1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку факултетот влијае врз врската

Дискусија во 'Врски' започната од Loly77, 5 октомври 2013.

  1. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    Не најдов ваква тема, а баш ме копкаше ова. Ако сметате дека е без врска, во канта ;)

    Сега сум 4та год и имам 1 годишна врска. Сега за сега, фала богу се е супер. Меѓутоа знам многу примери од парови кај кои врската се уништила кога отишле на факултет. Некои поради тоа што студирале во различни градови, па далечината си го направила своето... Некои иако биле во ист град, запознавањето на нови луѓе, нов начин на гледање на работите, сорзревањето или пак љубомората, којзнае, им влијаеле многу, па раскинале.

    Знам дека ако една врска е исполнета со искреност, почит, разбирање, доверба, се ќе биде во ред и не може туку така да се уништи но во тој период се случуваат многу промени па врз некои работи неможеме да влијаеме.

    Особено мизерно ми е она што ми го кажа моја другарка. Дечко и бил 2 год поголем и кога заминал на факултет се било во ред, но потоа и раскинал. Причинава било како демек имал премногу обврски, за учење бла бла, неможел често да се враќа дома, немало да може да се гледаат и сл. а по некој месец излезе дека има друга девојка |( Значи за другава има време :^)

    Или пак кога уште пред да отидат на факултет раскинуваат, дека секој по свој пат трга. Па и ова ми е без врска, ако не друго може барем да се обидат да ја одржат врската, од кај знаат веднаш дека неможат да бидат заедно
    Како ви беше вам кога тргнавте на факултет? Имавте по некои кризни моменти? Или по некој ваков пример, и што мислите дека е решението за ваквиот период?
    Мене ме плашат ваквите промени, дај боже се да биде во ред меѓу мене и дечково нареднава година, кога ќе почнеме со студентскиот живот :)
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.642
    Пол:
    Женски
    Ако дечкото има разбирање за тоа што значи сесија,напнатост и стрес пред сесија,предавања во 8 саат сабајле и рокови за семинарски нема да имате никаков проблем.
    Факултето како и секоја друга обврска си бара посветеност и време. Не мора да сте од различни градови за да има влијание.Јас не студирам во друг град но со многу дечковци сум имала проблеми баш ради наведените причини. -Зашо вечер не идеме у град, како тоа немаш време да искочиме да се видиме, како тоа да не идеме у јануари на зимување да мораш да полагаш у таа сесија,како у јуни да не идеме на одмор повторно да мораш да полагаш во јунска сесија, зашто вечер да мора у диско да седиме до 2 наместо до 4 пошто мораш да станеш за на предавања рано и сл.

    Сите различно се носиме со одговорностите така станува збор за разни примери.Некој може се да постигне,да научи 100 страни и да искочи некој не. Јас сум од втората група ма често врските ми трпеле ради тоа. Но, не жалам за тие раскини. Ако некој навистина ме сака ке биде свесен дека тоа е битен дел од мене,дека не е некоја активност со која можам да правам што сакам и нема да ми замери коа место за 1ви мај да одиме негде на неколку дена ние ке останеме во Скопје.

    Во поглед на случајот со другарката.Кога се тргнува на факултет се почнува нова страна од животот. Се запознаваат нови луге,пред тебе се нови предизвици. Некој вика дека средношколските денови се најубави,некој вика дека факултетските денови се најубави. Таму запознаваш луге кои се на твоја бранова должина,со кои делиш и по неколку саати дневно ,со кои имате заеднички работи.
    Со оглед на тоа дека таа уште била средношколка дечкото кога тргнал на факултет мислам дека промената во неговиот живот била тоа што тој запознал некој позрел од нејзе,некој со кој ке има поинаква тема на муабет од тоа каков тест напраив денес во школо и по кој предмет добив 5ка.Тоа е тој мост кој не дели од детските денови и возрасните денови. Само тој што здраво седел дома и учел факултет има разбирање за тие кои ке кажат дека немаат време за нешто друго. И мене ме остави еден дечко под изговор дека има уште 3 испита до дипломирање и дека мора да ги заврши у наредните 3 месеци.А врската си бара и време и посветеност на партнерите.АКо го нема тоа ондак нема ни квалитетна врска.Од друга страна како што кажав и науката бара време и посветеност па доагаш до точка кога ставаш на кантар што ти е побитно.Девојката или иднината.Особено тешко е кога спротивната страна нема разбирање за тебе и всушност тука избива куршлусот и прекинува врската.

