Зависи , некој пат од 2 до 3 пати неделно , еве оваа недела цела недела заедно ја заминавме па супер ни беше .
Година ипол веќе секој ден искрено веќе и почна тоа да ми смета, вака секој ден кога се гледаме повеќе се караме, се наоѓаме за што да се срчкаме едвај чекам да дојде некој ден кога неможе да искочи или да испадне некоја работа да поминам некое време сама или со другарки на раат
Сега за распуст секој ден...макар и на 10 минути. Но, кога е учебна година тој студира и се гледаме еднаш неделно. А понекогаш и еднаш на 2 недели.
Ние сме од исто место, па затоа се гледаме речиси секој ден. Обично после 8 навечер до касно во ноќта. Мало ни е местото, така да немаме многу алтернативи како на друг начин да ја поминеме вечерта освен да седиме кај него дома. За викенди излегуваме заедно, друштвото ни се парови па така да погодени сме си.
Зависи кога како. Се случува и да се гледаме два -три дена по ред, па да се одмориме еден од друг 3-4 дена. Најчесто се гледаме преку еден ден. Така и тој и јас имаме време за наши обврски,фамилија,друштво. Си даваме простор, нешто што најмногу би ми сметало е да се гледаме постојано само јас и тој ,да згасне желбата да се видиме и да ги изгубиме нашите посебни животи и ситни задоволства настрана од нашата љубов.
Ние се гледавме порано секој ден,а сега на 2 дена... оти почнува да станува досадно секој ден.Навистина има денови кога е супер,ама има и денови кога е многу тапаа!
Се гледаме секој ден дека живееме во иста населба. На почетокот не се гледавме често, дали по два три пати неделно. Али затоа сега се случува да сме заедно и по цели денови, само спиењето не дели
Зависи од обврските, може да се видиме 3 дена по ред, па потоа еден-два дена да одмараме...и пак одново. Неделно, во просек 4-5 дена се гледаме и сеуште не ни здосадило
Секогаш кога ке имам време, или јас или он кај мене, или некаде на кафе. Во глобала 4 дена неделно сигурно, може и почесто, зависи од обврските на двајцата. Не ни здосадило еден од друг, иако се гледам толку често со него наоѓам време да се видам и со другарките и да завршам некоја обврска
Зависно од слободното време.Кога сум втора смена се гледаме само преку викенд,кога сум прва смена зависи од тоа колку имам за учење.Летно време гледаме да сме почесто заедно,на одмор,преспивање еден кај друг и така натаму.Не за друго - штедиме на пари.
Колку често се гледате со партнерот на почетокот на врската? Дали се гледате секој ден, дали е нормално тој воопшто да не ви се јавува доколку не излегувате ... односно како се однесува/л тој со вас на почетокот на врската?
На почетокот на врската се гледавме секој 2-3 ден. Хмм, па малку е чудно да не ти се јавува доколку не излегувате... Сепак сте во врска и треба да си знаеш како е, каде е, како му поминува денот... Сега пример ни се дешава ради обврски да не се видиме и по неколку дена, но тоа никако не значи дека не треба да комуницираме тој период додека да се видиме Доколку ти се јавува само за излегување и само тогаш кога треба да се видите - некако повеќе ми личи на мување, од колку на врска.