Немам осетливи црева, ниту течна ниту тврда столица, сосема нормална, неодамна имав проблеми со крвта, сега резултатите се подобри, никогаш не сум почувствувала проблеми во цревата или да имам хемороиди, цел живот сум анемична а сепак ме праќаат на колоноскопија. Што би ме советувале?
Да одиш, и да се провериш. Можно е анемијата да доаѓа од внатрешно крварење, сакаат да си се осигураат, тоа не значи дека имаш нешто, туку таква е процедурата.
Здраво, би ве замолила да ми кажете дали на државно се прави гастроскопија и колоноскопија со анестезија и кој доктор би ми препорачале? Поради финансии барам на државно
За државно тешко да начекаш термин. Лани маж ми кога правеше, интернистот му кажа ако може ќе закаже во Тетово, обично таму имало термини, провери на мој термин. На крај, правеше во Штип кај Ацо Николов, ама без анестезија. Мислам на државно дека не даваат. Сега гледам Златко Стојменов Штип почнале со овие прегледи и се со анестезија, ама не знам, мислам се на приватно. Може да прашаш.
Фала за одговорот. Приватно е многу скапо затоа мислев негде по државните ама како што читам повеќето прават без анестезија, што не би сакала без анестезија да правам
Имам скоро два месеци болка во абдомен која се мести под ребро доле десно па доле лево,ехо на абдомен во ред и крвна слика е во ред имав воспален желудник на гастроскопија некое време јадам полесна храна,болката е тапа не е силна имам нормална столица и крвна анализа и калпротектин нормални… но поради болката шо ја осеќам не знам дали да направам и колоноскопија или магнет
Заборавив да кажам дека осеќам кркорење некогаш подуеност но ми нее ми кажуваат ништо на др,.. и дека немало потреба но поради болката нее знам што да правам некој совет
Информирај се ако магнетна покажува се што треба да се види за тој дел ти е побезбедна и безболна опција.
Па да или компјутерска томографија ама докторот шо ме гледаше е на одмор до 9 септември и не знам шо да правам,компјутерот повеќе давал информации за црева а магнетот за нерви мускули и меки ткива