Косата може да ми издржи 4 дена ама на 5тиот мора да се мие. Три дена е нормална, здрава, пуштена. Еден-два дена во плетенка или опавче, и обавезно миење Кога ми е оставена кадрава подолго издржува, ако ми е фенирана или пеглана полесно се залепува и замрсува.
Најчесто на два дена, но некогаш се случува да не ми се допаѓа како изгледа (во поглед на формата), па не можам да ја наместам јас како што сакам и одам право под туш.
Повеќе од 2 дена не ми издржува. Среќа па ми е права и не треба нешто посебно да и правам. Во лето дури најчесто и секој ден ја мијам. Среќа бар со сушење тогаш не се замарам. За 10 минути е сува
Ја мијам на секој 2-3 дена...порано ја миев секој ден кога се туширав но забележав дека ми пагаше и така сега гледам што повеќе издржи подобро.
Секој ден,некогаш и на два ама гедлам да користам што поблаги шампони,затоа што ако употребувам појаки обавезно се мрси.Сега моментално ја мијам со Johsnon и е супер,нема никаква реакција и баш ми прија,а косата е лелеава.
Преку еден ден, мислам дека е нормално. Не сум мрза за таа работа, па дури и да знам дека нема да излезам, ја мијам. 5 минути работа е. А кога сум во ПМС ми се чини и на 3 саати да ја мијам пак мрсна ќе ми биде проклетата..
Јас ја мијам два или три пати неделно. Ако оваа недела сум ја миела три пати, наредната ја мијам два пати оти ќе биде премногу често и уште повеќе ке ми се истанчи влакното. Инаку, кога ќе прочитам некој одговор среда и недела или вторник и недела, не ми е јасно вие девојки за викенд како излегувате? Разбирам има коси кои не се мрсат често ама па косата немиена од вторникот излегувате петок и сабота, и да не е мрсна сигурно не изгледа свежо
Преку ден, т.е секој втор ден. Многу ми се мрси, мене само денот кога ми е измиена ми е убава, тој другиот ден одвај се додржува до пладне.
Не ми се мрси брзо,но ја мијам на 2 дена бидејки сакам да ми е секогаш уредна и чиста.А најмалку заплеткана и неизмиена,сува.
Не ја навикнувајте вашата коса на многу често миење, така почесто ќе се мрси. Јас ја мијам 2 до 3 пати неделно.
Jа мијев косата на секои два дена,но почна многу да ми се мрси и сега 2-пати неделно не ми се мрси толку,колку почесто ја миете се повеке се мрси...
2 пати неделно, до пред година дена можев да си дозволам и на една недела да ја миjам, воопшто не ми се мастеше
jas ja mijam sekoja vtora den, imam dolga kosa i nemozam da si dozvolam podolgo vreme da ne ja izmijam, verojtano zavisi i od dolzinata