Секој ден. Ако не можеме да излеземе барем на 5 мин ќе помине кај мене на работа, ќе се видиме и си оди.
Секој ден се гледаме, некогаш зависи кога има работа, имам за учење, (тоа е најчесто испитна или колоквиумска кога имам) Инаку секој ден сме заедно, сабота преку недела кај него спиење зошто тогаш сме слободни двајцата, обавезно планираме викенд некаде да се одмориме барем еден два дена кога како. И нема врска дека ако си со дечкото нема време за другарки има за се во денот време, па и обврски сега колку што растеш созреваш поголеми обврски која на факултет која на работа немаме самите време за себе. Па добро како вие сте секој ден со другарките, а за дечкото немате време ? Не ви здосадуват другарките, а дечково ви здосадил? Кој другарки сте вие кога ми посакувате да раскинам.. читам погоре и цитирам "Каде ке ви се другарките кога ке раскинете со дечкото?" такви другарки не ми ни требаат! 4 години сум во врска ниту сум испуштила нешто од животот на другарките ниту тие од мојот, возрасни и свесни дека градиме свој живот можеме да издвоиме 2 часа 2-3 пати во неделата за кафе или вечерно излегување или пак испланиран викенд заедно кога можеме со партнерите заедно! Мене не ми е јасно како нон стоп имате време за со другарките ама за со дечкото ви е здодевно, СО ВИСТИНСКИОТ ЧОВЕК НИКОГАШ НЕМА ДА ВИ БИДЕ ЗДОДЕВНО!
2-3 пати неделно, некогаш се случило и 4 (2 години врска), сепак си имаме свои обврски и се трудиме колку што можеме.
Скоро секој ден се видуваме, а кога ептен имаме нешто обврски зборуваме на телефон или наминувам јас кај него или тој кај мене барем на 15 минути.
Секој ден се гледавме. Сега замина на работа странство, па 2 недели не се имаме видено, и секако чудно е. Ајде уште 2 месеци ќе издржиме некако..
Најголемиот дел од времето го поминувам сама, низ домчево. Некогаш се видуваме се на се по два-три часа и притоа цело време мислам на него и ми фали. Се радувам на неделите бидејќи тогаш сме најмногу заедно.
Здраво,барам едно мислење од вас...дали доколку сте во врска подолга,а почне многу силно веќе подолго време да ве привлекува друг,е доказ дека не го сакате партнерот,во случајов јас прекинав со него некое време месец па продолжив пак и цело време мислам на тој што ме привлекува,дали доволно не го сакам дечко ми...благодарам
Може ви здосадило. Страсти намалени. Иживеано се. Навика. Мислам дека нема многу љубов овде. Зошто прекинувавте?
Тој прекина пошто у последно време не ни идеше врската,не контактитравме месец и нешто па ме побара,ама јас веќе бев оладена,ама пошо се потруди многу и му се смирив ама пак мислам на тој другиот што ме привлекува,а дечко ми прави све за мене и е многу внимателен пошо се свести што изгуби.Незнам што да правам ни сум ваму ни сум таму...
Новото е секогаш поинтересно, попримамливо, пеперутки и сл. Но сети се дека и со првиот ти било така пред да се запознаете навистина добро и да почнат да се појавуваат проблеми. За жал не можеш да си скрос сигурна во изборот, секогаш ќе има Што ако... Јас мислам да размислиш дали проблемите што ги имате се навистина големи, или едноставно сте престанале да вложувате во врската. Во зависност од одговорот ќе видиш со кој да продолжиш.
Секој ден, некогаш дури и 2-3 пати на ден, а некогаш дури и по 3-4 дена сме заедно. Се случува во годината некој ден да не се видиме ич пр. свадба во друг град, или кај роднини во др.град амааа многу ретко
Скоро секој ден, ретко да промашиме. Ептен ако имаме обврски, некое патување или нешто слично па не сме во можност.