    На крајот се се сведува на тоа да имаш некој поред себе кој ке те разбира во секој поглед.Еве јас со моменталнот дечко додека траеше сесијава во сеп. се видовме преку сила 4 пати во цел месец. Но тој никогаш не ми пререче за тоа.Цело време викаше факултетот ти е најбитен положи си ги испитите па после на раат ке се глеаме. И навистина така е. Безрезервната поддршка што ја добив од него многу ми значеше за разлика од оние кои ми правеле притисок во тие кризни денови дека не се глеаме доволно и сл. Колку луге толку карактери.Најбитно е да го најдеме капачето за лончето а се друго само ке си биде како што треба.
     
    На cresa-jagoda и Loly77 им се допаѓа ова.
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Еден професор на факултет вели: "Позади секоја одлука стои добра и издржана причина, меѓутоа за да таа одлука стапи на сила обично ни треба само еден мал и незабележителен повод."

    Така што, за да една врска која е разнишана се распадне не треба многу. Доволно е и најситна и најмала глупост да биде поттик за да на сето тоа дојде крај. Факултетот, како и СЕ друго останато околу никогаш не е вистинската причина за раскинување на една врска. Пак ќе кажам тоа е само повод.
     
    На cresa-jagoda, IvanovskaM и Silver.E им се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Додека бев на факултет дечко ми имаше многу разбирање за мене.
    Сакаше да го завршам факултетот и само ми помагаше, не ми одмагаше.
    Секогаш беше тука да ме ислуша каде се жалам за професорите и испитите.
    Некогаш доаѓаше на факултет со мене (ако требаше нешто ситно да завршам), а и со кола често ме носел.
    Учев претпладне, за попладне да сум слободна со него.
    Честопати со пријатели излегувавме заедно, а по дома седевме сами...па така имав време за сите..
    Кога на некој убав ден или празник имав испит, стално висев на мобилен со него, се жалев, а тој ме тешеше, ајде издржи.
    Кога ќе положев нешто прво нему му се јавував, а потоа го частев нешто за испитот...
    Се дружев само со поблиските, немав многу нови колеги, па така од негова страна немаше љубомора или проблеми.
    Си имавме заеднички пријатели, па ретко одев на студенстски забави, кои и онака не ги сакав.
    И така фунциониравме супер...
    И како вчера го паметам моментот кога дипломирав, па кога одев по дипломата... Тој беше со мене, главен, и многу ми беше мило што издржавме во се.
    Имаше тешки, напорни моменти, карање (кога нешто ни дошло преку глава, па истури се еден на друг), ама имаше и преубави моменти.
    Со љубов и разбирање, ништо не е тешко.

    И сега после се, имам мизерна работа, а со него врската ми виси на конец. :sweat: :(
     
    На cresa-jagoda и okcenzi им се допаѓа ова.
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Мора да постои разбирање, тежок е секој факултет, но ако имаш мотивација и желба за тоа што го студираш не треба да се секираш.
    Мојот дечко уште одеше на факс кога започнавме врска, но тоа не претставувало проблем, напротив, јас бев таа која упорно го тераше да учи, да не излагаме, учев заедно со него. Заврши и на дипломирањето бев само јас-тој така сакаше. И секогаш, секогаш за се се поддржуваме.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    20.843
    Јас скоро завршив факултет а со дечко ми сум од 3 год средно. Ако успееш да ги избалансираш и врската и учењето верувај ми нема да имаш проблеми. Јас и излегував и седев кај него и учев и некако се постигнував само цврста воља. секако дека мојот имаше разбирање ама и на него му доаѓаше некогаш ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД ТВОЕТО УЧЕЊЕ. Го завршив факултетот, само треба некогаш повеќе внимание да му посветиш внимание да не се почувстува запоставен и дека книгата ти е побитна. Ако добро се организираш ке имаш време за се, верувај ми.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Влијае и тоа многу, слушајте вие паталецов што има да ви каже. :lol:

