со љубовта на мојот живот еднаш на две години, ова година дури два пати и доста е, сега наредно по три четири таман може и свадба да правиме
Зa 1 гoдинa и нештo штo сме зaеднo имaме прoпуштенo сaмo 2 денa без вoooштo дa се видиме...инaку секoј ден пo 2-3 сaaти или пoвеќе или пoмaлку. Имaлo денoви кoгa се гледaме пo 15 мин.рaди oбврски aмa тoa е реткo
Скоро секој ден, ама најчесто сме тие денови НЕРАЗДЕЛНИ! Па, скоро како да живееме заедно... Заборавив дома што значи да бидеш...
На почетокот скоро секој ден, сега сум во друг град бидејќи студирам па се гледаме само за викенди...и секој викенд ми е празник.
Секојдневно се гледаме. Од понеделник до петок поради работните обврски се гледаме навечер а преку викендите постојано сме заедно, понекогаш и преспивам кај него во петок и сабота.
Со последната девојка со која одев година и два месеци се гледавме понеделник, среда а петок и сабта спиеше кај мене, што значи малтене бевме заедно постојано. Ако ме прашувате дали мислам дека е тоа премногу? Да, мислам дека е премногу, но она беше таква особа ако и речам да не се видиме ќе ме удавеше по цела ноќ на скајп, вибер со милион нејзини претпоставки зошто не сум сакал да се видиме. Јас сум човек кому му е потребна приватност, тоа постојано гледање со едни те исти муабети буквално ме сморува.
вие што се гледате секој ден со партнерот во рани 20ти сте и што не сте венчани секако сте ми очајни искрено имам другарка што е скоро 8 месеци во врска и 24/7 е со дечко и не знаете каков очај е тоа за гледање какво газење на независноста и какво разочарување за нас другарките што веќе не ја гледаме нз кај ќе ви бидат другарките кога ќе раскинете со партнерот ... нз како не се гушите со тоа 24/7 гледање пс венчаните не ги дирам
@biGirl јас сум мажена. Затоа секој ден го гледам партнерот. Кога бевме во врска се гледавме 2-3 пати неделно.
кажав за девојки во рани 20ти што не се венчани венчаните не ги дирам фала богу него овие во врска што се само што се заедно 24/7 мене анкциозни напади ме фаќаат од нивното гушење
Секој ден разделени сме само 9 сати додека сме на работа. Заедно сме 2 год. и не ни е досадно дури не ни пречи што сме заедно нон стоп. Погоре прочитав нешто другарките додека сум со дечкоми бев и со другарките али по некое време другарките си го покажа вистинското лице јас си се дружев али они се понаша како да не постојам така да поздрав. Ако сакаш можеш да имаш време и за друштво и за дечко девојка. Секој ден го правиме различен со дм секој ден ни е се поубаво и после 2 год не ни е досадно веќе и план за заеднички живот имаме.