Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку треба да го знаеме друштвото на дечкото

Дискусија во 'Врски' започната од soncusko, 29 јули 2010.

  1. soncusko

    soncusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8

    Според мене бо требало да ги знам и неговите другари, али ако толку веќе неможам да вклопам во нивното дтуштво, океј е... можеби..
    Барем тој со моето стои добро :)
     
  2. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Ја знаеме онаа поговорката ‘Со кого си-таков си‘.
    Ако дечкото е поврзан со другарите ако излегува со нив, а тие на пример да се на лош пат, како прво нема ни да ми биде дечко, а како второ, и да нема фатено лоши патишта кога-тогаш покрај нив ќе фати.
    Ако не се дружи нешто особено, ако си се става себеси пред другите, ако и самиот признава дека другарите му се на лоши патишта тогаш тој е трезвен и би одела со него. Еден крив правец-ок. Друг крив правец-ТHE END.
    Немам ништо против ако другарите му се океј..Само да не се некои пијаници, наркомани, мафијаши, коцкари, тепачи.
     
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.511
    Допаѓања:
    23.171
    Пол:
    Женски

    Слично е и со мене.Дечко ми е пд друг град и кога идам кај него,излегуваме со неговото друштво во кое има и женски на другарите а има и некои сингл што се :) Убаво си живеам со девојките на другарите..Кога сум таму заедно одиме на прослави,на кафе...За Нова Година и за 1ви Мај бевме заедно..и супер ми е.. :)
     
  4. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170


    скрос истава ситуација ја имам..и за 1ви мај и за нова год и за другаритее :lol:
     
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.484
    Јас и со тој претходно и со овој сега делам скоро исто друштво. Не сме секогаш сите на број, но најчесто сме заедно и поубаво ми е така. :) Ми одговараат неговите другари и драго ми е што не се некои кои би ми ја упропастиле врската, напротив. Во неговите неколку најдобри другари спаѓаат мои блиски соученици, деца кои ги сметам за драги и навистина добри другари, исто така тука е и братучед ми кој е најдобар другар со дечко ми. :)
     
  6. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Доволно. Треба да знам со какви теста Господови се пафта, да не го расипаат... да не ме срами де! :^)
     
  7. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    582
    Кога се накаде парови, или барем уште еден пар секогаш одиме заедно, кога нечија девојка може и смее да дојде истото важи и за мене.
    Кај нас е друго, друштвото ни е заедничко(поголемиот дел). Зборам за оние најблиските, што се секој ден тука.
    Ама ако отиде кај некој колега и ако тој е сам или со уште еден колега што барам јас таму, ама ако дојдат и девојките ќе се налутам. Не зошто се женски туку зошто и тој има девојка и треба да ја земе(во парови се).
    Никогаш не сум му рекла ај сега да ме запознаеш со тој и тој, зошто знам дека тој самиот ќе каже.
    И да, слободно можам да кажам дека скоро сите ги знам. Ако не у живо бар на слика. :rofl:
     
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Го знам цело негово друштво, а и горе-доле се знам со нив и пред да бидеме во врска.
    А и тука сме во близина, секој со секого се знае, така да не ни имало некое посебно запознавање. Освен со оние со кои стварно сум немала никаков муабет, или не сум ги познавала.


    Во однос на насловов на темава, мислам баш ќе ми биде глупо ако не знам кои му се другари, со кого сака да се дружи, излезе надвор и сл. И не знам, која девојка не го знае друштвото на дечкото, стварно.
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Доволно добро треба да се знае.

    Од една другарка бившиот се дружеше со сомнителни лица, а наводно тој не бил како нив. Ама, на крајот испадна дека сите биле исти - наркомани.

    Од друга другарка, исто така бившиот цело време беше со женско друштво, сите распуштеници, ама тој ги фалеше демек убави девојчиња се. На крај испадна дека се плескал со нив.

    С ким си такав си - не се рекло за џабе вака.
     
  10. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Доволно го познавам друштвото од дечко ми,секогаш кога тој иде кај мене иде со другари како у пакет да идат сите..добро сега се делиме ја и тој после ама неколку саати ги поминуваме со друштво негово..така да ги знам какви се.. :)
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.351
    Не сакам да сум премногу блиска, ама не сакам па ни да не знам ништо за нив.
    Отприлика ме интересира колкави се, каде одат, некоја пропратна информација колку да си оформам некоја слика во глава, а детални биографии не ми требаат особено за оние со кои се гледа два пати месечно :)
     