    И тоа си е индивидуално, ако некој си е поемотивен по природа како мене и моево момче, сигурно многу повеќе би го погодило, отколку некој со како да кажам - поширока душа. :)
    Исто и захтевноста на факултетот е многу битна, јас на пример сум на Архитектонски и на факултет сум фул-тајм, речиси целиот ден ми минува таму и немам многу време за тинтири-минтири по социјалните мрежи, а дечко ми исто така студира на еден од најтешките факултети во областа на природните науки и плус тоа, студираме во различни градови - сплет на околности, тоа е тоа.
    И никогаш си немаме преречено околу изборот, се знае - секој сам си ја носи оваа одлука и нема потреба друг да меша прсти во и така големата збрка.

    А рака на срце, факт е дека ако се сака се може, па се навикнуваш по некое време и ти станува секојдневие. Мене на почеток многу ме погоди ова, но ете сега кога нели веќе отрпнавме :D , дури и ми стана поинтересно кога наближува еуфоријата викенд (или продолжен викенд) кај мене или кај него. Немате поим колку е слатко кога ќе се видиш со саканиот после недела, две, три и тие неколку дена кои си ги посветувате еден на друг ви се гледаат како цела вечност и дури не знаете што попрво да си кажете и си стоите така простум и си се зјапате меѓусебно ко нетокму. :lol:
    Меѓутоа, не негирам дека потребни се преголеми нерви и преголемо трпение и обострана желба за да се одржува контактот и да не се „оладат“ двете страни или уште полошо, едната.
    Треба да знаете и кога да преќутите, кога да зборнете и сето останато и пак ќе го спомнам трпението и компромисот, зашто не секогаш есапот излегува ист дома и на пазар.

    Мене на почеток луѓево ми се изначудија и нашата врска уште од старт ја етикетираа како невозможна, но јас ниту чувствував потреба да прекинам нешто за кое било вложено толку љубов и труд, ниту пак имав некои сомнежи дека некој можеби ќе се премисли и ќе почне да шантра. Дури и не гледам на ова како причина за насочување на врската кон удолница, ами си го гледам како обврска која мора да си се истера до крај - во случај факултетот (кој го чувствувам далеку од обврска, мене љубов ми е ова што го учам), дури предизвик ми е да ги исположам сите испити до предвидениот рок и да ми почне летниот распуст на време, па да си се љубиме цело лето.
    Исто е и со дечко ми, постојано си се поддржуваме во врска со оваа тема.
    Ако мислите дека го имате вистинскиот човек до вас, тогаш не ја испуштајте можноста да си го запишете факултетот кој го сакате и да се надоградувате во таа област, а ве молам и немојте да дозволувате злите јазици и рандом луѓе да ви глумат судија и да ви кажуваат „ова вака не би успеало“ или „не заебавај, тоа е невозможно, измачување е“ итн. итн. итн.

    Не дозволувајте да ви солат памет, ниту пак да се каете што не сте ѝ дале шанса на врската затоа што и тука важи онаа добро познатата - нема да знаеш ако не пробаш.
    Можеби и ќе се изненадите, ху ноус.
     
    На Dream-Girl, cresa-jagoda и thelittle17 им се допаѓа ова.
  8. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    Се навратив на темава што сум ја започнала, мило ми е за сите вас кои што сте го завршиле факултетот и сте ја задржале врската.
    Јас порано сум се грижела како ќе влијае факултетот, кога планирав да студирам во Скопје, а не бев свесна колку покомплицирана може да биде ситуацијата...
    Сеуште сум со истиот дечко, и врската ни е стабилна, се е прекрасно, но...
    Ми се отвори можност да студирам во Словенија, моите се сложија, ме поддржаа и ми рекоа дека ќе можат финансиски да го издржат тоа. Многу се израдував, но само за кратко. Пак се сетив на ова...
    Можеби ако бев во Скопје, и двајцата ќе студиравме таму и се ќе беше супер, но вака?
    Свесна сум дека со заминувањето во Словенија ќе се создаде огромна празнина меѓу нас. Ретко која врска на далечина успева, а тек па кога е на толкава далечина... Ќе можеме да се гледаме само 2-3 пати годишно и тоа во овие луди години кога запознаваме нови луѓе, забави, лудувања... :|
    Свесна сум дека шансите да остане се во ред се минимални. Се двоумам дали да направам компромис, да останам овде и да ја пропуштам шансата што можеби целосно ќе ми го промени животот, или да ги следам своите амбиции па што биде нека биде....
     
