Женски сакам на црвенава коса да ја правам пола црвено пола црно (по хоризонтала како кога ја делиш на два дела за плетенки) но црната саакам да биде прелив. Дали некој има пробано црн прелив на црвена коса ?
Имам кафена коса,ни темна и светла,средно,но сега сакам да ја осветлам.... ако ставам гарниер или палете колор и шајн ќе треба пак да се фарбам? a jас сакам да испрбам само и потоа да ми се врати мојата боја
А може да се деси да ми се исфрли главата од колор шампонот ? Иначе на колку години првпат користевте ?
Си користам...За разлика од фарбите мислам дека не ја оштетува косата. Јас имам здрава коса која што не ја горам со пегли бидејќи и онака ми е ептен права. А што се однесува до колор шампонот, можда ја оштетува ама јас кај мене не сум приметила некои негативни резултати. Задоволна сум.
зенски сакав да ве прасам нема фарбано никогас коса и сега дали коло сампонот ке ми ја остети косата многу и на светло кафеава да ја осветлам и сто мислите ке се осветли однапред? фала за одговорите.
колор шампонот нема да ти ја оштети косата дури и по три до четири миења бојата паѓа што значи ако не ти се допаѓа новата боја на коса ништо страшно , за тоа дали ќе можеш да ти ја осветли косата донекаде зависи и од квалитетот на шампонот ,но и од твојата боја на коса,можеби ќе добиеш нијанса посветла од твојата боја на коса
Искрено јас не сум задоволна со колор шампонот. Го имам користено 2 пати и ниту еднаш не ми ја бојадиса косата. Ниту малку не се познаваше..
Имам слушнено дека кога имаш добиено меструација,и пред меструација не треба да се фарбаш зошто бојата нема да ти фати...дали важи истото за колор шампон?
Од септември што имав црвен колор шампон користено, уште имам црвеникави прамења и не не ми паѓа бојата, ама убави ми се Него сакам пак сега да експериментирам нешто и ми треба мала помош, што боја е отприлика оваа боја на коса и дали има можност ваков колор шампон да најдам?
Dali mozhe da mi kazhete vo koj market ili kade da go kupam color shamponot,bidejki porano imashe vo veroto vo taftalidze,sega nema
ставив еднаш и никогаш повеќе... ставив 3, и воопшто косата не ми испадна црна, се затемни малку, па и делуваше и како виолетова на светлина...
Имам светла кафеава коса, со плави праменчиња, и сакам да се направам плава сега. Мислите ќе ми фати, да не трошам пари за џабе? И ако веќе да, кој колор шампон е поквалитетен, ако не да земам и два-три, да не купувам само еден па да не ми фати.
Која е разликата меѓу прелив и колор шампон? Можда е малце глупаво прашањево, ама денес првпат се "фарбав" со колор шампон, и бидејќи сама го нанесував, а сум така прилично несмасна, не ми фати баш нај нај. Имам кафеава коса и сакав нешто потемно, chestnut или chocolate brown. Е сега горе на коренот сум темна, а на врвовите посветла ама ајде, следното миење ќе земам уште едно паковање и ќе ја замолам мајка ми да ми помогне, што е сигурно сигурно е. И да, јас во Охрид не најдов ни една друга марка освен тие од 60 денари што се, Мерион или како и да се. Ако има некој информација каде да најдам од Палете нека сподели.