и двајцата мразиме цигари. А во други работи па и не сме баш слични. Тој сака многу мачки, јас многу кучиња. Јас имам многу инат, тој нема толку. Јас сум секогаш точна на време, а тој е бетер од девојчиња, мислиш се шминка дома па го чекам некои +10 минути. Ама па како, треба да го оставиме момето да се среде, каде без тоа? Ама еве, тераме некако, скоро 3 години се трпиме.
Со сопругот сме прва година во брак. Имаме ист хороскопски знак (лав), иста крвна група, не сме љубители на алкохолот и цигарите, сакаме прошетки во природа и тивки места, не сакаме спонтани и непредвидливи ситуации, јас сум посмирена и тивка, тој е темпераментен и поимпулсивен, јас сум емотивно поладен тип, а тој сака моменти на емотивни изливи и во сето тоа бараме некоја прилагодлива средина. Не сме ни многу слични, ниту пак премногу различни. Не поврзуваат некои суштински особини, а на другите учиме да се навикнуваме меѓусебно и заедно да функционираме. Никој и ништо не е совршено, но за се може да постои убав збор, договор и разбирање за да бидеме посилни заедно.
Пред да почнеме врска разговаравме што сакаме, што не сакаме, што правиме во животот... 90% од нештата ни беа заеднички. Но, отакако почнавме врска почнаа да излегуваат некои спортивни нешта. Она што е заедничко - сакаме рок/метал, сакаме тетоважи, повеќе сакаме мирна атмосфера, да излеземе во парк, на кафе, во ресторан или да останеме дома, отколку да одиме по дискотеки и ноќни клубови, љубители сме на пиво и општо на алкохол знаеме да се запиеме, сакаме животни, отворени сме и можеме за се да разговараме, иста крвна група сме, речиси исти бои на облека носиме, двајцата сме од оние што попуштаат и не се расправаат, двајцата сакаме три деца и се имаме договорено за имињата Двајцата сакаме груб секс, гурмани сме, спортски тип на луѓе... итн.
Физички како брат и сестра. Сите не прашуваат дали сме роднини, па дури и ние почнавме да се сомневавме и испитувавме поколенија уште на почеток на врската хаха. А карактерно, не многу. Мислам, доста време сме заедно и имаме некои слични навики, развиено љубов кон слични нешта (храна, цираги, секс, филмови, серии, прошетки, кучиња итн), но тој е пример многу подружељубив, многу полесно може да се спријатели со него, остава добар впечаток, се труди да ги насмее и расположи сите околу него, оптимист... Додека јас не, јас прво кога се запознавам со човек мислам дека е најлош, па после одлучувам дали ќе му дадам шанса да ми каже каков е или не. Веројатно и затоа оставам впечаток на арогантна личност и не сум многу обожавана у секакви друшта. Можам да се снајдам и да отворам тема за било што, ама зависи од моето расположение. Не може да биде секој пријател со мене, за разлика со ММ што тотален странец може да му се отвори од дно на душа.
И ние сме за во ист кош Сличности ни се само висината(и двајцата високи) ,логичари и што сакаме да филозофираме по малку. Другото е се контраст! Тој романтичар-јас не така многу. Тој уметничка душа - јас не така многу Тој бира пастелни бои- јас Се што е дреч. Тој старки строго- јас што ќе стигнам( не ми игра улога марка,цена итн) Јас спортист-тој не. Јас соја,житарки,банани - тој право во седмица(најголема љубов сендвичот) Јас гледам нештата да се функционални - тој да е се естетски подредено Јас лав-тој рак Јас имам многу пооптимистичен поглед на животот надевајќи се дека се ќе биде во ред кога тогаш додека тој имајќи големи планови за во иднина знае да се онерасположи од ситници кои можеби ќе му се испречат на патот до таму а можеби НЕ. Ама крај на крај интересно ни е
Па .. имаме иста замисла за животот, тоа како би сакале да ни биде. Инаетот ни е скоро ист, додуша секогаш тој попушта кога се караме за нешто. Вкусот за храна ни е ист, знаеме да се насмееме, јас повеќе сакам да одам по забави тој и не толку. Со вкусот за музика и филм скоро сме тука, во кревет се совпаѓаме одлично. Алкохолот го љубиме и двајцата ама до одредена мера, кога правиме нешто го тераме до крај и тоа онака како што би требало да биде, инаку воопшто и не го почнуваме. И двајцата знаеме да искажеме чувства .. Друго незнам што да истакнам ..
Порано мислев дека убаво е да си спротивност од партнерот ама кога започнав врска со дечко ми сфатив дека сум била во заблуда. Не би можела да функционирам со некој што е целосна спротивност од мене. Можеби тоа е интересно на почеток, или пак кај кратките врски, ама на долгорочно, не. Со дечко ми сме премногу слични. Прво имаме ист стил на облекување, сакаме иста музика, сакаме исти места за излегување, шетање, сакаме слична храна, сакаме авантури, амбициозни сме, и двајцата сме против цигари и пороци, имаме исти размислувања за 90% од работите. Иднината ја гледаме на ист начин. Принципите и правилата во животот ни се исти. Размислувања во врска со другари, семејство, воспитување на нашите идни деца се' тоа ни е исто. Многу пати мајка ми ми збори: "Кај се најдовте исти и двајцата, абе брат и сестра да бевте немаше да бидете толку слични" Има малку работи каде што сме различни, јас на пример многу повеќе зборам, многу повеќе енергија имам во мене што морам да ја истрошам, понетрпелива сум, а он е повеќе смирен, трпелив, толерантен, потешко можеш да го изнервираш. И тоа го балансираме, добро ни е и на двајцата што сме во тоа различни зашто се надополнуваме. Он е тука да стисне кочница кога јас ќе претерам, а јас сум тука да стиснам на гаста кога он ќе забави. Не би го менувала за ништо на светот. Сега за сега можам слободно да кажам дека совршено функционираме.
ocite ni se slicni zeleni.karakterite vaka taka i toj nareduva i jas.so pogled se sfakame,i po glasot se znaeme,na nacinot na koj so izgovarame nesto znaeme koj so saka
За многу работи сме сосема различни. Како на пример лева и десна хемисфера. Тој е лева, а јас пак десната. Тој е логичар, а јас пак креативец. Јас наоѓам креативни решенија, знам да летнам во облаци. А,тој пак е приземен и рационален, реално ги согледува работите... Но, од друга страна пак, сме совршено несовршени. Заедно си ги надополнуваме недостатоците, заедно си ги усовршуваме предностите. Двајцата знаеме да бидеме многу романтични, сакаме долги прошетки и сличен вид на храна. Пиеме ист пијалок. Двајцата не пушиме, он ретко пие алкохол, а јас воопшто не пијам бидејќи сум алергична на етанол (главната состојка во алкохолот). Мислам дека сме идеални сродни души. Да се баравме на гугл, немаше да се најдеме. хахах Но, најбитно од се е дека се сакаме и почитуваме. За мааните е релативна работа. Ако некој вистински сакаш, нема да се проблем. Само разбирање и доверба како темел за одлична врска!!
Јас и мојата љубов за сите векови Аман многу личиме, ни се случило и да не прашаат дали сме брат и сестра
Многу сме различни. Интересно е што оние основни вредности кои родителите ни ги втемелуваат како деца ни се исти, исти основни вредности почитуваме и се трудиме да ги максимално реализираме/почитуваме кај другите. Но за се останато тотално различни што поочигледно стана при 24/7 живеењето во брак. Значи да му речев на некој стројник да ми бара толку поразличен од мене партнер немаше да успее толку.