За време на школска година на сила по два пати во цела недела... Додека за распуст, било зимски- било летен, скоро секој ден
Се гледаме секој ден, после работа па навечер обавезно. Е сега може да се пропушти некој ден од обврски но потоа кога ке се видиме
Па бидејќи не живееме во ист град, може да се случи и по месец, два да не се видиме. На почеток ми беше чудно, се прашував како ќе издржиме, но сега е обратно - периодот кога не сме заедно ми недостасува се повеќе и повеќе, кога сме заедно се делиме само за ручек и спиење (но тоа е на една недела, максимум 2) и потоа пак по старо. И сега неможам да замислам да ми е тука во градов. Како повеќето што кажавте, си имам свој живот и време кое сакам да си го посветам на себе, семејството и другарките.
Со оглед на тоа дека живееме во различни места се гледаме 2-3 пати неделно. Понекогаш кога останувам викендот кај него,2 дена сме неразделни. Иначе убаво ми е така, не сакам 24/7 да сме заедно, мислам дека ке си здосадиме така .... супер ми е
Па зависи .Некој пат секој ден , некогаш преку еден ден, некогаш после 3 , 4 ,5 зависи до околностите и обврските .
i nie dvajcata sme non stop zaedno toa da se propuste nekoj den ne se ni sekavam pocesto sme kaj mene i taka
Зависи, кога-како. Некогаш така неколку дена ќе се наредат еден по друг така да се гледаме и покрај тоа што живееме далеку, на 1 час.... некогаш и до 4 дена не се гледаме..
Се гледаме секој ден сега ептен некој ако има нешто неизбежно за работа тогаш не иако тоа се случува многу ретко
Сега периодов овие два три месеци почнавме многу ретко да се гледаме...два три пати неделно,и онака само по саат два.
2-3 пати неделно бидејки ако се гледам секој по цел ден ке се осекам ко да сум во брак со него , а и сакам да си оставам одвоено време за себе.Не сакам постојано да бидеме заедно ко некој млад брачен пар , јес да ке седиш и во друштво ама сакам ако не поише барем еднаш во неделата да седнам на кафе или да излезам во град сама со другарките.Не дека ако излезам сама ке правам кој знае што ама сепак некои муабети не за пред дечко а и не сакам тие околу мене да се осекаат непријатно(верувам дека другарките ке нема да можат да прават муабет за било што пред него, а и не верувам дека на него би му биле интересни женските муабети еј ги виде ли штиклите или знаеш ли дека има попуст во таа продавница и сл.)Така да сметам дека преку еден ден да се гледаш е сосема доволно,ни пречесто а ни преретко.Сеа ако иам сесија и мн за учење и тие 3-4 дена ке се изретчат али тоа е ретко .
Не сакам да се гледам секој ден, ќе почнеме да се гушиме и само ќе се караме. Обично тоа е 2,3 пати неделно. Доволно време за да уживаме заедно, а и да има период за да си фалиме. Двајцата треба да си имаме и друштво кое не треба да го занемариме, зошто и пред нас имало други со кои сме се дружеле.
Заедно сме четири месеци, и секој ден се гледаме, немаме ден изпуштено, еве јас сега сум на одмор веќе 5 саата сум без него и многу ми недостига, а камо ли 5 дена да не го видам, уфф
Секој ден, се случува понекогаш да испуштиме ден-два. Уживанција ми е така, ќе го видам на кратко и после полни батерии до наредниот ден.
2-3 пати неделно. Доволно ни е сега за сега. Сакам да имам денови кога ке излезам со другарките некаде или да издвојам време за мене. И плус ако се гледаме секој ден ке ми се здосади што се вика. Вака кога ке почуствуваш да ти недостасува некако послатко е кога ке го видиш, едвај чекаш а и повеке го засакуваш така. (Мое мислење )
Се гледаме секој ден, иако почна да не ми се допага тоа, бидејки имаме појше време да се скараме за глупости. Па планирам да се вадам на нешто за да не се гледаме секој ден, а и онака се плашам дека на некој од нас ке здосади доколку продолжиме вака. Еднаш несакав да искочам демек да направам да му фалам малце, и пак не издржав и искочив. Се надевам овој пат нема да биде така.
кога имав дечко бевме 24 сати заедно...можеби и таа е причината што ни се здосади и се разделивме, мој совет бидете што помалку време со дечкото, заедничкото време нон стоп не е корисни ни здраво за една врска, станува монотоно
Па се гледаме скоро секој ден но сами не толку многу често повеќе сме опкружени со друштво или со неговото или моето.