Колор шампон

Дискусија во 'Коса' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Имам темно кафеава коса и планирам со црвен колор шампон да се направам. Кој колор шампон е најубав и после неколку миења нема да ми се направи косата портокалова?
    Една другарка беше направена со црвен колор шампон и после 2 миења косата и‘ доби портокалова нијанса.. Така не сакам.. :shake:
     
  2. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Јас исто имам кафеава коса и се исфарбав со црн колор шампон.Бидејќи ми е подолга ми рече продавачката да земам 2. И зедов се изфарбав и убаво ми фати само шо по 2то миење веќе почна да паѓа значи само 5 дена имав црна коса, а на пакувањето пишува дека во зависност од тоа колку време ја чуваш бојата трае и до 8мото миење. Значи сакам да кажам врска нема. можи 100 ден не се којзнае колкави пари ама не вреди. Ако сакаш да пробаш која боја ти одговара еве отвори го овој линк http://www.taaz.com/makeover/virtual-makeover.html , ќе си ставиш своја слика и ќе си пробаш каква боја на коса ти одговара. Инаку јас моментално сум црвена фарбана, ми дојде нешто како цреша боја баш како што сакав. Супер ми испадна.
     
  3. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23

    Јас користев од тие Мелба мислам дека се викаат-60 ден се, еве сеа 2 миење и не ми паднала уште а земав нијанса на костен и ми мава малце на црвеникаво али фино изгледа е сега сакав да прашам од кога ќе ми падне бојата сакам пак нешто да екпериментирам. Кој колор шампон е убедливо најдобар - не ми е битна цената, само сакам да изгледа фино! :) И што мислиш ако сега пак се префарбам со друга нијанса-слична на оваа, дали ќе бидам ко идиот во главата? :D пошо нејкам да ми е таква ко избледена..
     
  4. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    Девојки каде да најдам еб*н колор шампон во Скопјево?! Бев во Космо во ГТЦ и во Космо кај улица Македонија, ми покажаа само 1 вид и тоа не се вадело толку добро-нешто послабо од фарба било, и ми кажаа дека уопште не добивале колор шампони други. Исто и во Јуник и Шатци и сите аптеки што се околу ул Мак. и гтц. Умрев денес и се изнервирав! Не знам каде да барам, ко да живеам негде у некое село па да не се најде! Ве молам помош!
     
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Ако ставиш нијанса која е блиска до сегашната ,не би требало да имаш несакани ефекти ,а за изглед на идиот ти треба многу повеќе од за*бана боја на косата :D
    Е сега ако планираш нешто посветла подобро почекај да се измие целосно , за потемна нема врска.
     
  6. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Јас се мислам да ставам колор шампон - портокалов (светло кафеав) ни јас нз како да ја објаснам бојата :rofl: , ако постои таков ?
    Имам темно кафена коса мислете дека би излегла некоја добра нијанса,и кој колор ш. би ми го препорачале

    Сакам некоја нијанса како што на девојчево на сликава и е горе на корените има таков колор ш. ?
     

    Прикачени фајлови:

  8. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Скоро во секоја парфимерија има :)
     
  9. Evellyn

    Evellyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    137
    Кенди,јас кога ставав светло кафен колор шампон фризерката ми рече дека колор шампонот неможе да ја осветли косата,може само да ја направи некоја нијанса потемна,и стварно немаше никаква разлика.потоа купив од космо тинекс темно кафен,и ми фати убаво,после третото миење почна да паѓа.мојата коса беше и фарбана,може затоа не фатила посветлата кафена.сепак,не губиш ништо ако пробаш,и така за неколку миења ќе падне
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    ^ јас никогаш ја немам фарбано косата природната боја ми е на косата, не сум експиреминтирала затоа ме интересираше дали ќе успеам барем малку да ја осветлам.
     
  11. Evellyn

    Evellyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    137
    Може ќе ти се осветли,не сум компетентна да кажам за нефарбана коса :)
    јас овој го користев,како што кажав од космо го купив. а гледам тука во Струмица се продава и во кесички во синоличка,доста е поевтин од тој во космо
     

    Прикачени фајлови:

    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. cvekje13

    cvekje13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    34
    дали некој пробал да ја офарба косата со кна и може ли да ми објасни како? и дали колор шампонот (црвен) се фаќа на костенливо кафеава коса?
     
  13. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Црвен колор ќе ти даде повеќе црвенкаст сјај отколку боја , најверојатно повеќе ќе ти се познава на кожата на темето отколку на влакното.Од искуство.
    А за кната имам слушано дека се раствара во изладен чај , се нанесува исто како фарба и се чека додека да се здрви , да се чкоркоса :) .
     
  14. toxiccandy

    toxiccandy Активен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Ме интересира како се нанесува колор шампонот и од која фирма е најубав ?! сакам црвена коса :inlove: :angel:
     
  15. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Сега ќе ставам колор шамтон ама прво даја измија со шампон или само влажна да е ?
     
  16. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Прво измија со шампон па после стави го колор шампонот.
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vanessa.k

    vanessa.k Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    15
    едно време бев луда по колор шампонот бидејќи помалку ја оштетува косата од фарба.А бев многу луда и сакав да ја бојам косата во различни бои :$ среќа ми помина :)
     
  18. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да дознаам повеќе за благодетите на к'ната. Јас имам црвена коса, едно време бев во дилема за да ја пробам к'ната и таман се решив, се живо и диво пребарав никаде не најдов. Само црна и кафена беа во продажба. Дали може некој да сподели искуство со к'ната? :)

    И да не бидам оф топик, јас не користам колор шампон туку сестра ми. Не знам од кои причини ама ги повлекоа од продажба колор шампоните на палете, а тие реално беа едни од поквалитетните. Дали може да ми кажете кои колор шампони се квалитетни и која е цената за да ја израдувам сестра ми :)
     
  19. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Имам кафена коса, никогаш ја немам фарбано. Летото имав црвена, со колор шампон, и бојата излезе баш како што сакав :)
    Дали знае некој каде може да се најде ваква боја колор шампон?
    [​IMG]
     
  20. alekcoki

    alekcoki Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    31
    Косата ми е фарбана плава и шатирана , ме интересира ако ставам темен колор шампон ке ми ја затемни или џабе ке ми биде да пробиувам :?: :?: