Јас искрено штом затопли времето особено во лето ја капам 2 пати дневно.. Едноставно коренот ми е таков и веќе по неколку часа откако ќе излезам од дома осеќам дека спласнува и по страните кај челото и ушите ми се масти.. Можеби дека имам права и фина коса и затоа, се познава незгодно ми е. Еве другарка ми таа има виткана коса со потврдо влакно, и да не ја искапи 5 дена кај неа не се познава мрсно.. Суви шампони не сакам ич, ми го сушат коренот и ми прават првут.. така да чаре нема
Идеално, на 5 дена. Сува коса имам, и колку почесто ја мијам, толку полошо, се повеќе и повеќе ми се суши. Се мрси дури на шестиот ден. Гледам да ја мијам ден пред да почне да изгледа мрсно.
Мојата не е права, ама е тенко и слабо влакно и се познава веднаш дека е мрсна. Суви шампони и јас не сакам мислам дека полошо само изгледа од нив
Преку еден ден, или преку два дена. Зависи како ќе ми се измрси. Со препаратите што ги ставам за виткана коса нема шанси да не ми се измрси. А и секако имам мрсен скалп. Пред 100 години кога имав ондулација, тоа косата пепел ја прави, долу барут сува ама во коренот мрсна Што и да се прави е џабе, нема врска помалку миење, помалку мрсен скалп. Со шампони одамна престанав да експериментирам, терам со она што ми е погодено, сфатив дека нема шампон кој помалку ќе ми ја масти. Напротив со овие шампони надолу ми ја суши а скалпот повеќе мрсен. Затоа користам само шампони за волумен или за сите типови на коса, ваков тип највеќе ми одговара. А еднаш користев и од оние тврдите шампони, па погрозно нешто немам користено , никогаш нема да ми текне пак да земам каква марка сака нека е.
Исто и јас, денес ја мијам, утре вечер мрсна, што не пробав џабе. Сега дека тазе шатирана па по не ми се мрси. Сите ми велеа дека често ја мијам затоа, пробав и 2x неделно пак ми се мрси. 2 дена ако не ја измијам како да не сум ја измила 1 недела ми изгледа.
Немам коса ќелав сум ама секој ден се туширам и на главата така са ако имав коса секако ќе беше секој ден
Порано еден период ја миев секој ден ама квалитетот беше нула. Сега на 3 4 дена и каде каде подобрена е.
Четврток и Недела, преку зимо знам Четврток и еден сув шампон да и акнам напред кај што се замрсила, и ајт.
Два пати неделно,некогаш и еднаш неделно ..користам сув шампон и сега лето скоро секој ден ја собирам пунџа,неможам да ја носам пуштена.
Ама така повеќе не ти се мрси? И јас имам многу тенко влакно, преку еден ден ја миев, па пробав да пати неделно. Кога ја мијам секој ден ми се наелектризирува.