Колор шампон

Дискусија во 'Коса' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.733
    Допаѓања:
    6.721
    Јас сакам да се офарбам црвена, ама незнам дали ќе ми стои дека имам светол тен.. И исто незнам дали ќе ми фати, имам светло кафеава коса и имам некои плави праменчиња. Значи, баш ми е светла косата. :)
     
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Братучедка ми се правеше, на темна кафена коса, и и се фати.
    Ама нејзиниот колор шампон беше во тубичка (не паметам која фирма, ама морам да се натерам и јас да отидам до таму да купам, и тогаш ќе ви кажам)
    Многу убава темно црвена коса и се фати, а на шатираните праменчиња, убава ЈАКА црвена, баш жарче. :)

    Она ја правеше на мокра коса, т.е. се изми, ја избриша со крпа малце, го втри шампонот, 45 минути, and there it goes.

    Да напоменам дека прво ја изми косата со обичен шамон. Чисто да знаете.
    :)

    И да, рацете ви стануваат, црвени, ама лесно се брише со влажни марамици.
    Информација, плус нема да штети. :lol:
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Наскоро ќе преминам во црвенокоси ,си ветив уште од зимата :lol:
    Гледам , тренди боја ,сите почнале црвени да се фарбаат ,си реков прво да почекам да помине еуфоријата ,ама кожа не ме трае...
    Еднаш ставив црвен колор шампон од Палете и многу ми се допадна нијансата, ама дека ја ставив на плава основа по неколку миења излегов розова :lol:
    Сега пак ќе ставам од него,па да видиме што ќе биде :lol:
     
  4. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Јас намислив да ставам колор шампон - портокалов, ако постои таков :!: Сега ме интересира дали ќе ми испадне барем малку портокалова оти имам темно кафена коса и кој би ми го препорачале :)
     
  5. Chaneli

    Chaneli Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Имав користено плав колор шампон, но не ми ја осветли косата како што посакував, инаку имам светло кафеава коса не знам зошто само малите „бебешки“ влакненца :D кај кркмите ми се направија многу светли, и покрај тоа што го држев на косата 1 час.
    Инаку сакав да пробам да ставам две пакетчиња но се откажав.
    На некои им има фатено, јас само изгубив нерви додека чекав... :@
     
  6. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Ставив тегет - модро црно на половина од косата, поточно од позади, но не испадна ни тегет, ни црна, туку нешто како темно зелена/тиркиз. Има некаде темно сини праменчиња, но далеку е од тегет. Од далеку не се ни приметува, а и косата (тој внатрешниот дел) ми е потемен и сега е темен, така да треба да се доближиш за да приметиш дека е офарбан, но на сонце повеќе се гледа. Туку тоа што не испадна, не испадна, но бидејќи ставив само половина колор шампон, сега по неколку миења, ќе ја ставам и другата половина.
    Во лошите страни има и една добра. Добро изгледа кога ми е косата во плетенка. Шаренка. :)
     
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    40.109
    Пол:
    Женски
    Користев колор шампон неколку пати додека бев шатирана. Секогаш ми испаѓаше како што треба, но јас ставав необични бои, љиљакова, розева. И кога требаше да ставам црвена ми испадна портокалова, морков боја.....Колку ми беше само срам таква да се шетам :$
     
  8. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Chaneli каква марка беше колор шампонот?
     
  9. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    можеби сум оф топик , ама да не знаете во битола кај има ваков шампон ?
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Значи кретенка... не ми е јасно кога ставаат вакви продавачки, како очекуваат некој да им купува од таму. Јед да имаат преубави производиама кога ќе ја видам... ми беше школска, во основно одвај вадеше 2ки. Тргнав вчера да си купам колор шампон, ама многу брзав, а другата парфимерија беше затворена. Влегов кај неа и ја прашав за колор шампон, ми вика немаме, имаме само од (и ми кажа некоја фирма, не ја ни слушнав) и реков дека не ми е важна фирмата и ми вади едни шампони од литро ипол можеби и ми вика: "А за што ти треба" и ја гледам и си мислам: "За фарбање будало" и и реков: "Ама ми треба колор шампон" и си излегов. Пото отидов до маркетот да купам нешто за дома и ја среќавам на улица, само што затворила парфимеријата и ми рече дека такво нешто тука нема да најдам, со тон како да сака да каже: "Отиде во Скопје и стана шмизла". Таа на мене ќе ми се прави паметна... како на мене прв пат да ми е да користам колор шампон.
    Инаку, денес ќе си купам од другата парфимерија... таму имаше минатото лето...
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Сакав да прашам ...

