Преку еден ден оти неможам повеќе да издржам, освен ако не испаѓам никаде па да ми остане уште некој ден така.
Абе ми се верува дека има и такви чија коса помалце се мрси, ама се чудам како се поднесува самата себеси кога се шета наоколу со нечистотиите во нејзината коса, како спие со нечиста коса, како ли го поднесува мирисот... Можеби не и се мрси косата ама сигурно нема филтер на косата што ја штити од непријатни мириси и нечистотии! Сега да не ме сфати некој погрешно, не сум ти јас некоја болна педантерија ама сепак не можам да толерирам немиена коса со денови!
На два дена ја мијам. Баш денес ја измив. Утре ќе ми биде був, побув, најбув. Поготово со наочарчињава, со страшило изгледам. х) А задутре веќе, пред да идам во школо, ми е таман. Не е мрсна, ама е по спласната. И обожавам кога ми е таква. Зошто предходниот ден ни се трпи, ни се тера. И кога се враќам од школо, ја мијам. Недај Боже да ја видите разликата од првиот и третиот ден. Ко крава да ме лижела. Така да на 2 дена ја мијам.
секој 2 ден..да расте со тоа повеке миејне али и пајга...ако се мие секој ден треба некој лесен сампон да се користи
Секој втор ден, понекогаш и секој трет. Третиот ден ја носам собрана зошто тогаш нема баш некој волумен. Налето ја мијам секој ден и имам забележано дека тогаш повеќе ми се мрси, па после потешко можам да ја навикнам на "тридневниот режим"
Со почесто миење на косата, освен побрзо да ти се мрси, друго ништо нема да добиеш. Посебно не побрзо растење. Колку поретко се мие косата, толку поздраво за неа. Се трудам да ја мијам што е можно поретко, но после два дена ми се мрси. Најчесто три пати неделно, некогаш и два, но ептен ретко тоа.
Косата ја мијам на 3-4 дена. Поточно кажано Недела и Среда. Имам среќа што не ми се мрси многу брзо, тек третиот-четвртиот ден ми е мрсна.
Секој ден или преку еден ден, а некогаш правам пауза од максимум три дена, али ретко, тоа е кога немам работа да излегувам па гледам да си ја одморам косата. Не можам поинаку. Некој ќе рече фати ја во репче, шноли, венчиња.. е не можам. Фатена-нефатена мрсна е и не ми е удобно..
Бидејќи имам кратка коса и користам гел за да ја разбушавам морам секој ден да ја мијам. Некогаш ми се случува и два пати на ден да ја измијам, ако излегувам негде, а претходно сум дремнала
3 пати неделно. Среќна сум што не ми се мрси брзо, првиот ден ми е многу убава, вториот ден ми е малку сплосната ама сепак не е мрсна, т.е ако многу ги фаќам шишките може само тие да се измрсат и веќе третиот ден почнува да ми се мрси целата ама некогаш се случува ако воопшто не ја фаќам и на третиот ден да е убава. Така што ја мијам најчесто на третиот ден, ама некогаш и на четвртиот.
Факт е дека колку почесто се мие косата толку почесто се масти и затоа фризерите препорачуваат на секој трет или четврт ден миење, али не можам да издржам толку. Ми се масти брзо и ја мијам на секој втор ден. Мислам дека најмногу се масти косата поради тоа што ни е загаден градот, кога одам на зимување на планина или негде на чист воздух подолго време ми останува чиста.
Од секогаш ја мијам косата на 3 а понекогаш ама тоа ретко на 4 дена, зависи од активностите кои ги имам. Имам нормална коса која почнува да дава знаци на мрсна некогаш на 3-тиот ден а некогаш и на четвртиот. Е сега ако сум на свадба,роденден, дипломска или некоја прослава може да се случи и во 2 дена 2 пати да ја измијам ако треба да правам фризура. Битно вообичаено во нормални услови на 3 дена.
Секој трет ден, а би сакала да можам еднаш неделно. Ама јок, брзо ми се мрси, а најмногу што мразам е мрсна коса
Со оглед на тоа дека имам многу густа коса и дека не ми се мрси брзо ,ја мијам секој 3 ден ,некогаш и секој 4ден ама тоа ретко освен ако сум многу уморна па ме мрзи да си ја сушам после
Имам квалитетна сува,густа коса издржува да не се мие и по седум дена.Не се ни приметува дека не е миена.Ако готвам си ставам капа за да не ми се умеришува и така издржувам да не ја мијам.