Вчера слушав дерматовенеролог на тв, и кажуваше дека косата треба да се мие максимум два пати во неделата, а телото два до три
Кога одев на работа секој ден. Сега дома на 3 дена. Тенка ми е и неможам да си дозволам да одам на работа со несредена коса Имам колешка се фенира еднаш и тера цела недела. Ама густа коса. Сепак и за тоа не сум. И косата замирисува на нечисто и треба да се мие. Бетер- постара колешка, 55 год. отприлика се фалеше дека 2 недели и издржувала после фризура од свадба Мисламмммм
Косичево го мијам на секои 3-4 дена .. А ако пржам нешто или ако ми замириса не чекам одма ја мијам .. Косата најмногу прима мириси и затоа најубава е да е свежо миена но сега пак да не биде многу често оти се оштетува влакното и се ретчи косата ..
Прaктикувaм тoa дa биде 2 пaти неделнo, нo кaкo и некoи други феминки шo нaпишaa aкo нештo пржaм или aкo oдaм нa некoјa специјaлнa пригoдa ќе јa измијaм.
Косата ја мијам 2-3 пати неделно. Имаше периоди кога ја миев секој втор ден, а понекогаш и секој ден, но многу ми паѓаше и сега кога го редуцирав миењето, ми стана помалку кршлива и ми се зацврсти влакното.
Ја мијам 2 пати неделно. Освен вака кога е топло времето на лето се дешава и повеќе пати да ја измијам. Но, сепак во границите.