Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку често разговарате за брак и кој го иницира муабетот?

Дискусија во 'Врски' започната од orinoco, 27 април 2010.

  1. reni"

    reni" Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    1.062
    Пол:
    Женски
    Nie sme vozrasni,bez prethodni obvrski dvajcata. Ubavo mi e so nego ama toj ne saka da slusne za brak. Imam cuvstvo samo deka si gubam vreme. Cetiri godini sme vo vrska. Neznam sto ponatamu,...
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не сака никогаш брак?
    Тебе ти е многу битно да си во брак?
     
    На reni" му/ѝ се допаѓа ова.
  3. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Прашај го отворено и нема што тука да губиш време.Сака или неќе...
     
    На WildMk и reni" им се допаѓа ова.
  4. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Види во денешно време, можеш да живееш во заедница без склучен брак и да имаш фамилија. Работата е дали ти сакаш брак и ти е многу битен и дали тој сака заедница со тебе значи под било какви услови на пример вонбрачно, не е морално да створиш нешто со некој само во брак. Преиспитајте се двајцата за вашите гледишта и во која насока сакате да ви се развива врската.
     
  5. reni"

    reni" Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    1.062
    Пол:
    Женски
    Jas sakam brak, toj ne saka ubavo si mu e vaka, plus Sega ima zdravstveni problemi i jas sum momentalno najmalku vazna.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Епа ќе мораш да додлучиш дали тие толку битен бракот.
    Ако ти е, нема што да губиш време со него.
     
    На reni" му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    А зошто често да се разговара? Доволно е еднаш да се каже мислење. После, ако се смениле некои гледишта, да се спомне. Ама да се тупи истото...
    Сме си ја кажале нашата желба и спремност, двајцата имаме намера прво да си обезбедиме живеалиште, па тек тогаш пак ќе ја отвориме темата, кога ќе има соодветни услови за заеднички живот, одвоени, само ние.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.497
    Пол:
    Женски
    Мене па ова ми е нешто што ми смета.
    Иако сме заедно долго, баш долго време (да не ме сфатите погрешно, додека бев средношколка мислев дека за ова време колку што сум сега во врска би било нормално да се земеме и да имаме дете веќе во школо) јас сега не се чувствувам така.

    И кога ќе му го кажам тоа не ме сфаќа озбилно туку секој пат постојано и постојано ја почнува таа тема. Како што пишала @Bitter-Sweet погоре, не разбирам поента постојано да се води истиот разговор.

    Значи кога ќе му кажам дека во скоро време не може да очекува од мене такво нешто дпбивам одговор ќе се предомислиш, јас сум решил, а што да купам прстен и утре стварно те побарам за жена ќе ме одбиеш?

    Не ме сфаќа воопшто озбилно и сум му кажала да заборави на запросувања од типот на изненадување пред пола фамилија само затоа што мисли дека би ми било непријатно да го одбијам пред сите. Да не би сакала да се случи такво нешто ама не би сакала да ме стави во таа ситуација само затоа што мисли дека така би добил потврден одговор.

    И да напоменам, неколку пати сум му кажала дека ако тоа што не сакам сега брак нему му е пречка или смета дека треба заради мене да чека, дека можеби треба да размислува да ставиме крај и да продолжи понатаму. Да не бидам јас таа што го задржува.

    Многу ми е непријатно кога истата тема се отвара по стоти пат и постојано истиот тек на муабетот....
     
    На Dust и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    12.402
    Пол:
    Женски
    Офф топик може малку, ама како така магично се појавуваат "здравствени проблеми" кога се има битна тема. Никогаш не сфатив оправдувања од овој тип, зашто нели во текот на една врска се има посекако настинки, грипови и сл. па може убаво да се види (не)грижата од другата страна.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.