Да, со години ја користам. Немам негативни ефекти, само позитивни. Кога ќе ставам кна поретко ми се масти, помека е. А за бои не знам , јас купувам од турската кна, што е во зелена кутија. Денес ставив од таа што ја продаваат на Бит пазар со , незапакована па ќе видиме каква е.
Најдобра кна на цел свет е таа на lush, ја прави косата преубава, не содржи хемикалии, еве ви линк од таа што ја користам јас https://www.lush.com.mk/shop/product/product/path/153/id/389/-Caca-Brun , инаку има црна и уште две бои мислам дека портокалова и црвена.
Кажете ми само кога се нанесува, дали треба многу да се внимава, да не се замачка на кожата бидејќи мислам дека тешко се одмива? Школска во средно доаѓаше со црни траги од кна по врат, чело.
Мене секогаш дланките ми се фарбаат во црвено, бидејќи ја ставам без четка. Но, таа боја излегува со неколку миења на рацете, со вода. Додека ако од кната падне на облека, пешкир обавезно остануваат флеки. Дури и влажна коса, измиена од кната ја бришам со посебен пешкир. Тој пешкир ми е само за коса од кна.
Дали некоја од вас се има фарбано со кафена светла к'на? Јас имам темно кафена а сакам да пробам со светло кафена.. Сакам да добијам нешто како лешник.
Нема да ти направи некоја голема промена. Лешник боја може само со фарба да се добие. Јас најчесто не слушам никого па се ставам на косава ама никако да стигнам до таа лешник боја па се откажав. онаа кна на портокалово што влечи ја имаш земено ?
Фала на одговорот Разгледав на страната на Lush и ми фати око Caca Maroon, кафена со темно црвен одблесок....ама страв ми е да експериментирам да не излезе посветло црвена, ризично ми е
Не може да излезе посветла боја, косата се осветлува само преку хемиски реакции. Кната е природна и може да го смени само сјајот на косата а бојата што ќе ја даде е во зависност од тоа каква ти е моменталната боја на косата. Ако ставиш црвена кна на кафена коса ќе добиеш црвен сјај, ако ја ставиш на црвена само дополнително ќе ја збогати бојата, ако ти е светло црвена ќе ја затемни. Придобивките ваљда ги знаеш