Вообичаено ја мијам косата на 4-5 дена. Кога сум на одмор ја мијам секој ден, евентуално преку еден. Зимам некој лесен шампон и ја шампонирам само еднаш. Некое мое мислење е дека солта може да направи повеќе штета, отколку миењето секој ден за време на одмор. Сепак, најдобро е сама да си оцениш како повеќе ти одговара.
Делумно само од себе се смири, но верувам дека многу влијание имаше тоа што престанав да купувам шампон за мрсна коса и преминав на поприродни средства за коса, а и се обидував да го пролонгирам миењето на косата постепено. Сфатив дека некогаш претерував со тоа што бев убедена дека косата ми е мрсна (а немаше врска), па порано миев коса понекогаш и преку неполн ден. Сепак пролонгорањето не значи дека сега шетам со мрсна и нечиста коса , туку пак ми се фаќа понекогаш да измијам коса три пати неделно, ама во споредба со претходно тоа е поретко. Влакното ми е скроз сменето откако ги баталив стандардните шампони и косата изгледа свежо 3 дена. Подолго не ја ни оставам немиена, не се чувствувам убаво.
На утро вежбам, и се потам и се осеќам ептен мрсно ако не ја измијам и глата. Денови кога не вежбам, мавам само туш ама максимум преку ден ако ја измијам косата, повеќе не. Сакам да не мора да ја мијам толку често, ама реално не се трпам себеси испотена во глава и така да седам и само туш да манам.
И јас два пати неделно. Бидејќи е третирана и е сува, кога одиме на одмор исто така гледам што поретко со солена вода да ја мокрам, за повторно да си го држам тој ,,ритам,, со два пати неделно миење коса. ЕДИНСТВЕНО пред да ја фарбам може повеќе денови да ја издржам немиена, зашто од хидрогенот скалпот ми се уништува. Порано немав ваков проблем со хидрогените, сега имам.
Обавезно ја мијам секој ден кога сум на одмор. Вода, нечистотии, сол... Не ми иде да си легнам со таква коса.
Порано ја миев секој втор ден бидејќи ни 48 часа не можеше да ми опстои без да ми се смрси, потоа откако си зедов брезов шампон ја мијам на секој трет ден. Сепак, не би го препорачала ако обично имате посува коса, само ако многу ви се мрси бидејќи ја суши. Јас на одмор ја мијам на два дена, ама тоа е затоа што најчесто ја врзувам високо горе и не дозволувам да се намокри. Ама ако ја мокриш пожелно е да ја миеш секој со некој лесен шампон.
Што ти се случува? Јас имам еден дел каде ако ставам фарба ме пече и после ми де прави какп раничка од која тече лимфа
Тоа што го опиша. Ама тоа кога на чиста коса се фарбам. Пржи на кожата.Па се створија ранички. Фризерката ми рече-никако на чиста коса!
И јас не се фарбам на чиста коса ама ете пак. Па го одбегнував тој дел. Сега ќе треба на фризер да си ја враќам мојата боја па ќе мора да му речам да пази инаку ми се чини кожата ќе ми падне таму. Кога лупам раничката и влакна од корен излегуваат. Грозно
Ја миев на 3-4 дена и воопшто не ми се мрсеше. Сега секој ден или преку ден ја мијам и ако ја оставам ден повеќе ќе ми стане мрсна ама не можам. Секој ден сакам на шампон да ми мириса. порано пак се туширав секој ден ама ја собирав косата не ја миев . сега си викам ај лето е и на секое туширање ја мијам и косата.
Sekoj den no koga pocna premnogu da mi se tenci i da mi pagja namaliv na leto sekoj 2 den a vo zima 2 pati nedelno