јас сум 2 години во врска и до душа немам години за мажење оти имам 20 ама сепак многу си го сакам дечкото ама секогаш кога ке мму подспомнам нешто одма почнува да ми се лути демек не му биле годините сакал прво да напрај куќа за 2-3 год. па да се вработел и после ќе се женел
јас сум со дечкоми скоро седум години и имам 22 години без два месеци па нон стоп го имаме на тема прашањето за брак и со него последиците и одговорностите.така да не сме спремни за брак иако тој ќе наполни 25 години,мислам дека ни е рано,после факултет нема проблем,ама одвај чека да имаме детенце тоа најмноооогу го сакам од него,зедно да си го чуваме гледаме и така
Јас многу сакам да си се омажам,ама најпрво да си го завршав фак,да престане тој да оде на работа во странство(сакам да работи тука),и да се оделиме од неговите дома,зошто неможам да живем со постари луѓе се осеќа разликата во години .Инаку тоа ни секојдневна тема на разговор,па и двајцата чекем да се средат некои работи па потоа да стапиме во брачните води
se vo svoe vreme ne e potrebno da se razgovara potrebno e vreme za da se sfati deka eden za drug ni del od sekundata ne mozete
2 години сум во врска со дечко ми. Тој најчесто ми спомнува брак, а јас не сакам. Не ми е до брак уште сум млада, имам 18 години, и кога ќе ми спомне веридба или брак одма меувам тема. Ми вика да завршиш факултет и одма те земам не ми е гајле, не можам без тебе. Јас само си се смеам, што можам да правам.
3 и пол год,скоро 4 сме во врска, тој најчесто ми спомнува, но млада сум бре, уште 18 имам, не ми е гајле што тој има 23 и размислува за брак
скоро една година сме во врска, а уште од вториот месец поцна да ги прави муабетите за брак или неговите муабети за ,,иднина,, на почеток не му правев баш муабет на таа тема..ама после се навлеков и јас и почнав...па како ќе ни биде , па кај ќе живееме..пошто он не е од скопје и така си правевме планови...ама јас ништо од тоа не сваќав баш сериозно или како нешто што ќе се случи во блиска иднина...епа дечки дојде и денот кога клекна на коленици, почна да плаче и ми го постави прашањето ...... .. уште не мислам дека ќе сакам свадба за еден месец додуша и не сме правеле посериозен муабет за што кога како(пошто прашањето беше поставено вчера) дефинитивно свадбата ќе почека
На оваа тема разговараме уште на почетокот од нашата врска! Можеби прерано беше,ама само по себе се наметнуваше, сакавме да си покажуваме еден на друг колку многу ни се сериозни намерите, колку многу се сакаме,колку многу имаме планови што мора да ги реализираме! Меѓу тие планови често пати ни беше и бракот и деца и наш дом-како цели што мораме заедно да ги оствариме! Сега кога јас имам 23 години, а дечко ми нешто повеќе од мене зачестивме со овие разговори! Едогласни сме, свадба ќе има најверојатно догодина (ако се се одвива како досега) Мене не ми смета ако од некои причини дечко ми сака да одложи за некое време, а знам дека и јас ќе имам разбирање од негова старна ако побарама да се премсти тој настан за понатака! Зрели сме и двајцата, вработени со скромни примања, стамбеното прашање за среќа не ни е проблем...значи скоро сме подготвени! А и родителите веќе сакаат да играт на свадба Врската ни е подолга од 6 години, намерите ни се сериозни...сакаме брак, сакаме деца...и тоа ќе биде наскоро! Се надевам!
