Колку често разговарате за брак и кој го иницира муабетот?

Дискусија во 'Врски' започната од orinoco, 27 април 2010.

  1. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    67
    6 години сме во врска, он има 32 години а и јас тука некаде и сакам да го средиме тоа прашање , па често иницирам и инсистирам на брак последниве 2 -3 години. се надевам оваа година ке ми се исполни желбата оти купи стан и белки ке биде и тоа, инаку 80% од моите врсници се скрасија и со деца и ги усрекија своите родители. може ли вие да ми кажете нешто за вас или јас сум поинаква.
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.463
    Зошто поинаква, па што има лошо во тоа да сакаш брак ако се друго ти е веќе подредено. Ајде со среќа нека биде оваа година и да ти се исполни желбата побрзо :)
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Ние жените сме малку поосетливи за таа работа. Па нормално е и да бидеме иницијатори на таа тема. А мажите секогаш мислат дека е рано |( Ама ај ќе биде се, само ако отворено се разговара.
    На авторот на темава, многу среќа, се надевам дека ќе биде свадба за брзо.
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.354
    Допаѓања:
    14.828
    Пол:
    Женски
    Јас и дечко ми секој ден разговараме за брак. Најчесто тој го иницира муабетот. Планираме следната година да правиме свадба.
     
  5. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    33
    На голема жалост ние порано постојано разговаравме на таа тема за за ралика од сега воопшто и не ја отвараме или кога ќе ја отворам јас бидејќи секогаш јас сум иницијатор дечко ми шизнува и веднаш почнуваме да се караме :( :( :(
     
  6. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    17
    Најчесто дечко ми е тој кој го иницира тој муабет.
    Мене ми е убаво кога го слушам ама од претходното мое искуствоне сакам да планирам ништо однапред...
     
  7. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    103
    on go inicira muabetot insistira ama mene nekako seuste ne mi se slusa ! :lol: :lol: :lol:
     
  8. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    103
    lavce ne bidi tazna tuku obidi se da razgovaras mirno i poleka so decko ti mozes da pocnes vaka " Prekrasno mi e vo vrskava bi sakala cel zivot da ni e vaka." Pocni da mu izjavuvas ljubov, da go guskas, galis...i prodolzi da mu zboruvas deka bi sakala sekoe utro da se budis pokraj nego da ne ve razdeluva veke nisto nitu eden cas...ako gledas deka toj povtorno siznuva malku podrazmisli dali on voopsto e za tebe? na pr. zosto gruba reakcija pri izjava na ljubov? Ne mu zboruvaj cesto, neka pomine eden period samo sekogas priogaj mu so iskazuvanje na ljubov i neznost, a on ako i ponatamu nervozno reagira ...ispitaj malku prasaj go da ne ima nekoj problem? Razgovaraj so nego,i vi drzam sreka i na dvajcata. poZZ. :*
     
  9. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    33
    Dool фала за советот. Ќе те послушам па ќе видам дали ќе има некој резултати :)
     
  10. sexymama

    sexymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    69
    nie bevme vo dolga vrska pred brak, megutoa ne zboruvavme na taa tema voopsto nekako
    se dojde nekako spontano i brzo :inlove:
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.258
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    Па искрено, јас и мојот свршеник не се оптоварувавме многу околу тоа. Заедно сме година дена, а пред три месеци ме побара за жена. Така да, тој беше иницијаторот. Ама сигурно ако почекаше уште некое време јас ќе го побарав :D
     
