1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колоноскопија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од cia123, 4 април 2011.

  1. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    Оди си на доктор за ректално крварење немој да чекаш.
     
  2. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Какви се вашите искуства со Фортранс? Изутрина имаме закажано виртуелна колоноскопија во Жан Митрев, меѓутоа пациентот не може да ги издржи нивните насоки, кои гласат "4 ќесички Фортранс растворени во 4L вода од 19-23h вечерта пред прегледот". Плус 4 таблети Еспумисан на почеток и 4 на завршување на прочистувањето.

    Дали и други од вас добија исти насоки за класична колоноскопија?? 4 литри за 4 часа е многу нереално, кој би го издржал ова темпо?!
     
  3. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    3.804
    Prasaj po grupite na fb sigurno ke dobies odgovor ,iskustvo, tuka tesko..
    Mozes anonimno da objavis .
     
  4. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    "Виртуелна колоноскопија" се прави со компјутерска томографија снимање ако се најде нешто пак треба да се прави нормална колоноскопија.
     
  5. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Вака, почнав да му придавам многу значење на проливот, што реално кај секој може да се јави како акутна состојба.
    Откако останав бремена забележав дека после млечни производи добивам грчеви, а откако се породив и доев добивам и пролив после конзумација на истите.
    Е арно ама веќе после таквите ситуации почнаа да ме маваат филмови дека сум болна од најлошото.. и сега последно имав пролив пред две недели, 3,4 пати во една врчер. Со 2 линекс капсули се среди. Е од тогаш наваму сум цело време под стрес и мислам што ќе исфрлам кога ќе појдам во вц, каква столица ќе имам, страв да не ме фати пак пролив и столицата цело време ми е како иструпана, растресена, истенчена. Буквално се будам на утро и мислам сега дали ќе појдам во вц и каква столица ќе имам и нели од самата помисла одма имам повик за нужда и столицата е таква како што опишав секое сабајле.
    Исто да напоменам дека скоро по цел ден сум сама со мало дете, сама се грижам за се, ем стресно ем јадам кога ќе стигнам, колку а и што ќе стигнам.
    Истово го имав и пред 4 месеци ама тогаш некако побрзо се опуштив и ми се нормализира столицата. Во меѓувреме не дека немав дијареа, имав, ама не придавав значење(еднаш на 2 или 3 недели).
    Дали мислите дека треба да размислувам за колоноскопија? Некој со слично искуство дали има?
    Заборавив да пишам дека и често цревата ми кркорат. Еве на пример сега додека пишувам.
    Сопругот ми вика јас сум цел живот со такви столици немој да се плашиш без потреба.
     
    Последна измена: 8 јуни 2024
  6. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    По ова што кажуваш најверојатно имаш синдром на иритабилни црева што го има секој трет човек и што нормално денес само за сигурно мора да одиш на гастро таму и терапија се дава во апчиња и ако ти се среди не ти треба колоноскопија.
     
    На Lina-Detelina и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Се надевам и јас барем на иритабилен колон. Затоа и пишав тука да видам дали има некој со исти симптоми а не испаднало да дојде до некоја страшна дијагноза.
     
    На Flier му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    Страшна дијагноза може да се отфрли само со колоноскопија не знам колку години имате ама помлади на државно многу тешко дека ќе се нафати за оваа постапка
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    26 години имам.
     
  10. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    Многу си млада немој да се секираш отиди на гастро доктор ќе ти дадат терапија за ибс.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Лактозна интолеранција, плус нерегуларно јадење, плус анскиозност резултатот ти е ова. За интолеранцијата чаре ти е да си пробаш со лактаза таблетки, ги има во ДМ 360 денари, 100 таблетки, на оброк се зимаат 2-3 (во зависност од тоа колку многу млечни продукти јадеш) и тоа е тоа. Воедно припази и на алкохолни шеќери (ги има во ниско-калоричните производи) и ќе ги сретнеш под различни имиња, најчест е сорбитолот, кој се користи во мастики и пијалоци (некои, не сите, на пример зеро пијалоците користат аспартам), малитол, ксилол, сорбитолот можеш и како хумектант да го пронајдеш во некои производи (обично не треба да смета, ама мене ми смета, на пример Манчмеллоу).
    Ако сакаш да се регулираш треба да си направиш некоја рутина на јадење, пошто ваљда од сабајле си ептен со обврски, види нешто од типот на овесни снегулки со нешто (ми дое да ти кажам јогурт, ама не јади дур не си земеш лактази, пошто ќе ти праи проблем).
    Ако не сакаш да се заебаваш со лактази, има и релативно безбедни млечни производи, односно тврди кашкавали од типот на пармезан, ама и другите жолти тврди зреени се во ред.
    Млеко имаш без лактоза, само ќе ти биде малку поблаго (лактозата се разградува до галактоза и глукоза кои имаат повисоко ниво на засладување како шеќери)
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Фала ти за советите. Искрено млечни не јадам многу, освен кашкавал од кој што немам мака воопшто. Некогаш и од други млечни не ми се јавува дијареа, а некогаш да. На пример последно имав пред две недели, а цел ден внесував мрсна храна(месо), е од тогаш наваму не можам да ја регулирам, никако да стане нормална столицата,ама како што кажав предходно, цело време на тоа мислам како ќе појдам во вц, каква столица ќе имам. А пред ова имав за Велигден пошто и тогаш нели се оптеретив со мрсна храна, после пост, а исто и сирење јадев. Кога јадам сирење обавезно имам дијареа. Предходно исто ми се промени со денови нерегулирана ми беше од просо, тогаш се среди со Ентерофурил.
    Не знам.. ќе одам понеделник и со матичниот да се консултирам. Вајда нема нешто посериозно.
     
