Постојат такви теми fitnes/vezbi-za-nozete-t271/ кога вежбаш нозе вежбаш и задник, неможеш само еден мускул да вежваш. fitnes/vezbi-za-race-t2733/ Инаку вежбам 3-5/6 пати неделно. Зависи од обврските кои ги имам и колку сум уморна.
Секој ден.Ми требаше многу време да почнам но конечно собрав сила.Сега веќе некое време откако вежбам и се чувствувам многу поздраво и полна сум со енергија.Обично вежбам наутро пред да одам на училиште
летото вежбав секој ден,а откако почнаве со училиште два пати неделно(најчесто сабота и недела) поради голем број обврски,за зимскиот распуст ќе гледам да вежбам секој ден
Веќе еден месец вежбам секојдневно. Порано не ни помислував дека јас ќе го правам тоа, но сега ми прерасна во навика, а и се чуствувам прекрасно.
4 пати неделно посетувам теретана, а кога не сум на теретана пак вежбам дома ама со помал интензитет.
Вие што вежбате секој ден мислите дека тоа е во ред и ќе постигнете нешто? Мускулот расте додека одмара. еден ден е основно правило да се направи пауза ..
Вежбам 4-5 пати неделно во теретана. Најчесто одам 2 дена, 1 ден правам пауза, па пак одам 2 дена, па пак пауза. Така ми е некако најдобро. Во деновите кога не одам во теретана често дома или се истегнувам убаво или вежбам 15-20 мин пилатес/јога каде што повторно акцентот ми е ставен на истегнувањето. Имам доста нерастегливо тело, посебно нозете и од секогаш сум сакала да направам шпага, а никогаш не сум успеала. Затоа толку сум упорна со истегнувањето, со цел еден ден да дојдам и до шпага
Секој ден по пола саат Р90Х 3. Освен кога е ден за јога тогаш ја вежбам јогата од првото Р90Х што е саат и пол пошо ја обожавам. Кога имав пари и одев во теретана секој втор ден одев по саат и пол во просек. И така. Еднаш кога ќе почнеш да вежбаш тешко се престанува, најгадно е кога ќе почнам да осеќам како ми атрофираат буквално мускулите. П.С. За нешто да стане навика потребни се 21 ден повторување, а за да престане да биде навика 3 дена. Затоа никако повеќе од два дена пауза.
Најмалце 5 пати неделно, а некогаш и секој ден, 3 пати вежбам степер по еден саат плус скоро саат ипол вежби со тежини за намалување на килажа. Баш кога ќе почнеш не можеш да застанеш
Пон-Сре-Пет одам на аеробик. Планирам секој откако ќе се разбудам да вежбам барем 30мин комбинирани вежби.