Јас ќе бев вечито среќна и задоволна, доколку ја миев баааарем 4 пати во неделата. Ама не, тоа е нешто неизводливо. Секој ден под туш поминат не ми бега. Не можам да дојдам на ред да си купам нешто за мене, од шампони, маски, балсами за коса. Парите ми одат само таму! Сума сумарум, ја мијам, пеглам, секој Божји ден. Смачено ми е, тужно ми е и тешко ми е. Решив да ја шишам. Скроз на скроз. До клучните коски (поздрав Дузи, еве вака ќе ми бидат поистакнати - за твоја поголема мотивација де ). Ај во понеделник ќе ме читате како плачам по старата коса .
Се оштетува бидејќи и шампоните содржат разни хемикалии за да ја направат косата со повеќе волумен, за да биде мека, ваква, таква...Штети на косата ако се миеш секој ден...
Им завидувам на сите кои што ја мијат косата 2-3 пати неделно. Мојава коса е проклето чудо.Ако не ја мијам секој ден можам да се откажам од тоа да излезам надвор.Кој и да ми ја види косава многу убава,јас сакам ваква,како ти е толку убава....Ама ако не ја измијам еднаш во денот тогаш ми е мрсна,смачкана,бушава,залепена и што уште не.Ова ти се вика мака,ама шта чеш.
исто и јас преку еден ден, петок сабота не излегувам без да ја измијам...и никаква е ...сакам некогаш барем два дена да седи убава како тогаш да е измиена
Леле, па јас не ни сакам, а не ни можам толку често да ја мијам. Имам долга и бујна коса и ми требаат 15 минути само за да ја наводенам, а да не ви ни кажувам колку време се суши потоа. А, искрено не ни имам потреба да ја мијам секојдневно. Не само што не е мрсна, туку е и премногу сува.