1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку треба да го знаеме друштвото на дечкото

Дискусија во 'Врски' започната од soncusko, 29 јули 2010.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Важно е да го познавате друштвото, прво од причина затоа што тоа е слика за самиот него. Какви му се другарите таков е и тој. Од друга страна важно е да ве има запознаено со нив, за да знаете дека не се срами од вас.
     
  2. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Ужасно многу е важно!! Дури пре би рекла да го запознаете неговото друштво барем површно па потоа да се решите нешто со дечкото. Не значи дека ако неговиот другар се дрогира (пр) дека и тој го прави истото, но верувајте чим се дружат нешто ги држи заедно. Некогаш е тоа добра работа, некогаш лоша.. Не велам да земете цела историја да им ја дознаете туку чисто онака, 1-2 пати да излезете со нив да видите отприлика какви луѓе се и каков е вашиот тип во нивно присуство :) Јас тука малце згрешив, не дека испадна нешто лошо, но сега кога сме со друштво ми се чини дека не го познавам дечко ми, бидејќи ние секогаш сме искачале или сами, или секој со свое друштво. И тоа е голема грешка :!:
     
  3. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Треба цело друштво да го знаеме, почнувајќи од машки па се до женски. Машко кога запознава девојка со неговите другари значи тогаш е озбилен со нејзе. Но кога мисли да биде како ветрушка не се ни замара дали ќе те запознае или не. А и плус според неговите другари може да се заклучи каков е тој. Ако на пр. сите другари му се дрогираши не верувам дека он не е.
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Ским си такав си :D неможе другарите да се од идиот до идиот, а ти да си така фин. Нешто штрчи тука, да си ти така фин, нема да се дружиш со нив. Нормално е машки другарски односи да бидат поразлични (вулгарни муабети и сл. ) валјда нема да збори така со мене нели, но страшна спротивност од тоа што мене ми сервира до тоа каков е со другарите, значи нешто не валја.
    сепак доволно е да се запознаат, неколку пати кафе и слично, нема потреба од континуирано дружење, секако неможеш со секого да си најдобар пријател :)
     
    На Nausicaa и Summerlover им се допаѓа ова.
  5. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    52
    И јас го знам друштвото на дечкоми. Со 3-4 можам така да си напраам муабет а со др не толку. Сега ќе почнам да се заимам со сите во друштвото, сега за сега е добро :) па понатаму ке видиме :D
     
  6. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    52
    Ги познавам другарите на децкоми, но тој се друзи само со еден најверен другар, а другите сите се разделени кои со колегите од фах, кој со зенски и така тој се друзи само со еден другар. но насето друство е од моја страна, моите другарки и децковците и така сме си најверно друство и од нисто не се срамиме и мн ни е убаво :)
     
  7. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    ги знам другарите на дечкоми со некој од нив да се видам на улица ќе се гушкаме,си правиме моабет ама има и некој што се неподносливи-на нив ни здраво не им викам на улица :D
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Дали ќе ги запознам или не, не ми било важно. Со некои од нив се запознав и сите се покажаа добри спрема мене, тоа пријатно ме изненади. Но само се запознавме, дали понатака ќе развиеме некој поблизок однос ќе видиме, што, повторувам, не ми е многу важно.
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Јас не го знам целото негово друштво, но тие што ги знам се покажаа како добри спрема мене и немаше потреба да се правам нешто друго или да се правам како нив за да бидам прифатена.
     
  10. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Јас додека бев во врска не ги запознав неговите другари, ниту пак тој моите другарки и другари.
    Сум сакала да го запознаам зошто премногу ми значеше, а јас никогаш не запознавам некој само заради тоа што ми е дечко.
    Типот со кој бев во врска преку тоа што не сакаше и не се трудеше да ме запознае со никој ми делуваше како да крие нешто, исто така и со други негови постапки. Неколку пати го среќавале луѓе, а тој се однесуваше исто како да е сам, како јас да не стоев до него.
     
  11. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Има двајца најдобри другари.. Ги знам и доволно ми е. Не се женкари, а само едниот од нив има другарки. Но, тоа не ме плаши бидејќи имам пред се доверба во дечко ми. Тој искача со другарите, а само еднаш со друштвото на другар му. Све у свему, не ми е проблем. :)
    п.с. Ме имаат прифатено, но не искачам со нив. Многу окворд ситуација е... Три мажи и јас. Тоа е исто како да дојде со мене и моите другарки... Сепак си имаат и они “мушки“ муабети. :) Беше скоро на концерт со другар во Солун на музика што јас не ја слушам. Не сакам да превртувам очи и да се преправам дека ми се свиѓа. Ми се пофали дека си поминале феноменално. Чат-пат знае да отиде онака со другарите до Солун, бидејќи он работи од дома и го има целото време на светот, а јас работам. Па, нека си се издува на раат :)
     
    На marija1907 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Секако дека сакам да го знам кругот на луѓето со кои искача/се дружи, прво за да ми биде мирна главата кога нема да сме заедно, второ некогаш ако не можам да го добијам да можам слободно да ѕвонам на негов другар/другарка.
    Нити ми е проблем да искачам со негово друштво.Ако гледам дека некој му значи а тој притоа ме почитува, ќе пробам да бидам со добри односи за да не дојде до непријатни ситуации.
    Досега сум била прифатена од сите другари на моите бифши.До ден денес со некои и зборам и искачам и се дружам.
    Почитта останала
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.