Kolku vreme trae kolonoskopijata citam pisuvaat clenki 30 min ..se rasprasuvav vo gastro med ili gastro top..mi rekoa 10 min trae bez anestezija...ne mi e jasno .Vo sto w razlikata
Од 15 до 45 минути трае,зависи кај секој различно. Јас правев во систина со анестезија кај доктор Трајков.
Здраво и мојот сопруг има улцеративен колитис дали може да споделите повеќе искуства што примате моментално на која терапија сте? Каква исхрана применувате? Поздрав и ви благодарам
И јас имам, воопшто не внимавам на исхрана, ни на алкохол ни на стрес. Во три години само 2пати ми се има активирано онака по сериозно, понекогаш знае да се активира на ден два ама исчезнува. Инаку храни кои го активираат УК се полнозрнести тестенини, житарки и зрнести плодови, апетисани, храна со многу влакна, алкохол и одредени овошја и зеленчуци се забранети исто така. Значи подобро е да не пазиш на исхрана одколку да држиш диета во тој случај. Јас така ја менаџирам болеста. Кај секого е различно. Инаку прва терапија пиев антибиотици, пробиотици и САЛОФАЛК обавезно.
Првиот пат имав силни грчеви во стомакот, столица со многу крв или само крв, немав апетит, едноставно се осеќав како да умирам. А, вториот и третиот пат имав благи грчеви, крв во столицата и имав апетит. Меѓутоа јас не се пазев и не пиев терапија 2 год. Сега бев на контрола и пак почнав да го пијам салофалко..
Здраво на сите јас сум нова овде би сакала да слушнам ваши искуства за подготовка за колоноскопија?Дали некој правел со препаратот за прочистување Пленву?
Еден совет од мене за тие што треба да прават испитување од овој тип. Значи во Скопје постојат неколку приватни ординации што прљват колоноскопија по цени што се драстично пониски од на пример приватниве болници. За термини за државно не ни зборувам таму само во крајни инстанци ја прават оваа постапка и не даваат ни термини ни имаат доволно опрема. Тајната на ова лежи во следново. Ќе си ги дадете парите и ќе треба евентуално двапати да ја правите постапката и ќе платите на крај многу поскапо. Зошто? Затоа што колоноскопијата како метода за испитување на ректумот и целото дебело црево не е само дијагностичка метода туку и интервента. Во овие мали ординации само прегледуваат и немаат апаратура за на пример вадење на полипи и земање на биопсија што е всушност најважна работа. Башка што за оваа постапка никако не препорачувам да се прави било каде зашто бара голема стручност и професионалност. Во овие ординации ако ви најдат нешто неможат да го отстранат ниту можат да земат примерок за испитување. И после тоа пак ќе треба од ново цела на друго место за интервенцијата која се прави во исто време.
Здраво на сите. Имам циста ендометриоза и правев тумор маркери за истата. Сите тумор маркери ми беа во ред само ца 19-9 покачен нормала 37 мене ми беше 70. Правев магнетна на цел стомак се е во ред. Крвна слика ми е во ред железо 24. Е сега читам по интернет и ме плаши што секаде пишува за рак на дебело црево. Симптоми немам ни еден. Нормална столица, немам болки. Дали некој има со слично искуство? Сега се мислам да правам колноскопија? Бев кај повеќе доктори ни еден не ми кажа да правам. Некако занемеруваат што е покачен овој тумор маркер