    Имам светла боја на коса ... Сакав да ставам да пробам колор шампон ама црвен знам ќе фати , ама што после ? ! Дали зошто веќе е фарбана ќе излезе брзо да не заглавам со црвената :?: да не се вади никако...

    Сте пробале ?
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    имам темно кафена боја на коса се мислам да ја променам бојата на коса па сакам да ве прашам дали има колор шампон црна боја со тегетен сјај или чоколадно, костенлива боја колку да и дадам некаков сјај на косата
     
  13. Mashnichka

    Mashnichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    26
    колор шампонот не ја оштетува косата така бар имам слушнато една другарка имаше скоро плава коса природно ама после кога ја направи со колор црвена одвај си ја поврати природната боја и сега како да не и е доста се исфарба со црна колор :D епа сега уште потешко би си ја повратила,инаку јас пробав со црвен колор но бидејќи имам костенлива боја на коса т.с може и малку потемна од тоа не ми успеа а навистина сакам црвена боја на коса :tmi:
     
  14. Freak.of.nature

    Freak.of.nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30

    Другарка ми има светла боја на коса исто,и еднаш стави виолетов колор шампон.После тоа,Бојата на коса и стана потемна,и никако не и се враќаше старата боја,па сеа пред некое време повторно стави ама плава боја и сеа и е нешто посветла косата.
    Инаку јас иам ставано црн колор шампон,ама не ми фати многу оваа боја.
     
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Фала што ми кажа значи да не си испробувам да не си заглавам со црвената ... :D . Ми беше мерак ама ај не мора ... Можеби некогаш ...
     
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Задоволна од резултатот.

    Одлична боја ми излезе, со оглед на тоа дека имам темно кафеава боја на коса а и е прв пат.
    На сонце се прелива во многу црвена, а на дневна светлина е убава нијанса на бордо.




    Не можам со телефонов да ја доловам баш вистинската боја, повеќе како кафеаво изгледа, ама ќе ставам слики, колку толку се приметува.


    А инаку се правев со ова


    Немало RED па ми земале DEER RED, а верувам дека подобро би било со црвен само.
    Има време и за тоа. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    за 2 недели најмногу ќе излезе ;)
    јас си ставив црн колор на мојата приподно светло кафеава коса и после 2 недели излезе, како никогаш да не сум го ставила :)
     
  18. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    4.222
    Пол:
    Женски
    Јас користев многу често колор шампони и можам да кажам дека воопшто не и смета на мојата коса.. дур како да живнува а не да ја оштетува... бидејќи јас имам темно кафена а ставав црн колор ми остануваа и црни прамени но со тек на време излегува се... :D
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.564
    Допаѓања:
    23.557
    Пол:
    Женски
    Имам светко кафеава коса, со детско плави бебешки влакна. Сакам да ставам колор шампон за да ја осветлам косата, да ми биде како бебешките што ми се, таа боја отприлика. Ама ми кажаа дека посветла боја нема да фати, туку само сјај ќе имам. Вистина е?
     
  20. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Нема врска,бојата лесно се измива и не ја променува природната боја на твојата коса откако ќе се измие целосно.
    Јас ставив пред околу две недели,исто црвен,убаво ми фати и целосно падна после 6-7 миења,а косата ми е речиси бела од фарбање.
    Со среќа,Вендичке ;) и извести не за фризурата :*