450 денари е..инаку јас имам правено без анестезија и не боли...но кај луѓе кои имат хемороиди, ранички, полипи идр.боли, ама издржуваат, не е до толку.
Здраво феминки, Би сакала да направам колоноскопија по можност на приватно.. колку чини, дали е болно без анестезија? До сега не сум имала целосна анестезија и поради тоа ме фаќа паника.. Малку повеќе детали би биле од корист.. И дали има на приватно во Битола?
Хелоо,јас ќе правам колоноскопија со општа анестезија во градска болница 8ми септември,дали некој од вас правел колоноскопија таму и дали сте задоволниСамо што ми закажаа дури во март
Здраво девојки. Сами одлучувате за колонскопски преглед или ве упатуваат специјалисти ?На колку години старост се препорачува? Какви тегоби имате за да го правите овој преглед?
Ако немаш проблем немаш потреба од колоноскопија,јас имав и по 10 течни столици на ден,ослабев 15кг,сите резултати на крв и фесецес ми беа ок,ама столицата не можев да ја средам и сама одлучив да направам колоноскопија
Izvini da te prasam, kade pravese pregled, na privatno ili u drzavna? Kolju e na privatno moze li nekoj da dade info?sto cuvstvuvavte vi stomakot bolki ili kako se resivte za pregled? Fala..
Направив колоноскопија, проблемот сега е што имам запек а кога одам во тоалет повеќе ме боли и имам крвава столица, неколку дена после колоноскопија та, Ве молам искуство, дали е тоа нормално.
Минатата недела правев колоноскопија во систина кај др.Васко. Претходно ми беа исчитани многу теми па да споделам искуство и јас. 2 месеци диареја по 5 до 10 пати на ден, цел период на диета и лечена од пост вирусна инфекција па од бактериска на крај никој ништо не знае, и одлуката беше колоноскопија. Јас преплашена договорив со анестезија општа и не згрешив! 2 дена пред од страв немав апетит и бев на течна храна уствари само супа. Следен ден среќа што договорив соба во хотел инаку од Битола до Скопје како ќе стигнев омалаксана и дехидрирана на истиот ден неќам ни да помислувам. Се чистев со фортранс (не го ни запаметив добро) имав 4 литри( на 2 пати по 2 литри ) додека пиев имав енергија и се чуствував свежо иако имав над 20 столици тој ден, бкусот воопшто не ми беше лош дури и ме освежуваше, пиев по една шола од 250мл на секои 15 мин со аларм и тоа наеднаш, со вакво темпо за 2 саати се пијат 2 литри па може да се направи пауза за сок од јаболко(кое можи е подобро да се пие само измеѓу а не и по втората тура фортранс бидејки шекерот ствара измет и се валкаат цревата)... е во периодот кога не смееш да пиеш вода т.е. од 22-23 часот кога успеав да заспијам до колоноскопијата која беше закажана во 13 часот и имаше мало доцнење , одвај издржував... лежев а бев преморена и таму воопшто не можев салам да соработувм сакав побрзо да заврши и не можев ни салам да се објаснам, дополнително и маската која ја носев ме гушеше, олеснување почуствував кога ја пуштија инфузијата и ми пуштија кислород.. штом се освестив добив убави вести дека сум здрава, тогаш се радував но испадна дека IBS не е ни малку наивна состојба и ќе морам повеќе да се трудам да го надминам периодов (но за тоа во соодветна тема) Колоноскопијата на ваков начин е безболна. Кога се освевстив ја допримив инфузијата (ваљда истата ) и ми се поврати силата, лежев можеби околу саат време, дозволија мажот ми да е покрај мене додека целосно не застанам на нозе. Без разлика што Др. Анестезиолог малку го налути мојот страв и мене ме вознемири неговата грубост на крај заблагодарив за неговата посветеност во работата, а и тој веке смирен се искупи за својот однос со појаснување на севкупната ситуација. После колоноскопијата не чуствував никаква болка или нелагодност. Доколку требаше без анестезија мислам дека ќе одбиеше Др. да започни... претходни 2 месеци и повеќе доколку не бев секој ден дехидрирана мислам дека ќе бев по свежа и ќе имав повеке сила...
Со тотална анестезија телефонски договорив за 15500, но платив нешто помалку од 15000 Без анестезија е околу 10000... Даваат извештај и CD. И не правев корона тест кој е задолжителен во други болници кои ги контактирав. Инаку ми беше посочено дека психомедика била најефтина но не контактирав со нив во викенд не работеа а јас не бев во ситуација да чекам.
