Секој ден многу ми се мрси, не е до миењето- кога ја мијам мислам дека главата ќе си ја откорнам. Едноставно - до косата ми е....
Секој трет ден обично иако понекогаш и уште вториот ден ако треба негде да одам, првиот ден ми е прекрасна, вториот така-така, веќе третиот ми се мрси. Мислам дека така е најдобро, на секои 2-3 дена.
Во лето преку 2 дена, во зима преку 3 дена. Не дека имам некоја потреба на кратки периоди да ја мијам, но незнам, некако навика ми стана. Ретко ми се мрси.
По природа имам сува коса и не ми се мрси. Зимно време ја мијам на 4 дена отприлика, а во лето почесто затоа што нели, топло е и се поти.
Јас ја мијам косата секој ден и така ја навикнав па сега и да не ја измијам само еден ден пак ми се мрси.Иначе да ве прашам за совет пред некој ден ми прегоре пеглата и ја испеглав косата со пегла за алишта ја изгорев на врвовите скроз и сега не можам да ја поднесам,да не знајте како да ги омекнам врвовите без да ја истрижам косата,едвај ја пораснав неќам да ја стрижам
Ќе си ставаш повеќе маска за коса и силиконски капки одкако ќе ја измиеш.Ама од тоа нема да ти се излечи, само ќе ти се прикрие изгореното.Ако сакаш да го снема ќе мораш ножици
^Исто од погоре, ако сум ја измила во среда во петок обавезно ја мијам, иако мојава многу слабо ми се мрси. Ако не ми е измиена подолго од два дена повеќе се сплексува него што се мрси.
Во лето на летен одмор секој ден.Останатиот период,зависи но најчесто: -Недела(за спремање за понеделник) -Вторник(после аеробик) -Петок(после аеробик) Шо значи,3 пати неделно.Ја бањам ради мирис и хигиена и нега за косата секако.