најчесто на 2 дена, понекогаш и секој ден, а ми се мрси премногу, веќе вториот ден морам да ја фатам некако оти ми е мрсна
Во зимскиов период практикувам на 2 дена, но во лето секој ден. И премногу ми се мрси, pls некој нека кажи некој добар шампон или нешто слично против мрсна коса
НА 3 дена мислам иди секој трет ден. Тоа иди 2-3 пати неделно, барем во зима,во лето секој втор ден оти поќе потам и поќе ми се мрси.
Паа едно време ми беше совршена и ја миев 1 неделно (и секако не дозволував да ми биде мрсна) а сега веќе сум во пубертет и ја мијам 2 пати неделно
секогаш на 2 дена и никогаш не ми е ни мрсна ниту нешто друго, а не е здраво секој ден да ја миете косата...
Бидејќи одма 2риот ден ми се мрси косата во коренот а врвовите ми се суви повеќе ја носам фатена во зима посебно поради важното време косата уште повеќе се мрси и несакам секој ден да ја мијам да ја оштетвам затоа зависи некогаш на 2 дена некогаш на 3...
во зимото ја мијам 2 до 3 пати неделно бидејки ладното време дополнително ја суси косата,а летото скоро секој ден
зошто не купуваш шампони исклучиво наменети за мрсна коса?јас користам рецепт,шаума плавиот за мрсна коса.и не ја миј на два дена,повеќе ќе ти се мрси ,не е се до шампоните
Ја миев на еден или два дена бидеќи многу ми се мрси. Сега пробувам да ја навикнам да ја мијам само два пати неделно бидеќи не чини многу миење, ама пак што ке правам со мрсна коса, поради косата цела си се чувствувам валкана.
Двапати неделно? Аман бе девојки... Што и правите на косата? Јас ја миам секој ден.. Ептен ми се мрси. Никаков рецепт бреее, све сме пробале а мрсна не иде у предвид да шетам. Имам многу тенка и ретка коса, па и права, еден ден ако не ја измиам 'Shine bright like Andromeda'
ехее... јас ќе сум среќна да ја мијам 2 пати неделно јас слободно можам да одам по 2 недели, и тоа после 14-15 дена пак ми е сува, како првиот ден ставам капки,од АВОН и тоа по многу, џабе кога не се познава.ептен изгорена ми е од преса и фарбање. не ја мијам дома секогаш кај фризерка, на 2 недели одам и се фенирам, жената на почеток не ми веруваше, како ми ја направи така и ми стои до наредното одење. си ја носам и соберена, ја пуштам она гајле нема(зашто природно многу виткана коса имам и цело време ја фенирам сега а порано ја пеглав секој ден па не ми стоеше толку,ама сега ете,прегоре и гајле нема) а летото сум за греота, секој ден ја мијам, а она ми сува и така,и изгорена,па и сонцето одозгора на се... уфф...
2 до 3 пати неделно, и одвреме на време користам и спреј од gliss, а инаку ми е долга и права, досега ја немам фарбано, пегла за коса не сум користела со години, а витканата коса кај мене трае само половина час како и да ја соберам, кога ќе ја пуштам пак е права
Косата скоро ич не ми се мрси, па така да овој период ја мијам по 2 пати неделно. Во лето е друга приказна.
Во зимскиот период ја мијам на два дена а летоске секој ден па дури и некогаш повеке од еден пат во денот, порано косата воопшто не ми се мрсеше сите ми се чудеа си мислев една година да не измијам глава нема да ми биде мрсна а сега ? еден ден не ја измијам и ајде одма, мислам дека тоа е се од фарбите шо ја фарбаме косата и што ја научеме на често миење