  12. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Мислам дека треба да се познаваат, од причина што утре да се најдат сите заедно да не се чувствуват нелагодно и како да не припаѓаат таму. Јас искрено би сакала да ги познавам (не да ми се мене другари) ја сакам и таа комбинација заедно каде што ќе го видам тој како се однесува кога е со нив, и да направам разлика со тоа како се однесува кога е со мене на само, кога е со мое друштво! :)
    А и сепак неможете секогаш да сте сами... :)
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Ги познавам кои се и што се, но не сум баш блиска со нив. Сепак мислам дека е важо да ги познавам, да знам отприлика со какви луѓе се дружи, да не се некои сомнителни, наркомани итн. Инаку не ми пречат, ок се. :)
     
  14. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Ако сакаме сериозна врска треба да го знаеме друштвото на дечкото , така поарно ќе видиш каков човек е :wasntme:
    А иначе јас многу добро го познавам друштвото на дечко ми и скоро секој ден излегувам со тоа друштво се зближивме многу . :)
     
  15. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    зависи колку долго сте во врска :) на почеток нормално е да сакате да сте сами..
     
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Според мене треба секое женско да е блиско со другарите на дечкото. Јас од другар на бившиот дознавав како една ку*** му се додворувала, а дечко ми ништо не ми кажуваше. Дознав и како бившите му доаѓале на работа и сл и не не е ништо лага од тоа што ми го кажуваше, јас за таа ку***** со свои очи се уверив... за малце не ја искршив од ќотек ... :punch: :punch: :punch: :punch:
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Друштвото на еден човек многу кажува за него искрено.
    И фактот дали го има или нема исто доволно кажува за личноста, според мене.

    Добро го познавам друштвото на дечко ми и многу ми се допаѓа.
    Дечките се супер, сите се интересни и позитивни, фини деца.
    На почетокот мислев дека девојките им се малку чукнати :lol: , ама веројатно истото го мислеле и за мене.
    Нормално, ние жените додека не се измериме од глава до пети, со доза на резерва и сомнеж, не сме живи.
    Но, со тек на времето ги запознав и сите се добри девојки.
    Сме поминале неколку излети, викенди и нови години и одлично беше.

    Мојот дечко го знае моето женско и машко друштво.
    Нормално, на моите им нема рамни, :D тоа е друштво снова, и исто си поминуваме одлично.
    Се бендисаа. ;)

    За мене е подеднакво важно да имаме супер друштвен живот, како и кога уживаме сами.
     
    На lovely91, JuLleE и rossonerka им се допаѓа ова.
  18. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Па друштвото влијае врз личностите,и вие запознавајќи го него,индирекно го запознавате и неговото друштво,ма да јас мислам дека друштвото не е меродавно за една личност,иако истото има определено влијание :)
     
  19. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Битно е и тоа многу, барем кај посериозните врски. Јас моментално и немам некое друштво, но двете девојчиња кои ги сметам за најдобри другарки супер го прифатија. Неговите најблиски другари, фала Богу ме прифатија мене и супер се дружиме но има 2-3 други што излегуваат заедно со нив што колку и да се трудам неможам да сфатам зошто сум им антипатична. Не дека ми имаат кажано дека имаат нешто против мене, но некако поинаку се чувствувам во нивна близина. Дали така се однесуваат бидејќи сега тој поминува повеќе време со мене а не со нив стварно незнам (сите тие се сингл, не биле никогаш во озбилна врска) ...... :^) Сепак имам прекрасен дечко и секогаш ме вика со него да одам насекаде кога се собираат во друштво со девојчињата (кога не се излезени само машко друштво-тогаш и да ме повика не одам ;) ) без разлика дали тоа му пречи некому или не. Со девојчињата имам супер комуникација, прекрасни се.. :)
     
  20. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    јас мислам дека треба да се знае друштвото на дечкото..еве на пример другарите на мојот бивши мн блијаеа на нашата врска....а мојот смотан бивши повеке се секираше за нив отколку за мене затоа и раскинаве....инаку јас ги знаев сите негови и другари и другарки и тој моите..секогаш ме водеше и викаше со него и така ни се споија моето и неговото друштво и беше прекрасно...секаде одевме заедно..додека сега овде во италија е се поразлично дечко ми има еден другар со кој излегува и братучед му ..другите му се пријатели тој така ги дели ги знам и пријателите нормално..а другарму е навистина фино и прекрасно дете има ддевојка со која мн добро си живееме...додека тој има запознаено две мои другарки..имам само колешки онака формално оти не се дружат мн мн некако не се дружељубиви ама и не се замарам мн имам повеке другари кои повекето ги знае дечко ми ама во глобала излегуваме со неговиот другар и девојка му и братуцед му..а јас преку ден си одам на кафе со колешки,колеги,другари..сето тоа го знае дечко ми ..нормално знае со кој одам и каде ...ама убаво ми е вака ..мн подобро од мк ..некако помирна сум