Абе луѓе не може да правите споредба на колор шампон и к'на. К'ната потешко се мие и поинтензивна е бојата , а шампонот уште од првото миење паѓа. Ако сакате драстична промена како што направив јас со црна боја к'ната е измислена за тоа , а ако сакате нешто како прелив шампонот таманка ќе ви дојде
Во парфимериите има најразлични од цена до боја. Преливот се наоѓа во кесичка или тубичка, го истураш во сад, се мачкаш исто како и кога се фарбаш, ќе одстои 20 минути или пола саат, зависно колку јака боја сакаш да добиеш. Плус ако ставиш на плава коса црвен прелив за 10 минути има да биде жар црвена, но доколку имаш потемна коса треба и повеќе да стои.
Девојки , имам едно прашање. Сакам да ја направам косата виолетова со колор шампон и ме интересира дали бојата ќе падне скроз ( негде прочитав дека ќе останело од бојата ) ? Инаку, ваква боја сакам како на сликава.
За колор шампон незнам, ама со прелив ако имаш светла коса можеш да добиеш ваква боја, но ако имаш кафена( чоколадна боја) или црна ќе имаш само сјај. Инаку бојата ќе падне за неколку месеци. Зависно колку често ја миеш косата.
Мое мислење е дека колорот е подобар. Денес има да се купи колор шампон без амонијак, значи не е многу штетен. На секое пакетче има прегледност каква е бојата, па може отприлика да знаете каква ќе ви испадни. Кратко трае, што значи ако не си се бендисате нема уште долго да ја трпите таа боја. Кната не е толку природна и здрава како што нам ни ја претставуваат, зошто оваа што ја продаваат е фалш, па дури и да има кна, сепак внатре ставаат хемикалии. Оргиналната кна трае многу кратко и треба барем еднаш месечно да ставаш, а не како оваа цела година да ја трпиш на глава!!! Потоа, не знаете какви ќе излезете, црвеното може на некои делови да излезе поџишкасто, а негде не. Многу различно фаќа на различни коси. Таа кафеавата може да ви излезе дури и црна (без чудење).
Помеѓу овие две има огромни разлики и воопшто не можат да се споредуваат. Може да се споредуваат фарба и к'на. Колор шампонот паѓа за 2 недели, а к'ната неможе никако да се извади. Ако е за проба или некоја кратка промена или ако не сакате да ја менувате долготрајно природната боја на коса тогаш дефинитивно колор шампон, а ако веќе сакаш подолготрајна боја и опоравување на косата тогаш к'на.
Абе дечки јас си направив омбри со степче за сок од боровинка,абе 2 ипол месеци гарант ке ти стои,и тоа здраво ке ти се познава а потоа може да почне да ти се брише и сл. Каков шампон каква кна степче најубаво Јас така нарпавив на 1 септември а ми се избриша пред нова година негде.Повеќе и од фарба може да истрае.
Имам темно кафена коса и сакам да добијам посветла кафена нијанса со колор шампон? Дали треба да земам колор со посветла нијанса од мојава боја или плав колор?
Јас имам темно кафеава коса, ставив црвен колор шампон и добив виолетов сјај, не знам како Дефинитивно не ја менува бојата на косата, само ти дава сјај. Не знам дали колорот ја оштетува косата, ама мене не ми беше убава тогаш, не ми беше мека како претходно. Се изми за некои 4-5 миења. После ставив црвена к'на, ми зајакна косата и добив црвен сјај што се познаваше само на сонце Целосно ми падна за некои 10тина миења, ама секако ми е помека во однос на тоа каква ми беше. Во секој случај, темна коса е тешко да се осветли со к'на или колор шампон, просто невозможно
Јас сестра ми до пред извесно време ја фарбав со црвен колор шампон и предобро и излегуваше бојата која и траеше месец дена.
Ми се појавија бели влакна и тоа посебно на десната страна од главата. Совет, може ли со кна да се прекријат?Имам кафеава, права, кратка коса.
Зошто да не. Јас исто имам кафеава коса и со црвена кна, супер изгледа косата. Белите влакна црвенкасти. а, останатите кафеави.