  13. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Консултирај се, ама не е ништо посериозно, ради анскиозноста те пука стомакот, глеј опрај го со време и смири се. Се дур немаш крв и остали симптоми сем дијареа, немаш потреба за паника, мада ни тогаш немаш потреба за паника, со паничење ништо не решаваш.
    А колоноскопија нема да ти дадат, сем ако не инсистираш премногу, затоа што е ризична процедура, може да ти пукне цревото и да си имаш и итна операција, а и не ти ни треба да ти кажам.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    Ова се глупости баш оваа година првпат се воведе скрининг ќе се прават вкупно 5000 постапки ама за над 50 години лица
    Нема да дадат зашто за млади ризикот за карцином дебело црево е многу низок и не може на секого да се прави...
    Колоноскопија е безбедна постапка.
     
  15. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Безбедна да, без ризици, не. Исто ко со лековите, бенефит наспроти ризик, а руптура на дебелото црево е реален ризик и никој нема да ти препише колоноскопија сем ако немаш реална потреба (освен приватниве болници, што и да ти мириса прдежот ќе ти речат и колоноскопија и едноскопија и 50 илјадарки).
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Веројатно веќе биднало, ама ако е некому во иднина информацијава од помош:

    Многу полесно е да се испие фортрансот ако се пие разладен (сетилото за вкус не го препознава толку) и со комбинација со бистар сок од јаболка (клучно е да биде бистар, без пулпа за да не создава измет). 2-3 голтки ладен фортранс од едниот филџан па веднаш 2-3 голтки бистар сок од јаболка од другиот филџан или чаша (сокот не мора да биде ладен). Подготовката да се започне порано, уште околу 16:00 и ќе успеете. Секако, додека трае подготовката, нема одење вон станот/куќата односно бидете постојано во близина на функционален тоалет.

    Не знам како е кај ЖанМитрев Клиника но на државна (Водњанска) имаат многу добра опрема и екипите се врвни. Доколку нешто ситно останало неисчистено, со цревната камера .истовремено прскаат млаз вода и истото ги вшмукува талозите (ама ова ако е само минимално). Но клучно е прочистувањето да се направи целосно без отстапки (да не се конзумира ништо освен вода, бистар кристално проѕирен сок, може да биде зелен или жолт).

    Важно е исто така фортрансот да не се пие на сила (не смее да дојде до повраќање), штом почувствувате и најмало гадење, направете пауза минута-две, пет ако треба и 5 продолжете со по 2-3 голтки. Колку и да излгеда многу, постепено содржината се намалува и ќе се испие. На некои луѓе им помага ако го пијат низ сламка.

    По колоноскопијата најнормално е да имате чувство на подуеност и силни гасови неколку часа, самиот персонал ќе ви посочи ич да не се воздржувате, туку е здраво и потребно слободно да ги испуштите (прдете слободно, јасно и гласно - нема срам! за здравјето се работи!).

    Следните ден-два не јадете пржена и зрнеста храна (кикирики, лешници, ф'стаци значи не), туку потечна, на пр. компир пире и кисело млеко...
     
    На MissBreezy и Flier им се допаѓа ова.
  17. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Без разлика што станува збор за виртуелна колоноскопија, процедурата за прочистување пред прегледот е иста.

    Сепак има и алтернативна метода која ја нудат за ректално прочистување, што веќе ќе ја воведат и како нормална практика пред било кој тип на колоноскопија во Жан Митрев, а тоа е т.н. хидроколон терапија. Нова е, кого го интересира нека си изгугла. Топло ја препорачувам на секого, ја прават и чисто за детоксикација на цревата. Има пациенти што едноставно не можат со оралнава метода со Фортранс, како во нашиот случај, па ова е навистина спас.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Колку е цената на хидроколон процедурата таму?
     
  19. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Машки
    Само проблемот е што со таа метода ако се најде нешто од типот на полипи што треба рутински да се отстранат пак ќе треба да се прави стандардна колоноскопија и трошоците по приватните се секако ќе бидат двојни.
     
  20. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Никој не го спори тоа. Во нашиот случај немаше потреба од класична колоноскопија. Точноста на резултатите е висока.

    3500ден.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.