Секојдневно, секое утро си се туширам, ме освежува. Но користам нежни шампончиња Тео и баш ми е мека и преубо мириса секогаш. Бидејќи ми е пократка побрзо ми се суши.
Три-четири пати неделно. Зависи колку е измрсена. Понекогаш (ретко) ја мијам само два пати во неделата (Среда и Недела), но бидејќи многу се мрси почесто сум на четири пати неделно
Не е здраво ама пробај да почнеш да ја миеш на секој втор ден затоа што со шампонот ги вадиш сите природни масла на косата. знам дека ке речиш дека не можеш да издржиш 2 дена но обиди се во нделеа кога ќе бидеш дома и ако продолжиш така и ако бидеш упорна да ја миеш на два дена после ке се префрлиш на три дена и така нема да ти се мрси почесто јас ја капам на 5 дена но можам да издржам и 6 ја капам затоа што и да ми е измрсена не ми се познава а порано на секој трет ден сум ја капела и сега сватив дека за џабе сум ја мачела косата
Никогаш во животот мојата коса небила мрсна..Можеби бидејки ја мијам двапати неделно,но се зависи од шампонот кој го користите. Најчесто косата по дома ми е во пунџа а за надвор сплетена а многу ретко и пуштена...
Девојки, јас ја мијам например вечер понеделник-среда-петок-недела, и натаму се мени распоредот односно преку еден ден мислите ли дека не е добро толку често да се мие и каков е вашиот распоред?