Имам 16 години до сега не сум се фарбала нешто сега сакам да си го променам изгледот сакам да се исфарбам темно кафеава иако мојата боја е светло кафеава кажете ми што е поубаво колор шампон или к'на? ја оштетуват ли косата ? за колку време паѓа бојата и доаѓа пак на природната ? ако е подбро колор шампон каков дајте ми слика или линк да видам Фала однапред !
Ако само сакаш да пробаш да видиш како ти стои, јас ти препорачувам колор шампон, брзо паѓа бојата, за неколку миења. Додека за к`ната незнам точно, знам дека многу тешко се измива бојата, потрајна е, како и обичните фарби. Колор шампонот не ја оштетува косата, или па ептен минимално, а за к`на незнам точно, не сум користела.
Кна имам користено, ми даде неверојатен сјај и го зајакна влакното, само имав проблем со бојата, не ја сакав!
Штом се работи за промена од светло кафена, во темно кафена, јас ти препорачувам к’на, природна е, а и го храни влакното, притоа давајќи му сјај. Не е некоја голема разлика или нешто страшна, па да му се секира како ќе излезе, каква ќе биде. И да ти изгледа многу темна, веќе после 3-4 миење ќе осветли. Не треба да ја чекаш да подникне, т.е. да порасне косата за да излезе цела боја, туку едноставно сама по себе, со миење избледува.
Имам темно кафеава коса,се направив со црн колор шампон и ок беше,не ми фати многу боја ама добив сјај.Сега во лето планирам да се направам црна,со к'на само имам едно прашање:дали откако ќе почне да паѓа бојата ќе ми се познава кај коренот или подеднакво ќе паѓа? пошто јас сакам само еднаш да се направам колку да ми помине меракот,а не цело време да се фарбам. И уште нешто:ај препорачајте ми некоја убава к'на
Јас не би ти препорачала кна,вистина е дека е здраво за косата но изгледа некако бедно и не е онака црна,а кога пага има чудна боја. Пробај со колор шампон па ехотон да прскаш со пумпица
Има ли плава кна? имам кафева коса и сакам да ја осветлам ,само да пробам како ми стои,но потоа сакам да се измие хаха ....дали е можно?
мислам дека нема плава кна.. сепак и да има нема да можеш да ја извадиш брзо, мене ми трае дури и по 2 месеца.. така да фарба или колор шампон.. иако кната не ја оштетува косата, напротив го зајакнува влакното и побрзо расне
Дали некоја е од Битола и може да ми каже од каде да набавам колор-шампон, по која цена, и кои бои се достапни? Фала однапред
Има плави кни, навистина е кната не ја оштетува косата.. јас од кафеава се направив црна и 2 години неможев да ја отстранам скроз
Темна кафена сакам кќна да ставам ама кога паѓа дали цела паѓа и за колку време зашто не сакам цело време да се фарбам и и плус сакам да си го зајакнам влакното и побрзо да ми порасне (многу барам знам )
Од колор шампонот ќе ти падне бојата за неколку миења,не држи многу,а к'ната ја фалеа дек го зацрснува влакното,па мое мислење ти е да пробаш к'на. Поздрав,
K'na e najdobro samo treba mn da ja plaknes kosata ama go zacvrstuva vlaknotooo i dava sjaj na kosata i raste so nea brzo i ako stavas k'na napravi ja so ruski caj
Јас претпочитам к`на од едноставна причина што е поздрава за косата.Значи освен сто ќе ја освежите бојата на косата,ќе го зацврстите влакното,ќе добие поголем сјај и помалку ќе се масти скалпот.
Ме кандисавте да се к'носам и јас Бидејќи имам и плави прамени ,дали ќе фати подеднакво насекаде или на плавото ќе биди посветла?
има црвен колор шампон,сеа не знам дали ти е многу светла,јас порано на светли правени ставив црвен колор шампон и дојдов розева
Ке ти фати нескаде и плавите прамења ама многу тешко ке ти биде да ја осветлиш ако планираш во скоро време да го направиш тоа зошто многу тешко е да фати друга боја после.Јас бев фарбана со к'на кога сакав посветла коса требаше да ја бланширам триста чуда ти кажувам да не се заебеш после.