Ама ме погоди темава , право во срце . По 8 години врска нормално е да разговараме за брак, само што има еден проблем, дечко ми не е баш воодушевен за таа тема, свадби , трошоци и тие работи. Неговите и моите од дома секој ден само за тоа зборат, а ние решивме прво да направиме бебе, а ако бидеме семејство, да бидеме како што личи. Јас искрено почесто зборам за брак, ама сепак не сакам да испадне дека го терам на сила, секако веќе живееме заедно, па не знам што би ми се сменило со потпис во матично Како и да е , се надевам дека господ ке ме благослови во скоро време, па ке запловам во брачните води
Со дечко ми се знаеме точно 3 месеци,официјално одиме една недела,но уште од првиот момент кога го видов имав чувство како да го познавам цел живот и од ден во ден се повеќе сум сигурна во тоа Наскоро ме очекува запознавање со неговите родители,има сериозни намери и најчесто тој е иницијатор на оваа тема ,сакам работите да течат спонтано ,планираме заедничка иднина,3 слатки дечиња и романтична свадба на брод ,кај и да е значи за скоро време ќе го кажеме судбоносното ДА.Моја желба е да се венчаме во Канео
Изгледа само јас и дечко ми не правиме муабет за тоа Не дека ми се брза, ама воопшто не ми ни подспомнал да се почувствувам убаво. Јас имам 20 тој 23, заедно сме скоро една година и никаков муабет, воопшто...
Биди среќна, шо ќе ти е брак уште отсега Ја не ни сакам во врска за брак да зборувам, има време за тоа, за едно 4-5 години може
И јас и дечко ми не разговараме баш на оваа тема и двајцата сакаме многу деца, ама има време за тоа. Моментално факултетов ми е на прво место, па после и специјализација ако работиве ми испаднат според плановите... Така да уште добри 8-9 години не би се впуштила во такво нешто Некако од оваа тема ми се крева косата на глава, па млада сум уште. Од друга страна па сите другарки ми се со врски подолги и од мојава, а и дечковците им се веќе стигнати во тие години. Така да се надевам дека за една година веќе редовно ќе си одам на свадбички,а ама за мојата има време
И ние НИКОГАШ ама никогаш не сме направиле таков муабет. Ниту ми е во план наскоро, ниту ми се брза, ниту ми значи нешто тој лист хартија лично мене, ниту ми влијае на самодоверба или ми носи некаква сатисфакција... Што знам, изгледа дека јас сум една од ретките која не ја воодушевува идејата за брак пред 30-тата... Или бракот воопшто, како институција.
Офи, ич не се секирај, тоа спонатно доаѓа (макар што знам дека и кај тебе важи она fuck me and marry me young )Мојов не сакаше да зборува многу за тоа, најчесто велеше дека тоа ќе биде секако и само здравје, ама откако се случи што се случи (проблемите пред некое време) стана ептен сериозен на таа тема. Планови имал, сериозни намери имал, сакал близнаци, бла бла, така да...почна и за тоа да прави мубает, кога му дојде јајцето на г***т, кога виде дека ќе му удрам клоците. И да ви кажам нешто, се тоа иде спонтано, ќе се гледате само двајцата, па ќе се запознаете со родитечлите, и да молчите и да зборувате кога ќе му дојде денот за свадба, ќе биде. Јас заклучив дека ако правиш планови пред време, не се исполнуваат кај мене
Со дечко ми сме заедно веќе 9 години,заедно живееме и баш ни е супер.Сме разговарале на оваа тема,најчесто тој е иницијатор.Ќе биде и тоа,но не се брзаме.Апсолутно ништо не ми менува тоа што ќе има документ и вака ни е добро.Најмногу ме нервира тоа што родителите постојано тоа ни го зборуваат,демек веќе е време,не сме од вчера заедно...бла,бла ...и велеме ќе биде,а кога ќе одлучеме вие први ќе бидете што ќе дознаете.
Тој има 22 а јас 21 двајцата невработени, факултет заврши сега и јас уште малку и како да размислуваме за брак. Мислам дека тој ич не е спремен иако имаме долга стабилна врска (сепак 22 год има) а и мене не ми е дојдено до мажење има време мали сме да пришетаме уште малку.... Се во свое време
Често разговараме за брак, се разбира дека сме млади уште јас имам 19 он 22, но за некои 3 години најверојатно ќе има свадба, околу тоа и двајцата сме среќни и возбудени