Имам виткана коса, така да и 2 недели да не ја измијам нема да се примети, ама ја мија 2 пати неделно.
Кога имав долга ја миев еднаш во неделата, а ретко два пати.. Сега затоа што имам кратка ја мијам 2-3 пати неделно
Три пати неделно... секој ден миењето на коса ја оштетува.. треба малце да се одмори од тие шапони, маски, регенератори, пени.. што и да и ставате (посебно тие со кадрава коса)
Јас имам многу проблематична коса,нон стоп ми е мрсна и ја Мијам секој ден. Последниве две три миења и ставам белка од јајце и нежно ја масирам дури впие и оставам да поседи пола саат.. многу сум позадоволна ми држи по два-три дена и е многу помека
До пред некој месец секојдневно ја миев затоа што многу ми се мрси, ама сега се обидувам да ја оправам, па ја мијам на секој втор ден.
И јас ја миев секој ден, но така уште повеќе се мрси па затоа сега пробувам да ја носам врзана или слично и барем на два дена да ја мијам ..
Е jаc jа миам косата 2 пати неделно, начесто 3 ама ретко може тоа да се случи. Немам некои големи проблеми, послушна е да не jа подречам.