најчесто ,буквално секој ден сме заедно едно спање не дели ,но си преспива кај мене до кај 1ч па од 1 до 5 дома
Секој ден. Има и денови кога јас или дечко ми имаме некоја работа, па се гледаме наредниот ден чим можеме.
секој ден после работа и до сабајлето сме заедно,или он ке спие кај мене или јас кај него,па си се испраќаме и пак исто
Секој денн, едно спиење од 5 часа не дели и повторно сме заедно.. Не паметам да имало ден да не се видиме макар и на еден саат
Секој ден или преку еден ден, зависи од обврските што ги имаме. Осеќам дека ми фали нешто ако не го видам. Душа моја
Живееме во исто место така да се гледаме скоро секој ден, во текот на летово понекогаш се случуваше во некои месеци да не се гледаме една недела, но тоа е кога тој е 3та смена на работа, а јас преку ден најчесто сум зафатена.
Со оглед на тоа што имаме многу обврски ретко се гледаме. Два пати неделно, некогаш и еднаш неделно. Зависи од обврските. И, подобро ми е така, инаку ќе ми се здосади секој ден ако го гледам
Секој ден, буквално.. и да има мн работа(тој работи, јас сеуште не), ке најде барем 5 мин, ке помине од кај мене да се видиме..колку и да е изморен, колку и да има обврски... мило мое ...
Летото се гледавме секој ден. Сега може да се случи да не се видиме цела недела, различни смени, па се некој има за учење... Се навикнав секој ден да го гледам и сега ми е тешко, но сепак не поминува ден без да се слушнеме по телефон или да си пишеме некоја порака.
И претходно се гледавме секој ден и мнооооооооооооогу саати поминувавме заедно, ама од летово сме комшии па затоа откако ке станеме од спиење па додека да си легнеме цело време сме заедно. Многу ми е убаво и така, ама некогаш е поубаво кога нема да поминувате многу време заедно па кога ке се видите има повеке емоции и некако повеке си покажуваме колку се сакаме
Сега живеам во странство и се гледаме само кога си одам или кога доаѓа, а инаку кога бев доле 3-4 пати во неделата ...
Се гледаме секој ден, е сеа некогаш помалце некогаш повеќе. Тој почна со работа па во последниве 2 месеци се гледаме пократко, само за викенд знаеме да се заборавиме до 2-3.
Се гледавме секој ден сега се немаме видено 2 3 дена и чудно ми е на ратна нога сме моментално и незнам дали ке го поминеме ова то а етоа
Одговорот на ова прашање бара шематски приказ за мојата љубовна врска Не се гледаме 3 месеци,бидејќи партнерот работи во друга држава.Комуникацираме преку смс на тел. и скајп.Потоа има одмор 1 месец, доаѓа овде и тој период го поминуваме заедно.Значи од 12 месеци во годината,ние се гледаме само 3 месеци Навистина е тешко да се издржи ваква врска.Потребно е пред се многу љубов,тоа што ќе ве врзе меѓусебно,а потоа доверба,разбирање,толеранција и секако нерви Доколку немате заеднички планови и интереси не вреди да вложувате во ваква врска.Заедно сме 2,5 год. а оваа оддалеченост трае 1 год.Тие што ја почувствувале оддалеченоста со партнерот на подолг период ме разбираат.
ууф... во две недели 1 или 2 пати ако сме на кафе преку ден потоа на диско вечерта и толку... не учиме во ист град...а и во последно време нешто ме лаже ми се чини насетувам....ме одбегнува...купив парфем стои целиот и ми го врати ццц тој се нема време за мене а за другарите има...