Секој ден, така ја навикнав,сега еве треба да ја мијам а ладно ми е плус треба после да ја виткам со една финта тука што ја научив на форумов (така ми се зголемува волуменот) у пм саат време ќе ми одземе се. А некогаш обично за викенд или ако ме фати ептен мрза ја оставам преку еден ден и не од што ми е толку мрсна туку од навика се чувствувам како којзнае колку да е нечиста и мрсна, а всушност не е.
Секој 3-ти ден.Многу ми се мрси Вчера ја измив а денес ми беше бушава,утре ќе ми биде супер а веќе третиот ден ќе ми биде мрсна
секој втор ден... таман ми се фаќа не дозволувам да ми биде мрсна.. понекогаш ако сум цели денови по дома знам да не ја мијам толку често.. али ако треба да излезам одма под туш ... брзоо
Средно често. Некаде околу третиот ден почнува да губи форма, се мрси и станува безживотна (најупотребуван збор од рекламиве за шампони) па истиот земам и ја средувам. Некогаш само на четири дена, ако ја соберам таква никаква, ама во последно време тоа многу, многу ретко се случува.. И конечен одговор: на три дена.
Како што кажала Каша по потреба, така и јас. Може да се случи косата да ја измијам преку два дена, може да се случи преку 3, 4 па и 5 дена. Ако имам потреба за излегување или нешто слично така важно, и сакам да ми е со свежи локни и премногу миризлива ја мијам и преку два дена, ама гледам да одбегнувам. Претежно ја мијам преку 3, поточно на 4тиот ден од сабајле пред да излезам или попладне пред да излезам од дома. Јас немам коса, имам џбун, и кога евентуално ќе ја осетам безживотна, т.е дека ми спласнале локните по два дена а јас немам потреба да ја мијам, фрц во репче или омилена пунџа и ајт со здравје. Не ми се приметува мрсна коса ептен зашто ми е многу густа, ама јас си ја осеќам и секако дека нема да дозволам да излезам така од дома. Мада ако сум дома ја оставам, и дополнително ќе и дотурам рицинус или нешто такво и ја врзувам па низ дома цел ден таква шпартам, и ако не излегувам вечерта пак дополнително турам рицинус ја плетам или врзувам и легнувам да спијам. Па да видите на 4тиот или 5тиот ден после мрсниот третман кога ќе се избањате што е мека како свила коса и прекрасно миризлива. Во секоја статија што ќе ја пронајдете за грижа на коса пишува дека не чини да се мие секој ден, два пати неделно дека е доволно, на косата и без тоа и ставаме 300 препарати, хемии и што ти не ... Не викам еднаш неделно да се мие косата ама гледам сте пишувале секој ден ја миете косата, тоа било хигиенско, според мене тоа веќе не е хигиена, тоа е просто навика, така сте навикнати и така сте ја навикнале косата ... реално и да не ја измиеш косата два дена а да водиш убава грижа за неа, убаво ќе мириса. Кој не верува слободно нека дојде да ја мирисне мојава Впивала мирис на манџојни, па јас не дремам врз тенџерето кај што готви мајка ми ... ако евентуално готвам јас и се умирисам фала Богу дека ќе ја измијам ... Се расприкажав
Третиот ден ја мијам, многу ми лета ми се мрси и губи форма неможам да ја трпам, а ако сум дома не ја мијам си ја врзувам во репче и така ми седи додека не треба негде да отидам
Летото ја миев секој ден. А за растење незнам и нензнам дали е здраво. Сега кога е поладно ја мијам 2 до 3 пати неделно.
Кога ја пеглам морам да ја мијам на секој 2 дена, а кога не ја пеглам(природно виткана ми е ) ја мијам на 3 дена зашто не ми се мрси воопшто,но често пати ја мијам и секој ден
Секој втор ден,косата ми е виткана по природа но бидејќи имам шишки тие мн брзо ми се мрснат и морам на секој втор ден да ја мијам
Да имам време секој ден би ја имала бидејќи ми се мрси ненормално многу. Али.. секој втор ден, тоа ми се можностите.
Косата ја мијам обично 2-3 пати неделно.Мене многу бргу ми се мрси косава и тоа ужасно ме нервира Значи денес ќе ја измијам и убава супер,утре веќе хмм добро може да пројде,но 3 ден е мрсна. Многу ми врши работа бебешка пудра,ако немам време а морам да одам некаде,нанесувам пудра и ја собирам и не ми се познава дека е мрсна.Пудрата ја упива мрснотијата. Ама сепак ова го правам ептен само кога морам,инаку ме нервира да ми е мрсна косата.
Иако ја бланширам и фарбам секој месец, сепак многу ми се мрси косата .. Ја мијам 2-3 пати неделно.. Иако веќе вториот ден ми е мрсна се трудам да ја носам соберена или го користам трикот со пудрата, за да не ја мијам секој ден.. А, ако ја фенирам или пеглам, уште повеќе се мрси.. Тоа за растењето, првпат слушам..
Ја мијам во недела, вторник, четврток и некогаш и во сабота. И на косата и е потребен кислород за растењето ( така имам прочитано) , но со често миење се оштетува косата, не расте. Можеби и тоа е индивидуално Најбрзо се забележуваат резултати ако ја зголемете физичката активност. Проверено !
Само во недела си ја мијам ... ако ја фаќам косата ми се мрси во четврток и ја носам врзана а ако не ја чепкам ич може и цела недела со пуштена да си одам
Имам густа и кадрава коса која воопшто не се мрси па ако не ја допирам многу може да ми трае и 1 недела без да ја измијам..но, најчесто ја мијам на секој 4-5 дена, зависи колку слободно време имам на располагање.