Со дечко ми сум 3 години и за чудо он го иницира муабетот почесто нормално не за во брзо време затоа што уште сме млади,али онака за во иднина,јас не зборам ништо затоа што од многу планирања може и да не го биде,здравје боже ќе видиме како што ќе биде има време!
Темава е навистина интересна.Да Ви кажам искрена во нашата врска дечко ми е тој што нонстоп започнува такви разговори,а јас во никој случај не сакам да слушнам за такво нешто.Во врска сме веке 5 и пол години(одам со него од мојата 17 година) и сметам дека барем уште година и пол би можеле да почекаме во однос на она прашање.
Идеме 6 години и првата година такви разговори немаше, ама потоа на шала секако. Убаво е кога и на шала ќе ти каже саканиот дека сака да му бидеш жена, значи вистински те сака и те замислува баш тебе засекогаш покрај него во животот со многу дечиња Ние уште кога почнавме да збориме за свадби си викавме ајде за 4-5 години ќе биде и цело време до ден денес ни е нас ај 4-5 години Баш пред година дена дечко ми вика а да намалиме барем на 3-4 години што викаш? Како и да е не ми се брза ич, среќна сум и што тој несака. Има време за брак, супер ни е вака, јас 24, тој 26, уште 2 години не верувам дека ќе има нешто, потоа ќе видиме. Како и да е мислам дека лицата од долгите врски потешко се решаваат да стапат во брак, наспроти оние со пократки врски кои побрзо се решаваат за свадба Претпоставувам овие со кратки врски велат зашто да чекам тој е тој, а овие со долги врски си велат кај идеме 7 години ќе идеме и 9 само дај да најдам нова работа, стан да купиме, да завршам постдипломски, ова она и летнаа годините...
Јас на темава размислувам како онаа народната, СО сила убавини не бидуваат Да убедуваш некого да се омажи со тебе е нешто очајничко според мене. Не може да се очекува од некој што бил притиснат и присилен на тој чекор да биде топол сопруг и татко. Не дај боже да сум во таква ситуација, јас ќе си размислам колку го сакам него во мојот живот, ако навистина го сакам ќе ја прифатам врската како таква и нема ништо да инсистирам.А би разговарала со него искрено секако...што и како си размислувам.
Па уште ни е рано година ипол сме заедно но ко на шала ке си го почнеме муабетот некогаш тој некогаш јас и си разменуваме мислења сепак уште ни е рано здравје да е има време
цесто пати си правиме муабет на тааа тема.. понекогас ја запоцнувам јас,а понекогас тој. Мали сме (јас 18,тој 21) и му имам казано дека не сакам рано брак. А тој многу сака деца, кога остана бремена неговата комсика на 19 год, јас бев тазна и несакав да сум никогас на нејно место(не сакам поради бременост да се мазам) а тој велесе јас да сум на маз и на местото мн ке сум срекен. И тоа многу ме радува сто сака деца, но ке поцекаме, мене ми е многу страв од брак
Во последнно време се повеќе ја отвараме ова тема, најчесто тој го започнува муабетот и така знаеме со саати да збориме за тоа
Оххх ја сум со дечко ми негде околу 2 месеци у врска, а бракот е секојдневна тема. Добро, ние повеќе од 5 години се плеткаме меѓутоа последниве 2 месеци формално сме заедно. И после толку време, сеуште не знам ниошто за него а ни он за мене. Инаку јас имам 23 години а он 29. До пред некое време збореше дека ќе биде вечен ерген и еве наеднаш му се смени мислењето. Ипак мислам дека можеби домашните, роднините, пријателите му прават проблем, затоа што он е најстар од друштвото а скоро сите другари му се веќе оженети. Јас пак од друга страна, не сакам ни да чујам за тоа, мислам е тоа е убаво коа се прават муабети за заедничка иднина ама од друга страна сеуште сметам дека сум мала за таква работа, прво не сум ни спремна ни физички, ни психички и деф. морам да го седнам деновиве за да знам дали муабетот повеќе е на шала или овој деф. е сигурен во тоа. Ја битно си кажав дека ако сака има уште мин. 2 години да ме чека, он па пустиот се плаши после да не бил стар за татко на 32. Е коа ми направи една таква тажна фаца, посакав уште истиот момент да ме побара за жена
Во последно време ТОЈ е причината за почеток на оваа тема , се почесто и почесто зборува за брак за заеднички живот како едвај чекал дека тој ден со душа чекал да го доживеее А јас ќе си го ислушам што има за кажување и само ќе кажам : Абе не се занесувај има време шо ти е И ќе почнеме со префрлување еден на друг
хаха многу често ... и се он го иницира муабетот... он уште одамна вика дека сака да се земеме ама јас мислам дека уште е рано бидејќи сакам да зваршам факултет па после да се земеме ама од друга страна почнувам се повеќе и повеќе да сакам да се земеме ама не се осмелувам да му го кажам тоа
хаххахах ТОЈ обично кога разговараме за брак она ко на шала моабет правиме зошто сме мнооооооогу млади за тоа и секогаш ме замолчува на крај со реченицата "Ако останеш трудна ќе мора да се земеме" аххахахахах многу е будалест
Често збориме за тоа, ама на почетокот јас немав абер тој спомнуваше како на шала, сега почнав и јас да ја начнувам таа тема, па тој почесто (ама сега озбилно, не на шала), едноставно затоа што ни е убаво да зборуваме за тоа, многу сме среќни кога ја планираме заедничката иднина, секако бидејќи се сакаме. Но пред некое време му реков дека не сакам многу да планираме на долго и на широко, од причина што докажано е дека никогаш не испаѓа како што планираш. Планиравме да си завршам факултет и да најдам работа, па потоа да си дојде се спонтано, но во последно време се понестрплив некако ми изгледа па ќе видиме, нормално дека ако ме побара дека нема да го одбијам кога го сакам и сакам заеднички живот со него, па дали било судено сега или за неколку години, не ми е толку важно.
Во врска сме 5 години и често разговараме за брак.искрено мене ми е рано и мислам за да бидам вистински срекна во бракот како што сум сега во врската,имаме подолг пат пред нас.едноставно некои работи треба да се досредат хаха
Најчесто јас, што понекогаш ми доаѓа да мислам дека го „напаѓам“. Но, он вели дека тоа е слатко и дека ќе биде наскоро. Па, сега колку наскоро... Ќе видиме
Има периоди кога скоро секој ден зборуваме за тоа, иницијатор е дечко ми тој сака да стапиме во брак, дека веќе време било, сакал на 25 години тоа да се случи, а оваа година полни 25 решен е на толку и нема предомислување цврсто е решен. Јас му велам рано е ама џабе зборувам Така да оваа година или наредната ќе биде нема бегање