Де бе луѓе,што побогу сте пишувале дека многу често ја миете косата,дека многу ви се мрси,а вие ја миете цели два пати неделно! Мене ништо посебно не ми се мрси,ама некако ми се сплескува,па ја мијам три пати неделно Ама ако ми беше мрсна,спремна сум да ја мијам секој ден,срамота е да се шеташ со мрсна коса,мислам покрај лицето,втора работа што се забележува е косата.Водете грижа
Колку почесто ја миете косата толку повеќе се мрси.. Бар јас така знам.. Мојата ја мијам 2 некогаш и три пати неделно... Немам никаков проблем со косава, т.е. не ми се мрси одма така што сум си раат барем од неа
знам за тоа ама што да правам да идам со мрсна коса не фала , па затоа си ја мијам секој ден а и поздрава ми е откако ја мијам секој ден
Стварно и мене не ми е јасно, викате мн ви се мрси и ја миете секој 3ти ден.. тоа не е многу, мислам дека е нормално, колку сакате вие еднаш во две недели да ја миете да не ви биде измрсена за да може да кажете не ми се мрси косата? Јас претежно ја мијам навечер и после тоа 2 дена ми е нормална и после 3тиот ми е мрсна... значи ако треба 3тиот ден да идам негде ја мијам ако не ја оставам : ) Ако ја мијам во брзо време еднаш ставам шампон ако не два пати..
Јас еднаш неделно, цел ритуал ми е тоа. Тешко си ја средувам сама, најлесно ми е на фризер. Баш сега сама се миев домче, бидејќи денеска сум болна, па да не донастинам, инаку планот ми беше послем работа да идам на фризер. Минатиот Четврток бев, па планирав и денес да одам. Да ми беше веќе мрсна. Ама јас нит имам сила нит време да се бафтам почесто со неа, кога ми е веќе мрсничка во реп тој ден и се стрпувам.
јас ја мијам редовно двапати во неделата...и никогаш не ми се мрси....од сампони коритсам шаума....а сега го имам вашен го ......со алое вереа...ама проблем мие многу сува ако не ставам регенератор или маска немозам да ја исчешлам.....а си викам и до водата е оти фајќа многу бигор
Секој ден, пошо ако прекокнам еден, може вечерта нема да ми е мрсна, ама за тоа утре коа ке станам ми е мрсна и никаква.така да морам
Јас косата е мијам 2 пати во неделата (среда и сабота или недела) . А за шампон користам сега бекутан за деца најдобро ми е мие косата, сум пробала и со брезов (страшно првут ми направи), шаума (косата ми беше сало секој 2 ден) и мн други.. А за тоа дека ако е миеш косата секој ден дека побрзо се мрсела не се согласувам.. Колку повеќе е префаќаш, ставаш лак, гел ти се мрси. А и најважно тоа е и до коренот на влакното.
Ја мијам 2 до 3 пати неделно, зависи дали имам потреба. Не ми се мрси, немам перут ама пак понекое време губи волумен, спласнува па мора нели... Ја мијам со: http://www.pinklemon.ie/image/cache/dat ... 00x400.jpg
Мојата рутина на одржување -> http://what-maria-loves.blogspot.co..._zIt2MyTQ&postId=505302375213564238&type=POST
Јас пред 2 години ја миев секој дееен одсабалје пред да одам во школо,а за викенд и навечер пред да излезам така да ми се фаќаше и по 2 пати дневно да ја мијам после тоа се опаметив колку време јас тоа трошам за да си ја мијам косата и сега ја мијам секој втор ден со elseve,и многу сум задоволна од шампонот и од регенераторот
Имам ептен долга коса и ме мрзи да ја мијам секој ден. Па фенирање, мрзнење по ладно.. Не. Ја мијам 2 до 3 пати неделно, со Нивеа шампон и регенератор, не знам каков е. Преку лето знам да ја мијам и секој ден, али сега преку зима 2-3 пати доволни ми се.
Зимно време два пати неделно а летно време почесто. Ме мрзи да ја сушам и фенирам дома па често одам на фризер