јас мојава ја мијам 3 пати неделно. минатото лето секој ден ама потоа мака видов зимово затоа што многу ми се мрсеше. сега добра е!
Порано секој ден, ама откако фризерката ме искара ја мијам на секои 2-3 дена. Не е добро да се мие пречесто.
И јас исто така секој втор ден..веќе третиот ми е мрсна за да морам да ја соберам,а како што ми е кратка морам ниско доле,а тоа баш и не ми стои...уште ако се залижам,а на мрсно олабавено нема..е тогаш
Секој ден ја мијам. Знам дека не чини за косата ама ете, некако шубе ми е ако не ја мијам секој ден.. Пробувам некако ако ништо друго барем на секој втор ден па ќе видиме како ќе иде
Ја мијам по потреба, кога ќе ја почуствувам прљава, кога ќе ми се умириса на манџишта, кога треба да одам негде. Така да некогаш ја мијам 5 пати во неделата, некогаш 2 све зависи од околностите, потребите, расположението. Никогаш не ми можела да живеам по некој замислен терк, па да речам во понеделник, петок и недела ќе мијам коса, не бре неможам, кај мене сакам се да ми случајно, спонатно и така.
Ја мијам секој втор ден, а во лето секој ден бидејќи брзо ми се мрси. Некогаш со сила издржувам до трет ден, ама обавезно фатена бидејќи веќе ја чувствувам мрсна. А и без тоа, сакам кога ми е свежо измиена и убаво ми мириса. Најмногу што мразам е да имам мрсна коса, па затоа и толку често ја мијам.