Побарај упат од матичниот за гастроентеролог на државна клиника во Скопје. Тие ќе ти кажат што треба да направиш понатака од дијагностика и ќе ти ги толкуваат резултатите. Ако треба колоноскопија, тогаш од кај нив ќе ти закажат кај нив на клиника во друг ден и нема да мораш да плаќаш приватно.
Дали некој правел колоноскопија во Промедика со анестезија , да ми каже која е процедурата за чистење на дебелото црево? Колку дена трае што се јаде што се пие , апчиња,прашоци ?
Ова е прашање што треба да го упатиш кон лекарот што ќе ти ја прави колоноскопијата, или анестезиологот ако е под анестезија, а не на форум. Обрати се до Промедика, нека ти објаснат убаво, сепак се работи за интервенција.
Дали некој има пиено цитрафлит за чистење пред колоноскопија и дали содржи електролити, ми е страв да не дехидрирам?
Меѓудругото, вообичаено докторот препорачува бистар сок со јаболко и бистри течности 2-3 дена пред процедурата и одреден начин на исхрана. Секако, се земаат и лаксативи за да се испразниш. Ова се мора да е во консултација со докторот кој ќе ја изведува процедурата
Мене ми дадоа само цитрафлит, но нормално дека и течности треба да се внесува. Ме интересира дали без анестезија е болно како што кажуваат или се издржува и колку време трае истата? После колоноскопија дали има некоја забрана за храна и сл.? Ако е со анестезија дали одма те будат и си одиш дома? Имам правено ректоскопија без анестезија, сега за колоноскопија ми е страв
Да кога ти закажаа? Јас имам термин на 18 март со анестезија и искрено се плашам како ќе биде. Не сум од ск, а ми закажаа во 13ч. Како ќе издржам по пат ми е страв, дали да земам апартман во ск се мислам? Некој што правел да сподели искуство и совет што би било најдобро. И откога ќе се испие течноста за прочистување колку пати сте оделе во тоалет? Дали на денот на извршувањето на колоноскопијата не треба да се пие вода од утрото поради анестезијата?
FORTRANS дали е безбедно да се користи во домашни услови една кесичка со литро вода да се испие ? Дали некој пробал
Јас пиев цитрафилд, со тоа што пиев денот пред интервенцијата две кесички. Одев во тоалет мн често, а на денот на интервенција не пиев ништо. Бев исчистена добро..... Да напоменам дека после секое пиење вода после цитрафилдот одев во тоалет
Имам јас хемороиди, не ми се воспалија ако на тоа мислите.... Да или Цитрафилд или Фортранс даваат...
Навистина од тоа се празни целото црево скроз и се оди почесто во тоалет додека не се исфрли вода односно проѕирна течност т.е. водата значи дека е чисто цревото како "доказ"?
На денот на интервенцијата не смееш да пиеш вода? И дали и тој ден одиш во тоалет? Каков е вкусот на течноста за пиење? Некако многу ми е наеднаш да ја испијам? Со анестезија ли беше ти? Имаше ли болки по интервенцијата?
Јас се спремав 3 дена. Првиот само варен ориз, вториот само сок од јаболко 4 литри и столиците почнаа воденасти да стануваат, третиот ден во 9 Цитрафилд во 250 мл вода па после тоа 3 литри само вода, во 16 часот повторно Цитрафилд и пак 3 литри вода. Утрото пред прегледот не пиев ништо. Бев добро прочистена и не одев во тоалет утрото. Прегледот го правев без анестезија и од 1 до 10 мене ме болеше 7. Ме болеше многу на свиоците на цревото. Искрено без анестезија не би правела пак....После прегледот имав како крв малку и гасови... не ме болеше ништо
Јас конечно направив колоноскопија во Ремедика со анестезија, најтешкиот дел ми беше подготовката. Битно се ослободив, резултатот хемероиди втор степен.
Која е цената во Ремедика? И каква анестезија ставаат? Јас бев во државна болница со анестезија, меѓутоа двапати се разбудив со страшни болки, и ја премина д-р. Ми закажа за шест месеци повторно да одам. Затоа те молам сподели искуство.
Во Ремедика цената е 24800ден. Има 3 дена подготовка по дадено упатство за колоноскопија првите 2 дена лесна исхрана , последниот ден само течности и пленву. Во болницата доаѓаш во закажаниот термин и за краток период те спремаат за колоноскопијата. Стават венски анестезија преку систем и спиеш, како завршува колоноскопијата ја прекинуваат анестезијата и се будиш веднаш. Во болницата си уште еден час за да помине дејството од анестезијата и си одиш.Се на се 2 часа се задржуваш. Мене потешко ми беше подготовката од самата колонископија. Докторката е многу фина и на крај се ќе ти објасни убаво што и како понатаму.