  12. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    67
    фала на оние кои искрено ми посакаа да се скрасам,инаку Аннах, како што читам ти веке 1 година си била во врска и згора на тоа велиш дека ако не го сторел тоа ти ке си го сторила(честито и ти посакувам срека) ами јас која сум 6 години во врска и на ај да не речам токму години (затоа сите само тоа ме прашуваат та ај кога ке биде , кога ке играме, што чекате и знаеш какви се не други фрази својствени за македонскиот менталитет) . Ама мене не ми е гајле што прашуваат и мислат другите туку како јас се чувствувам. Мене ми за тоа како јас се чувствувам. Бевме заедно на одмор каде ли не, ги поминавме сите фази на запознавање та дури пред три години и до последната фаза и сега веке ни е се исто ај да не речам монотоно. Многу се битни и факторите за мажачка , ние, мислам дека сега ги имаме сите, ем работа, сме административци и добро платени, сме магистри и еве сега станот се реши и не можам да речам дека доага крајот туку почетокот на една нова врска ткн. маж и жена а после и мајка и татко трансформирање на улогите. Са со овие работи животот се менува а со тоа обврските и гајлињата. Барем јас мислам дека е така. Во природата на човекот е да кога е во врска да очекува да се земе, па кога ке се земе да очекува дете , па ај сега да не продолжувам, но и да види дете од своето дете онака како што моите сакаат оти се во поодминати години. Не сме сите исти и некој кој не се чувствувал како мене не може да ме сфати. Знам дека тој е другата половина и во секој поглед ми одговара инаку немаше да чекам некого толку долго. Понекогаш си го поставувам прашањето Што ако...? ,
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.258
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    Orinoco, јас потполно те сфаќам и знам како ти е, верувај. Искрено и од срце ти посакувам да ти се исполни желбата и оваа година конечно да се скрасите со саканиот. Нормално е дека во оваа фаза на животот кога веќе сте постигнале се што сакате да одите кон тоа да си го средите и брачниот статус па и да имате деца. А остави ти тоа што велат другите, секогаш било и ќе биде така. Пред една година јас мислев да чекам додека не ми се среди се како што сакам, да имам работа, свој стан, кариера, па тогаш ќе си најдам човек со кој ќе сакам да се омажам. Арно ама, не ми било така пишано. Сеуште немам работа во мојата струка (веќе 4та година и покрај сите мои напори, а инаку чат-пат излегува понешто), но сфатив дека повеќе не можам да чекам да дојде и тоа, затоа што, не дај Боже, тоа може и да не се случи. Затоа реков дека ќе го побарав јас, ако тој не го направеше тоа. Од проста причина што знам дека е тој ТОЈ. А зошто ти не го побараш дечко ти, па да видиш како ќе реагира? Нема ништо лошо во тоа.
     
  14. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    33
    Те сфаќам во потполност како ти е и ти посакувам барем годинава да го решите и ова прашање. И ако видиш дека он не ја отвара таа тема пробај ти отвори ја да видиш како ќе реагира ;)
     
  15. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    кога ќе се напиеме по некоја чашка... само тоа ни е муабетот :rofl:
     
  16. yummy

    yummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    46
    Неколку пати на зезање има спомнато, ама мене ме престрашува тој муабет во било каков поглед, без разлика дали е само зезање или сериозно :(
    Мислам....рано е да се замарам со тоа. Кога се би ми било средено во животов под конец тоа би го направила околу 30-тата год. ;)
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.802
    Ние си се имаме договорено, ако се иде според планот нели, за две години во септември негде :) Ама ќе видиме како ќе испадне.
     
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    1.677
    Не зборуваме воопшто, ниту збор а врската трае веке четири години. Мислам дека почнам да ми пречи, сакам барем некогаш да зборуваме на таа тема, ама не знам како да почнам? а воопшто не сакам да вршам некаков притисок, ама пак од друга страна некогаш ми е многу чудно бидејќи за ова време заедно никогаш да не ја чепнеме оваа тема
     
  19. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.344
    Пол:
    Женски
    Во последно време он, изгледа од дома му рекле дека не е веќе млад, време му е :D ама мене не ми е :D
    Не дека не ми е убаво вака во врска туку напротив, супер ми е вака и единствено би се земала заради децата, да не ни бидат вонбрачни :D
    Инаку секога ќе помислам на свадба паника ме фаќа од се, од организација до гости , до фустани... јас сакам нешто едноставно ама фамилијата не дечко ми е голема и знам дека ќе имаме голема свадба ама онака баш свадбарска свадба, со ора, тетки , стринки...се , колку и да не сакам тие се луѓето, неможам да ги сменам.
    А сме правеле муабет, онака општо што очекуваме од брак, он си лета во облаци малку, демек свадбате е хепи енд на една врска а незнае дека тек тогаш почнува се , дека ќе има промени па од време на време го подзаплашувам со деца, плачење, нема веке авантуристичи одмори, нема пушење дома, нема гости до сабајле, нема пиење секој викенд... колку да си знае што го чека :D
    Немаме конкретно определено кога, ама планот мој е да ја бранам дипломската , летово да си го поминеме релаксирано а после Нова Година да правиме сериозни планови, инаку дечко ми сега ќе прави 27 год а јас имам 23 год.
     
  20. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.208
    Штом тој не сакал да зборува за тоа, можно е да било заради тоа што сакал прво да го среди станбеното прашање. Ако се сакате сигурна сум сега одкако се средил да биде и свадба! затоа не се секирај! ;)