Ти се мрси зошто си ја навикнала косата секој ден да ја миеш што не е добро. Почни да ја миеш преку два дена, на почетокот ќе ти биде тешко дека ќе ти биде зејтин мрсна дур ти се навикне самата коса . После ќе немаш гајле, само ќе помине време дур ја навикнеш.
Па два пати неделно,ама изминатава недела издржав 5 дена и не ми беше мрсна зошто не ја фаќав ама ми беше сува и безживотна каква што всушност и ми е..
Речиси секој ден. Има ден/два во седмицата кога не ја мијам, ретки исклучоци. Морам толку често да ја мијам бидејки многу брзо ми се мрси и изгледа грдо, дефинитивно.
на секои 4 дена, веќе 4тиот ден е мрсна и треба да се мие, така да му доаѓа 2 пати неделно, ретко и 3 пати кога ја мијам пред искачање, а е малце мрсничка кај коренот
најчесто на три дена, а покенкогаш и на два. во принцип не ми се мрси али за тоа ми се спласнува и нема ниакков волумен
Лани ја миев косата преку ден, а и плус тоа фарбана. Ја оставив еднаш една недела без да ја мијам и од тогаш се мијам максимум 2 пати неделно (најчесто вторник и петок) и сега подобар ми е квалтиетот на косата не ја горам толку, бидејќи фарбана е мојата па неможе да пројде без фенирање
јас ја мијам секој втор ден бидејки ми е ретка,некогаш и на три дена,ке си ја врзам и готово.препорачувам шампон нирел помалку се масти
Ја мијам секој втор ден,зошто хормоните вријат па косата ми се мрси мн брзо.Дали знаете некој ефикасен шампон за помалку мастење????
Нјачесто ја мијам преку еден ден оти многу ми се мрси, пример да речиме ја мијам во понеделник и пуштена ја носам само тој ден, а другиот ден веќе ми е мрсна, ама се обидувам да истрпам и ја врзувам во репче, па наредниот ден пак ја мијам. Е сега заприметив дека повеќе ми се мрси кога ја пеглам, а ако не ја пеглам можи и два дена да ми издржи да не ми е мрсна, па зато си викам дека има некој удел и тоа. А за викенди па и петок и сабота ја мијам, абе катастрофа ич не можи да постои убава два три дена, блазе вас на кои ви седи повеќе дена убава, јас гревче
Два пати неделно ја мијам, а некогаш се случува само еднаш неделно зависи од тоа дали ќе ми е мрсна косата или не....
Ha секој втор ден,не разбирам како порано сум ја миела 1 неделно Cега не можам да се поднесам повеке од 2 дена
Мене ми се мрси многу брзо + имам првут и живеам со пушачи и косата за 2 дена ми е СМРТ.Ја миам 3-4 пати неделно.Не се траам ако не ја измијам
3-4 пати неделно? Па ти самата си ја усмртуваш косата... Оди од аптека купи си медицински шампон Реконазол или Кетоназол ке ти го отстрани првутот, нема да ти се мрсе косата, а и со тие шампони неможиш да ја миеш косата повеќе од 2 пати неделно.. Ако ме послушаш имаш загарантиран успех! А и јас живеам со пушачи па косата ми е сува барут...