имам проблем со скалпот, значи само тој дел ми се мрси и морам да ја измијам на 2-3 дена секако ... вчера го купив шампонот на гарниер за масна коса па да видиме каков ќе е ..
Јас 2 пати неделно ја мијам и мислам дека е доволно. Дури после 3тиот ден ми станува мрсна. За понатаму ќе видам. Ако ми се мрси повеќе, почесто ќе ја мијам.
Сега за сега ја мијам 2-3 пати неделно зависи колку ми е мрсна но слушнав дека не е добро многу често да ја мијам затоа ке намалам
Зависи....еднаш-два пати во неделата многу ми е долга па ме мрзи почесто да ја мијам т.е ме мрзи сушењето
2 до 3 пати неделно ( инаку косата не ми се мрси, но сакам убаво да ми мириса , па затоа ја мијам почесто )
Од кога се ишишав, а тоа би му дошло од пред 2 недели, ја мијам на секој втор ден. Тоа е нешто невероватно колку бргу ми се мрси
јас косата ја мијам скоро на 2 или 3 дена.. а девојки кога се миете ставате еднаш или двапати шампон??
2 пати неделно, Недела и Среда. Мрсна ми е . Вечер морам да ја измијам, ако не утре ќе ми биде како со Брилијант намачкана
Ја мијам 2-3 пати неделно. Самата си направив да ми се мрси косата, токму со тоа често миење. Ама сега нема назад. Долга ми е косата, и не можам никако да ја поднесам кога ми е мрсна.
А зошто не ја носеш еден ден пуштена кога ќе ја измиеш, па наредниот ден во репче... барем нема толку често да ја миеш...
претежно ја мијам два до три пати неделно... обично не ми се мрси косата, но бидејќи имам кадрава коса, после 2-3 ден не изгледаат локните како што сакам... x)