Зависи од повеќе фактори . Ако е поголем празник тогаш знам пред празникот и после . Ако е онака тогаш само пред празникот . Се шалам Секој 3 ден мада некогаш и 4 . Еве денес ја миев а пред тоа во понеделникот мислам дека . Дури денес се мислев да ја оставам за утре зошто не ми беше мрсна ( не знам како ) ама ја измив .
Ам ај ако не три пати дневно да ја мијам за да ми мириса убаво. Не реков дека ми е целата залепена и одам така, корнам на цигари и манџи, а масло ми се цеди од косава! Е како не реков? Мене ќејф ми е да се шетам со мрсна коса, со нежни ароми на цигарчиња и манџички, ту бре, ќејфој. Ако не ми се мрси и аку ми мириса убаво, да ja мијам секој ден, онака? За да настинам? (се трудам да избегнувам фен и било каква топлина, па најчесто ја оставам сама да ми се исуши.) Мене косата најчесто убаво ми мириса. Си прскам парфем на чешелот и ретко кога ми мириса неубаво. Ако ми мириса неубаво, се капам и готово. Брее, како да помисливте озбилно дека се капам само на празници.
Мина не знам дали ќе веруваш ама имам другарка што по неколку недели не ја мие косата и не и е мрсна . А не ја ни чешла . Јас не би можела да не ја чешлам од миење до миење а камоли по 2 недели . Ама стварно не и е мрсна , не знам како така ..
имам бааги сува коса и ја мијам секој втор ден(студентски живот мора да се штеди), не сум дозволила да се измрси, не сум се видела во такво издание.. а некогаш ја мијам и секој ден, зависи од расположение..
3 пати неделно. И мислам дека е доволно. Искрено, мене косава и на третиот ден после миењето ми е сјајна со форма, само не мириса на шампонот веќе. Ама јас пак ја мијам, од рутина. Не сум излегла од дома со мрсна коса, и никогаш нема!
Jaс познавам девојка кога што воопшто не ја чешла, ја мие додуша..ама незнам како, тоа всушност излегува нечешлана + миена + нечешлана итн.. итн.. = вошки Шала на страна, незнам шо е толку тешко да се земе чешел в рака. Инаку јас од 2 до 3 пати ја мијам во недела. Не ми се мрси лесно, ама едноставно неможам, единствено морам да кажам мноооогуууууу ме мрзи кога треба да ја сушам, цела вечност ми треба.
Три пати неделно и пак ми се мрси како ненормална. Имам страшно,мрсна кожа па изгледа и тоа е причинатаза моето проклето мрсење на косата. Косата може да ми биде во ред само неколку часови после миењето.Вториот ден е веќе заплескана. Изгледа нема `лек` за ова,а не е решение и секојдневно миење на косата.
Ќе му дојде на 3 дена ден први: прекрасно лелеава и сјајна коса обично ја носам пуштена ден втори: почнува да се мрси во коренот, ама ајде поминува со носење венче, фатена на пола комбинирана со некоја интересна шнола ден трети: мрсна, ама за тоа постои одлична фризура кољско опавче и решен проблем... После почнува ден први
На два или три дена. Мојата коса уопште не се мрси,секогаш ми има сјај,само што веќе на вториот или третиот ден не ми е толку виткана како на првиот,бидејќи ја носам нон стоп врзана и само затоа си ја мијам. Мислам мојата коса и две недели да ја оставам,иста ќе биде. Многу си ја сакам и јас исто не би си дозволила никогаш со мрсна коса да излезам.
Верувајте дека колку повеке ја миете,повеке ке се мрси,и доколку ја измиете и ја исфенирате во најобични домашни услови (па ако сакате и испеглајте ја плус),верувајте ке ви седи 2 дена сигурно,може и 3от.Јас ја миев порано секој ден,а сега дури и 4 дена не ја мијам,бидејки ми е свежа и како тазе измиена,и преубаво ми мириса(се изнафалив туф туф),ама искуство е тоа.Малку по малку,и ја навикнав на помалку вода и шампони и триста домашни маски и чуда,и задоволна сум. Само во лето,неважи ова,затоа тогаш и за есен,зима и пролет надокнадувам,и некогаш и 2 пати дневно ја мијам,бидејки е жешко,се потиш,а не дека ми е мрсна.
На секои три дена, никако порано. А ако не ми се измрси, може и на повеќе време. Во лето најчесто на 4-5 дена.
Гледам колку што можам поретко ама па мн ми се мрси.. Така да три дена ќе да се. Инаку мн сакам да имам од оние коси што цела недела можат да одат небањати. Имам другарки еднаш прави фризура и цела недела не се замара
Порано ја миев преку еден ден и стварно ми беше смрт, а сега почнав да ја мијам на 3,4 дена некако пораат сум. Неможам имам долга коса до половината додека да ја измијам и да ја исушам поминале два часа.
Ја мијам косата 2 пати неделно а некогаш 3 пати,зависи.Би сакала да можам како некои да ја измијам еднаш неделно,да ја исфенирам и да ми биде цела недела косата цакум пакум,ама со мојата тоа не е можно.Не сакам да ја мијам мн,често затоа што не е добро секојдневно косата да се мие,а и немам потреба од секој ден миење.Да си имаш некој секој ден да ти ја среде косата наутро супер би било еххх...
Не ја мијам многу често затоашто не е убаво а и немам проблеми со мрсење на косичкава. Па најчесто на 3 дена, може некогаш на два дена ако изникне некое проблемче и неможам да ја средам.
Косата колку почесто се мие, толку повеќе се мрси. Јас ја мијам на 3-4 дена зависи, ако ми е пеглана повеќе ми се мрси, бидејќи повеќе ја фаќам и ја чешлам.