Јас правев во Систина пред 1 месец. Кај д-р Васко. Интересен човек. Не се сеќавам на процедурата. Под целосна царска анестезија бев. Искрено прв пат бев успиена со анестезија и чуството е многу wow. Како да сум испила 3 бензодиезапини(Санвали). Пред успивање последните зборови ми беа "се осеќам како да сум пиела Санвал". Докторите се ептен cool, расположени, ведри и знаат да те насмеат. Кога се разбудив од анестезијата посакав уште една . Сето тоа кошташе 15500ден со анестезија и плус терапијата ми чинеше 4400. Ти даваат CD со снимка и писмен извештај со терапија. Инаку мене ми дијагностицираа Улцеративен колитис(втор пат го имав). Земав терапија и сега сум скроз океј. Понатаму планирам и биолошка терапија да земам. Искуство некој? Главното прашање ми е дали кога ќе одам на контрола во Систина повторно ке ми прават Колоноскопија или дека немам веќе симптоми ќе испитаат крвна слика итн..? @tiksovacha @happiness! Happiness мислам себеси се прочитав во твојот подолг пост. Пиев сок од јаболко бидејки ми се гадеше од Фортранс(само 3 кесички едвај испив) + Алкалакс чај. Ама на 4 дена нејадење секако бев 100% прочистена. Ја од страв 4 дена не јадев и исто изнајмив апартман во Скопје.
zdr dali mozes da mi kazes koi simtomi gi imas ? jas pravev isto kolonoskopija vo sistina kaj doktor Vasko izleze ibs no seuste se plasam deka e nesto po seriozno od hrana bulvalno se mi smeta a imam cudni stolici so sluz no bez krv
Не ти е страшно штом немаш крв. Другарка ми има IBS и мачни и чудни столици со слуз но без крв. IBS лесно можеш да го контролираш и спречиш со здрава исхрана(без лактоза и бели пецива), повеќе јогурт, пробиотици и пребиотици, никако алкохол. Цигари ако пушиш намали и повеќе физичка активност + течности. И најважно од се, труди се максимално да се ослободиш од стресот, биди опуштена. Таа прима плус терапија(лекарства) што доста и помогнаа.(пиши ми во лп ако те интересира) Мене симптомите ми беа и првиот и вториот пат исти. Силни грчеви и нагон за во тоалет. Дијареа, крв во столица. Буквално еден залак да изедеш трчаш у тоалет. Живеев во тоалет со вц школката тој период. Плус психички паѓаш, немаш енергија. Нема причина за таа болест, автоимуна е. Нема ни лек. Но јас осетив дека големо влијание има начинот на живот. Освен терапијата треба правилна исхрана(+бавно јадење убаво џвакање на храната), многу зачини избегавање(јас користам само морска или хималајска сол, куркума и малку црн бибер), кафе и алкохол НЕ, редовен сон(само тоа го немам) и секако стресот многу влијае. Чај од свеж ѓумбир е совршен мелем за цревата.(+мед и лимон) Избегавање на се што ги иритира цревата. Имаш на google доста сајтови со статии за оваа болест но не читај секаде. Читај само проверени(академски) сајтови. Отвори преку Google Scholar.
ma veke studirav na tema kolitis i kron postojano sum pod stres deka e toa, a nemozat da go otkrijat ,sega sum na bez glutenska ishrana mlecno ne konzumiram nisto a i skrob mi smeta.kaj mene stolicata e formirano labava i cesto so ostatoci od hrana (zelencuk ) pretezno zolta so sluz.ima grupa na fb za kron i kolitis ima odlicni soveti i iskustva ,rasprasaj se za soko terapija,zakazav i pasaza pa ako e ok malku ke se smiram,iako taka velam pose sekoe ispituvanje p.s ti se voshituvam na hrabrosta i pozitivnosta ,ti posakuvam sreka ❤️ a da se iznacitav se i sesto pa dopolnitelno poludev jas i site okolu mene
И јас бев на работ од тешка депресија, страв дека ќе умрам, дека е страшно. Сите околу мене ги вознемирив. Ама ете се проверив и сега си терам по прописи. Позитивно е што ослабев и си држам линија, пијам течности многу и ми се намали целулитот. Поенергична сум. Зборам со луѓе со истиот проблем. Фала ти. И немој да се растресуваш поради IBS или Ulcerative Colitis или било што. Само терај по здрави навики и се ќе се доведе во ред. Со среќа и тебе. https://www.crohnsandcolitis.org.uk/
jas sum Debela i site mi velat ako bese nesto seriozno za ova vreme ke se prepolovese,pa si se tesam taka i jas,koga ke mi gi vidat rez od krvna slika mi velat deka krvta mi e mnogu jaka i deka ako imalo nesto zelezoto sigurno nemalo da mi bide 25,ama pusti strav me unisti,ti blagodaram za sovetite a i prasaj za fekalen kalprotektin taka ja sledat bolesta,vo slucaj da ne znaes za nego ma da sigurno si informirana za se
Девојки вие што сте правеле колоноскопија во Систина ако може да ми кажете како оди процедуарата. Одкога ќе се јавам да закажам прво се оди на консултации? Се дава некоја исхрана и после колку време е колоноскопија? Денес прашав за цена за колоноскопија и гастроскопија ми рекоа 27.300 со анестезија. Но препорачано е само колоноскопија да правиме, а гледам дека сте платиле поефтини. Дали може да се закаже за викенд? И дали прават претходно проверка на крв и други анализи докторите? Кои доктори прават колоноскопија во Систина? Фала на одговорите однапред