  9. MadeToLove

    MadeToLove Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Студирањето во странство ќе влијае врз вашата врска секако, не сакам да ти солам памет, но одлуката да студираш во странство може да ти го промени целосно животот на подобро. Ако не отидеш, еден ден може и да се каеш, може и да раскинеш со сегашиот и цел живот ќе се обвинуваш зошто не си отишла. А, од друга страна е тој. Ќе ти треба огромна подршка од него ако ти одлучиш да студираш во Словенија, реално не знам дали и ќе ја добиеш. Млада си и како што кажа ќе запознаваш нови личности, ќе се забавуваш. Самото запишување на факултет со себе носи нови познанства, плус ако е во друга држава запознавање нови култури, луѓе од други држави, ќе стекнеш образование, ќе се изградиш како личност. Тука и нема некои шанси да постигнеш нешто без да те турне некој, реалност е тоа. Имаш можност да изградиш кариера надвор, нешто што е неостварен сон на многумина.
    Јас за мене да си кажам. Со дечко ми сум година и пол, на средината од прв семестар се фатив со него и до сега никогаш не ми преречел кога имам за учење, тој дури и ме тера да учам кога ме мрзе. Тој не е на факултет, ама има разбирање за мене, и кога сум на предавање, кога треба да учам. Од ист град сме и мислам дека затоа немаме проблеми во врска со моето образование.
     
    На Loly77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    А што кога оваа препрека се гледа како пропаст, само од едната страна?
    Можеби гори малку надеж, ама сепак на таа тема преовладува песимизам..?
    Нешто во смисла ќе пробаме - ако бидува нека бидува, ако не тоа е тоа, ама изгледа дека далечината ќе го направи своето..? Под далечина не се мисли за надвор од границите на земјава.

    (Ситуацијава не е лична, но е на некој близок кој ми значи и на кој психолошки сакам да помогнам/подготвам)
     
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Loly77, иако тебе 1-2 годишна врска во средно ти изгледа многу, да знаеш дека не е баш така.
    Сите менуваме критериуми за партнерот со тек на време, а особено во периодот после средно, кога одиме на факултет. Уште сте деца и немој да мислиш дека ќе сте вечно заедно. Да, има веројатност, ама ништо не е сигурно.
    Инаку сега со нискобуџетниве летови, ќе доаѓаш сигурно барем 1 на два месеци, не претеруј сега дека ќе сте се гледале 2пати годишно :)
    И сама си пишала дека факултетот ќе носи нови познанства, независно дали е во градот во кој ќе сте со дечко ти заедно или во посебни градови. Може и овде на факултет да запознаеш друг.
    Имај на памет дека можеби, овој не е вистинскиот, дали вреди да се пропушти добра шанса за образование? Ако сте еден за друг, ќе успеете и вака, ако не сте никако нема да успеете.

    Во принцип, животен партнер можеш да бираш повеќе пати, дозволени се и промашувања, а кариера - еднаш.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Зависи што студираш :lol:

    Прво не сфакав зошто на филмовите во универзитетите прикажуваа како никој не е во врска и сите си спијат пријателски. Се запишвав во Шефилд и сфатив зошто :lol: Ако студираш - студираш, нема врска, нема време нема жифци...

