Зависи кога- како. Кога имам цела недела обврски ја мијам секој ден или преку ден. Ако немам обврски тогаш на 3,4 дена. Кога спремам испити мавам само туш, а косата ја одмарам
На 3 дена, некогаш 4. Ич не ми е мрсна, бујна со кадрици ми е, 2 дена си ја носам пуштена и 3 или 4 ден во реп или пунџа некоја. Нема потреба да ја мијам почесто.
2 до 3 пати неделно, незнам зошто ама во последниов период, мноогу често ми се мрси косата (денес се миам, утре веќе почнала да се мрси!!!)
Секој втор ден или евентуално на третиот ако издражи. Права ми е и секогаш ја носам пуштена, па брзо се мрси.
Секој трет ден,меѓутоа БИ ЈА МИЕЛА СЕКОЈ ДЕН,затоа што ми е зејтин уште утредента од кога ќе ја измијам Не е фер. Али тоа е
2-3 пати неделно. Најубаво така. Не ми се мрси секако многу, доволно ми е толку. А инаку лани летото ја миев секој ден, и од премногу често миење ми се мрсеше веднаш. Измиј ја на сабајле, веќе вечерта ми беше мрсна. И ја навикнував по неколку денови не ја миев после, и се врати во нормала. И си реков повеќе секој ден миење не. Два дена си ја носам пуштена, а ден во репче, пунџа..
Само на празници. И тоа не на сите! Нова Година, Божиќ (ту бре, ови две ми се многу блиску, не знам што да правам. ), Велигден, Први Мај, 10 јуни (не е некој празник, ама сепак...), Илинден, Осми септември, роденденот мој и 11 ноември. И така... 1 до 2 пати неделно. Не ми се мрси многу, па немам потреба често да ја мијам.
Не можам да поднесам косата да ми има некаков неубав мирис и да ми биде залепена за главата ! И стварно се гадам од девојки кои се дотерале и нашминкале а косата ја оставиле мрсна чиниш зејтин имат истурено на глава! Па колку и да ми вели некој дека не му се мрси косата јас не можам да го прифатам тоа како оправдување за еднаш неделно миење на косата! Можеби не се мрси косата, но како го поднесуваат мирисот на нечистотии, на цигари, на зејтини на било што кое се апсорбирало во косата! Значи немиената коса мириса, не само што изгледа мрсно! Како и да е, по два дена исчезнува мирисот на шампон и маски, а и самата коса ја губи свежината и сјајот! Ја мијам 3 пати неделно, во лето и почесто!
^Дојдов истото да го напишам во темава. Значи не може НИКОЈ, ама апсолутно никој да ме убеди дека косата му е убава иако ја мие еднаш неделно. Живееме во веќе толку загадени средини, што косата, по 4-5 часа престанува да мириса на убаво, а тек па по 4-5-6 дена да ја оставам. Сите оџаци, тенџериња, манџи, сосови, кромидовини, луковини и други слични намирници и објекти, ќе ми позавидат на аромата. Да можам, да имам време поточно, би ја миела секој ден, навечер. Па да си легнам со чиста коса и наредниот ден само да ја испеглам, наместам и слично. Вака, ја мијам преку еден ден, најмногу преку два. Се обидувам да се вклопам некако во студентскиов живот, гледам што порационално да го искористам времето. И секогаш ја мијам, без разлика дали треба да одам некаде или не. Фала Богу, за нас се миеме, нас да ни биде убаво, не за другите. Или грешка сум јас ? Точно дека помалку се мрси ако ја миеш на подолго растојание, но хигиената на косата не е само во ,,мрснотијата,,.
^Точно дека помалку се мрси ако ја миеш на подолго растојание, но хигиената на косата не е само во ,,мрснотијата,,. За жал ретко кој го сваќа тоа! Чиста коса е дел од личната хигиена, иста како и чиси раце, чисто лице, чиста облека... За мене чиста и средена коса е огледало за тоа каква личност си! Најмногу нешто што мразам на ЦЕЛИОТ свет, е кога ќе видам некоја цура со надградба на коса, ај изгорена пепел, па уште и немиена а парфемисана Каде со тој мозок И не се чуствувам пријатно кога косата ми е мрсна! Лично сметам дека миење на коса секој ден е претераност, исто така и еднаш во неделата! Три до четири е сосема доволно! Јас лично ја мијам 3 пати неделно.И баш ми е убавка и убаво ми мириса