Буквално секој ден или на 2 дена, многу ми се мрси и ја мијам често иако тоа не е многу препорачливо и корисно, ама не можам да шетам насекаде со мрсна коса, не знам како се осудуваат така некои кога гледам низ град со масло на косата.
два пати неделно, и после миење обавезнооо и ставам маска, за жал кога е вака ладно ја држам само 5мин но без тој ритуал не поминува.
па баш заради тоа што ја миеш секој ден.. пробај остави два три дена, има убави маски, и ко;га ти е мрсна можеш да користиш бејби пудра малку на скалпот да ставиш да замаскираш
Ja мијам 3-4 пати понекогаш и 5..не ми се познава многу дека ми е мрсна,но многу ме чеша како да имам вошки! Многу се нервирам ако може некој природен третман,некој совет?
Секој втор ден и ако случајно не ја измијам вториот ден многу ме нервира сакам косата да ми е чиста а не залепена за главата.
Косата ја мијам на секои три до четири дена. Толку издржува. Бидејќи пребрзо се мрси, ако ја измијам на пример во недела, следното миење ќе биде во среда и така. Првиот и вториот ден издржува косата, како така издржува, а третиот ден ја носам врзана, не дека не се познава дека е мрсна, ама е помалку приметливо.