    Моите книги тежат повеке од мене, а не сум многу слаба. Пракса уште од прва година по 6 часа на ден, предавања, свашта. Нема баланс, не време за дечко, некогаш немам време за спиење. Би немала време буквално да го помислам не па да се видам со некој. А, ако после добар испит најдам време, сигурно нема да го трошам на некој закавги и слатки бакнежи.. Мислам се убаво, но стресно е, после испит си сака алкохол. Ако некој студент не го разбра ова, најверојатно студире англиски или диф, со извинение. Уствари незнам како е во глобала во Македонија не сум студирала, но гледајки ги моите екс другарки и другари, сфакам дека некои само се шетаат до факултетот. Секоја чест на медицинарите во Скопје, верувам дека таму сите се сингл...
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Дали факултетот влијае врз врската зависи и од други фактори.
    Кога бев прва година на факултет, тогаш бев и во врска и функционираше добро. Одев на предавања редовно, и тој исто, се гледавме 3-4 пати во неделата и имаше време и за учење и за нас. Стабилни бевме за разлика од последната врска од која размислував да се откажам заради факултетот. Тој заради мене престана да оди на предавања и изгуби цел семестар, сакаше со мене да го минува времето, јас се трудев редовна да бидам и да не ги следам неговите непромислени постапки. Но ми беше проблем учењето заради него. Потоа, тој кој беше од друг град но студиравме во истиот, реши да почне да работи и си остана таму, во родниот град па за средба мораше да патуваме. Затоа средбите се сведоа на минимум, јас со обврски и дома и на факултет можев да си дозволам само еднаш до два пати месечно да отидам таму или тој толку пати да дојде. Тоа му сметаше и јас си реков дека од нешто морам да се откажам. И така направив. Од него се откажав.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Знаев дека ваква тема постои, некогаш и некаде како помала ја имав прочитано и ја побарав, па ја најдов. :D

    Влијае многу, не само на врската туку и на социјалниот живот. Особено факултети што се премногу захтевни, со вежби и предавања од јутра до сутра, со милион предмети и полагања само во еден семестар, а не па нешто друго.

    Да не беше дечко ми разбран, дека некогаш во испитна се случува и преку 2-3 недели да не се видиме зошто максимално сум се посветила на учење и испити, ништо друго не ме интересира мислам дека немаше да опстои нашево.
    Исто е и неколку дена пред и за време на колоквиумска, со никого не се гледам и тоа е тоа. Си знаат сите блиски дека е така.

    Често ме нема со часови ни онлајн зошто учам, битно е многу што ми верува, не ме напнува кај сум со саати и што стварно има разбирање, ниеднаш досега не ме напнал зашто учам толку и некогаш стварно не му посветувам внимание премногу. :tmi:
    И тој учи, истото важи и за неговите полагања, си имаме договор дека на прво место факултетот ни е, па према него ќе ги правиме и сите други планови. :)
    Да не беше толку разбран и да не ми беше поддршка одамна ќе беше крај. Јасно ми беше дека нема да имам време за рашетавања кога ќе му текне на некого и за муабети по цел ден и цела ноќ, па доколку немав партнер што има разбирање за тоа и те како би раскинале ради студирањето.

    Секако дека ни требаат челични нерви и разбирање и на мене и на него, бидејќи иако студираме во ист град, не живееме во ист град, тој патуваше секој ден за на факс и си одеше дома, не живее тука, а сега па со онлајн наставата уште помалку е тука. Но, свесни сме дека е минлива оваа ситуација и така се седи дома еве ради пандемијата, па ја користиме приликава за да гледаме да положиме што повеќе испити. Он уште само 7-8 испити има до дипломска, па периодов ептен се посвети на тоа да заврши најкасно до следна година ова време. Кога ќе работи понатака мислам дека ќе ни биде полесно, барем едниот од нас нема да има рокови и полагања, па ќе се прилагодуваме повеќе, а и би требало да живееме во ист град. Периодов уште помалку се гледаме од порано, но така се погоди... :?:
    Мислам и дека затоа издржав толку долго во врската на далечина, не сум човек што се гледа често со луѓето, да речеме што не може без да ги види ете, повеќе сум посветена на да речеме кариерно поле ајде, па не ми претставува проблем и да не се видам со некој со денови, посветена сум си на други обврски.
    А и преубав е филингот кога после толку денови конечно ќе се видите со партнерот, па ќе прославите за положени испити/колоквиуми итн. :D Па радости за слободните денови што ќе ги пројдете заедно, баш @Mishela како што пишала пред многу години. :D

