За мене најголемата лага што постои е ако ја оставиш седум дена нема ти се мрси после. Е погодете што, ај што ќе се чешате седум дена, и што не треба да излезете од дома, пошто нели, навистина е срамота да се излегува со мрсна коса, нема апсолутно врска дека после нема да ти се измрси. Погледнете само каков ни е начинот на живот, во колку загадена средина живееме. Тоа за мене, се само приказни. Кој како си има потреба ќе ја мие, ако имаш потреба секој ден, секој ден, ден ипол,два, како што ќе ти одговара така. Оправдување за нехигиена нон-стоп нема. Oн топик- Ја мијам секој ден или на два дена, зависи дали од вечерта или од сабајле сум ја измила.
Порано ја миев секој ден, буквално и зажалив заради тоа, почна многу да ми паѓа. Сега се трудам најмногу до 3 пати во неделата да ја мијам, зошто мојата коса не се мрси многу, ама неможам да го поденсам мирисот на нечиста коса, а богами во средината во која живеам неможе да не ти замириса еден ден после миењето.
Косата ја мијам на 2 дена. Зависи и како ми се мрси бидејки не ми се мрси многу често косата па избегнувам да ја мијам многу често бидејки имам слушнато дека може да почне да опаѓа. Сакам да почнам да ја мијам косата со бебшки шампон бидејки имаат нежен мирис а баш овде прочитав дека не бил и толку штетен за косата како другите.