    Но, општо што сакам да кажам е ниеден партнер не треба да ви ги крати крилјата и соништата ради него да ви пропаднат. Ако сега факултетот ви е пречка, т.е таму на некого му е пречка и ве замара зошто толку учите, може и треба да размислите дали ве заслужува. Денеска дечкото е тука, но факултетот ви нуди некоја иднина и сигурност на долгорочен план. Понатака може така и за работа да ви прави, да не може да напредувате и слично.
    За една врска да успее мора да се има разбирање дека не се врти се околу партнерот и љубовта, во животот има и други работи на кои мора да се посветиме, а за да успее се мора и баланс и малку жртва на нешто од нешто периодично. А и факултетот е минлив, 4-5-6г ќе е така, после нема да е така, ќе имате и повеќе време, а ако сте си биле поддршка еден на друг за време на студии уште повеќе ќе се зближите и заедно ќе созревате, растете, напредувате. :) Здрава врска е тоа, никој да не ви ги сече крилјата и ништо да не ви е "пречка". :)
     
    На theowndemon, noteforself, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    1.448
    Пол:
    Машки
    Без разлика дали станува збор за факултет, работа или било што трето, се се сведува на тоа колку тој или таа сака да биде со вас. Додека вие од 1000 лоши причини гледате 1 добра за да успеете, тие можеби од 1000 добри бараат една лоша да ве откачат. Имаше еден цртеж не можам да го најдам сега каде што се прикажани една Роза и еден Кактус и додека розата се восхитува на малото цветче на кактусот, тој го гледа трнот на нејзината дрчка, така е и со луѓето. Ако се сака ќе се најде решение, ако не ќе се најде изговор.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Секако дека може да влијае, особено во тек на испитна сесија или кога се оди на предавања и вежби по цели денови. Клучна е довербата и разбирањето.

    Друга опција е партнер/ка од истиот факултет, таман и исти интереси ќе имате :lol:
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Не дозволувам факултетот да ми влијае врз врската, како и врската да ми влијае врз успехот на факултет.
    Заедно и живееме, наскоро ќе имаме дете, ама тоа не ми предизвикува пречка во учењето. Учам додека тој е на работа, кога е дома му се посветувам на него, а ако можам издвојувам уште некој саат за учење. Често се случува и него да му расправам шо учам, да му ги раскажувам лекциите, ми дава негово мислење, некогаш и ми помага (прочита нешто шо не ми е јасно па заедно си го објаснуваме) и така.
     
  18. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Добра тема.
    Во мојата врска факултетот и те како влијаеше, затоа што бев запишана на захтевен факултет кој истиот ми беше приоритет.

    Една од моите врски не успеа баш поради балансот дечко-факс кој го немавме (го немаше од негова страна), а јас се што барав е да ме разбере колку голем стрес доживувам во време на колоквиуми и испити.
    Кој бил на факс знае и те како се стресни тие недели и единствено нешто што е потребно тогаш е добар разговор и мала утеха.
    Дали мене не ме разбираше поради фактот што он немаше факултет и не му беше јасно колку јас имам тежина и сакав се да завршам, не знам, а и касно е сега да навлегувам во тие прашања, но едно е јасно дека врската факс - дечко може да опстои само ако има обострано разбирање и поддршка да се успее.
     
    На tinka-mace, Dream-Girl, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    520
    Треба добра организација на времето и да се постават приоритетите и нема да има никаков проблем.

    Мене ми се поклопи со дм да ја почнеме врската баш пред тргнување прва година на факс.
    Во одредени моменти ме фаќаше паника дека новава врска ќе ми се рефлектира негативно врз успехот, или дека можеби поради мојата окупираност со факс ќе го изгубам дм. Но успеав да се изборам, од ден на ден се подобро го организирав времето, а мора да потенцирам и дека секогаш наидував на разбирање од негова страна, па, еве фала Богу, се заврши како што посакував. :)